3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
МакедонијаИлиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралиштаВо општина Брвеница се реализирани над 100 проекти.Во овој мандат успеавме да ја направиме општина Брвеница најтранспарентна општина во Полошкиот регион и меѓу најдобрите во државата. Во овој период успеавме да ги реновираме скоро сите училишта во општината. Водоводната мрежа ја зголемивме за над 6000 метри, канализационата мрежа за 9000 метри со сопствени средства и со помош на Јавното претпријатие. Во Брвеница е во функција нов бунар за вода, што го решивме проблемот за Брвеница и Седларце со водоснабдувањето. Поставена е нова урбана опрема во сите населени места, нови терени со вештачка трева, детски игралишта и автобуски постојки. Во делот на патната инфраструктура до крајот на мандатот ќе бидеме меѓу ретките општини што во целост ќе ја комплетираат патната инфраструктура. Ги помагаме спортските клубови во општината. Во тек се уште неколку проекти, за кратко време ќе започнеме со изградба на спортска сала во вредност од 800.000 евра и детска градинка, со што ќе се реши проблемот за сместување на децата во детските градинки. Јовица Илиевски, градоначалник на општина БрвеницаТагови: Јовица Илиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветГренланд ќе ја промени временската зонаКако што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето. Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето. Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија. Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа. Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа. Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители. Извор: Индекс.хрТагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕпидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртвиДемократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај. Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход. За овој сој не постои одобрена вакцина или третман Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“. Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда. Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20