„Или-Или“ го објави италијанскиот роман „Каналот Мусолини“ - Канал 5

„Или-Или“ го објави италијанскиот роман „Каналот Мусолини“

Издавачката куќа „Или-Или“ денеска го објави романот „Каналот Мусолини“ на италијанскиот писател Антонио Пенаки. Романот ја опишува најмасовната принудна внатрешна миграција во историјата на Италија која следувала по бонификацијата на Понтинските Мочуришта на југот од Рим, во 1930-тите години.

„Или-Или“ го објави италијанскиот роман „Каналот Мусолини“
- Се работи за приказна во периодот помеѓу двете светски војни и зачетокот и доаѓањето на власт на фашизмот, како и на причините кои стојат зад процесот на бонификација и градењето на градовите во фашистичката ера. Романот е добитник на книжевната награда „Стрега“ во 2010 година, како и на книжевните награди „Акви Сторија“ и „Асти д’Апело“. Излегувањето на книгата е дел од проектот Креативна Европа на ЕУ. Преводот од италијански јазик е на Ирина Талевска, соопшти Или-Или.

По повод новото издание, читателите во првите два дена книгата ќе може да ја купат во книжарницата Или-Или по промотивна цена.

Авторот Антонио Пенаки (Латина, 1950) е син на колонисти кои се населиле во Агро Понтино за време на бонификацијата спроведена од Бенито Мусолини. Бил активен во Италијанската социјалистичка партија, како и во италијанските синдикати, во кои членувал како повеќедецениски фабрички работник. Во 1994 година, на 44 години, дипломирал книжевност и филозофија, а таа година ја објавил својата прва книга „Мамут“. Меѓу поважните негови дела е „Фашикомунист“, кое во 2003 ја добива наградата „Неапол“, а во 2010 година го објавува романот „Каналот Мусолини“, добитник на книжевната награда „Стрега“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер