Шоу биз„Игра на тронови“ на Дубровник му донесе вртоглави 126 милиони евраЕкономскиот институт во Загреб објави истражување според кое снимањето на ултрапопуларната серија „Игра на тронови“ во хрватскиот приморски град Дубровник ја зголемило туристичката потрошувачка за 126 милиони евра и донело 1,5 милиони ноќевања повеќе.Во бројки, тоа изгледа вака: Дубровничко-неретванската жупанија од 2012 до 2015 година ја посетиле во просек секоја година 60.000 туристи повеќе. Вкупно во тие години жупанијата поради снимањето на „Игра на тронови“ ја посетиле 244.415 туристи повеќе кои оствариле речиси 1.5 милиони ноќевања повеќе (попрецизно 1.441.395) Гостите кои ја посетиле жупанијата мотивирани од фактот што таму е снимана серијата потрошиле вкупно 126 милиони евра во тој период. Истражувањето е објавено во Journal of Tourism Reserch, под наслов „Учинокот на филмската индустрија на туризмот: Игра на тронови во Дубровник“. „Игра на тронови“ во Дубровник почна да се снима во 2011 година во втората сезона. Дубровник е избран како локација за измислениот главен град на седумте кралства, King´s Landing. Богатата и очувана дубровничка културна архитектура одлично се вклопи во средновековниот контекст на серијата поради што снимките на тврдината на Дубровник, Локрум и Ловренец често се појавуваат во серијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во ДебарМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар. – По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид – посочуваат од МВР. Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад. Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот. Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Меч за аналите: 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минутаНајлудиот натпревар во годината – 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минута .Ролеркостер од емоции и возбудување во Солна , Шведска.Спектакуларен натпревар со 11 постигнати голови одиграа АИК и Бромапојкарна во 23-тото коло од шведското првенство, мечот заврши со победа на гостите од 6:5. Највозбудливиот момент на мечот кој без сомнение е најдраматичниот оваа година се случи во деветтата минута од судиското надополнување, кога фудбалерите на Бромапојкарна го постигнаа победничкиот гол. Би било преблаго да се каже дека коментаторот на натпреварот, како и гостинските фудбалери, се разбира, паднаа во делириум. Не се знае што беше поневеројатно во овој крајно луд натпревар: фактот што сите голови беа постигнати во второто полувреме или тоа што гостите водеа со 5:1, ја испуштија предноста, а потоа го постигнаа победничкиот гол длабоко во судиското надополнување. А можеби врвот на лудилото беа последните две минути од судиското надополнување – АИК постигна гол за 5:5 во 90+8. минута, а Бромапојкарна дојде до победа во 90+9. минута! Па така, ако навивачите на двата клуба го гледале натпреварот на телевизија и се откажале од следење на второто полувреме по првиот дел без голови – зажалиле. BP GÖR 6–5 I MATCHMINUT 90+9 I EN FULLSTÄNDIGT GALEN TILLSTÄLLNING! 🤯 Se alla höjdpunkter, mål och klipp från Allsvenskan på Fotbollskanalen: https://t.co/XOMMyfRNTY https://t.co/LsdqclZ432 — Fotbollskanalen (@fotbollskanal) October 10, 2026 Следеше вистински фудбалски спектакл. АИК, по резултатот 1:5 што стоеше на семафорот во 73. минута, се опушти, уверен во лесен триумф, и му дозволи на ривалот да се разбуди, да возврати и да се врати во натпреварот. Играчите на АИК редеа гол по гол, навивачите се „запалија“, а трибините „експлодираа“ во моментот кога на семафорот стоеше – 5:5. А потоа – шок, вистинска шлаканица. Буквално во следната акција по израмнувањето, гостинскиот играч Хансен ја стивна еуфоријата на трибините и ја разгоре радоста на својот тим – погоди за 6:5 и стави крај на најлудиот натпревар одигран оваа година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востаниеНа 11 Октомври 1941 година, македонските востаници му се придружија на антифашистичкиот демократски фронт, решени да го продолжат патот на илинденците до конечната победа и слобода, формирајќи македонска држава. На 11 Октомври 1941 година, македонските синови и ќерки тргнаа во решителен бој против фашистичките окупатори, бранејќи ја татковината. Во време кога фашистичките сили маршираа низ европските држави, македонскиот мирољубив народ не беше тивок набљудувач на злото, туку патриотски ја прифати обврската за ослободување. Идеја водилка на востанието како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ. 11 Октомври не е само важен историски датум. Тој е незаборавна и небришлива меморија и вечен завет за чување и развој на татковината. Заветот пак, не значи евоцирање спомени, имиња и настани, туку водење државен и општествен живот, достоен на нивната жртва. Прилепските и кумановските востаници, но и сите други, не ни оставија само славна страница од минатото, туку аманет дека слободата се добива со храброст, дека правдината бара стаменост и пожртвуваност, дека држава се гради со труд, чест и одговорност. Нивниот херојски подвиг нè задолжува да бидеме не само нивни благодарни потомци, туку и достојни чувари и бранители на нивното непроценливо дело. Се разбира, денешново време наметнува други приоритети, но секогаш остануваат човековата жед за правда, достоинство и слободен живот како насушна потреба. Современиот бурен, сложен и конфликтен историски миг, од нас бара сплотеност, зрелост и мудрост, како неопходни доблести во справувањето со новите предизвици и проблеми со коишто сме соочени не само ние, туку и Европската Унија, Европа и светот. Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом, во кој различностите не се повод за делби, туку причина за учење едни од други, за разбирање едни други, за градење свест за заедничко добро. Мора да градиме правна и демократска држава, но и граѓанско општесто во кое законите ќе важат за сите, институциите ќе им служат на сите, а сечие човеково достоинство ќе биде неприкосновена вредност. Секое поколение има свој испит пред историјата. Нашиот испит не е да раскажуваме, а уште помалку да ги повторуваме битките на претходниците, туку, да ги оживотвориме нивните подвизи: со знаење, наместо со незнаење; со право, етика и морал, наместо со самоволие; со единство, наместо со раздор; со заслуги, наместо со политички, партиски и статусни привилегии. На крајот, на востаниците и на партизаните им должиме заслужена почит што се избориле и ни оставиле држава! Ние пак, имаме политичка, економска и граѓанска обврска да градиме демократска, правна и просперитетна европска држава. Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! д-р Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter