ИЈЗ: Намален бројот на новозаразени од Ковид-19 на неделно ниво, најмногу новозаболени на возраст од 40 до 49 години

Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули, во кој се евидентира намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а зголемување на бројот на починати лица во однос на претходната недела.

Во дадениот период направени се 8.161 тестирања (1.834 помалку од периодот од 6 до 12 јули, што се должи и на еден дополнителен неработен ден) и регистрирани се 1.038 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 35 случаи помалку од претходната недела, соопшти Министерството за здравство.

Новозаболени се регистрирани во 26 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (39,9 отсто) и во Штип (14,4 отсто). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели, при што најголем процент се лица на возраст од 40 до 49 години (21,1 отсто), потоа лица над 60 години (20,6 отсто), поголем број новозаболени се регистрира кај лица од 30 до 39 (20,4 отсто) и кај лица од 50 до 59 години (19,7 отсто). Најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,2 отсто и од 10 до 19 години – 3,5 отсто од вкупниот број новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 88 лица или 9,5 отсто од новозаболените, што претставува намалување за два отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 275 лица или кај 29,5 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,6 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 12 лица (10 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 13 до 19 јули регистрирани се 545 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 472 лица помалку од претходната недела на известување (6 – 12 јули). Пред ова намалување од 40 отсто на неделниот број на оздравени лица, три недели бројот на оздравени лица бележеше раст за околу 40 отсто на неделно ниво.

Во периодот од 13 до 19 јули, регистрирани се 44 смртни случаи, што е за осум повеќе од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (81,8 отсто). Четириесет и еден од случаите се починати во болнички услови, а три вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.

На 19 јули, според извештаите од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, ГОБ „8 Септември", Болницата во Козле, клиничките болници во Битола и Штип, општите болници во Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар, хоспитализирани се 392 лица позитивни на Ковид-19, од кои 102 се на кислородна поддршка, а пет на механичка вентилација, стои во извештајот на ИЈЗ.

ЈО: Притворот за Палевски почнува веднаш по неговото испорачување од Турција

Јавното обвинителство тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.

Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, соопштуваат од Обвинителството.

МОН: Се реконструира студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу во Скопје

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, започнаа да се реализираат на терен. 

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје предвидени во договорот кој на почетокот на годината МОН го потпиша со австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, започнаа да се реализираат на терен. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди.

Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. Наскоро ќе започне и реконструкцијата на „Стив Наумов“ во Скопје, а потоа, во следните две фази ќе се реконструираат уште 7 други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Предвидена е промена на водоводната инсталација отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, а ќе се опремуваат и соби за студенти со посебни потреби.

Проектот се реализира со заем од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Министерство за образование и наука

Турското ГП би можело да се врати во календарот на Формула 1 за две години

Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој изјави дека земјата повторно може да биде домаќин на трка во Формула 1. Според него, тоа ќе се случи во 2026 година.

Последен пат турско Гран при се одржа како дел од Светскиот шампионат во кружни трки во сезоната 2021 година.

- Тендерот за управување на патеката Формула 1 во Истанбул се одржа на почетокот на април и беше успешно завршен. Сега преминавме на втората фаза. Претходниот закупец мора да го ослободи просторот и да го предаде на победникот. По ова, процесот на склучување договор за одржување на Гран при во Истанбул од 2026 година ќе продолжи брзо, изјави Ерсој за „Milliyet“.

Се истакнува дека тендерот за изнајмување и контрола на објектот „Истанбул Парк“, во кој е вклучена и тркачката патека, се одржал на 2 април. Го освои Кан Билим Егитим Курумлар А.С., чиј партнер е шефот на управниот одбор на турскиот огранок на Пирели, Лале Џандер.

Првата етапа во Турција во рамките на Формула 1 се одржа во 2005 година. Во 2021 година се одржа од 8 до 10 октомври. Победи Валтери Ботас со Мерцедес, Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, а Серхио Перез трет. /МИА

притисни ентер