Култура„Идентитети" на Расима Расимкин и „Скопје танцов театар" вечер на „Охридско лето"Четиринаесеттиот ден на програмата на „Охридско лето" е резервиран за „Скопје танц театар" и перформансот „Идентитети – историја на еден растегнат сон" на сцената на Предворјето на „Света Софија" од 21 часот, по повод 30-годишнината од кореографското творештво на Рисима Рисимкин. Танцови солисти на вечерта посветена на Расимкин ќе бидат Андријана Данчевска во улогата на фатална жена, Мими Поп-Алексова како божица, Анастасија Данчевска – лебед, Дејан Битровски – мистик, Валентино Апостоловски како човекот, антихеројот Бобан Русески и Исидора Краљевска како „Bombshell". Со претставата „Идентитети", која беше изведена на 15-тиот „Танц фест" во 2019 година, Рисимкин е поканета да гостува во еден од најпрестижните светски театари за современ танц, Националниот театар „Шајо" во Париз, што е прво гостување на современ кореограф од нашата земја, но и од целиот регион. Рисима Рисимкин е еднa од водечките македонски кореографки и уметничка директорка на „Танц фест" Скопје и „Скопје танцовиот театар", првата официјална компанија за современ танц во земјата. Таа е основач на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, што произлегува од нејзината соработка со една од најдобрите светски академии за современ танц – Ротердамската академија за современ танц, дел од универзитетот КОДАРТС во Холандија. Оваа високообразовна програма започнува со работа во земјава во 2010 година, а од 2017 година е во рамките на УГД, како единствена академија за создавање современи танчари, не само во нашата земја туку и во целиот регион. Како професор за современ танц, импровизација и композиција и кореографија, Рисимкин предава на Универзитетот „Антон Брукнер" од Линц, Австрија (2019), Универзитетот „Минзу" и Пекингшката академија за современ танц во Пекинг, Кина. Академијата за изведувачки уметности во Братислава, „Holland Dance Festival", Хаг, Холандија (2018) и на Бродвеј, Њујорк (2018), предава на Летениот камп за современ танц во Кина во 2015 и во 2016 година. Рисимкин е автор на повеќе трудови за современиот танц и теорија на танцот: „Компаративна поетика на современите танцови стилови во Европа – 20 век" , докторски труд „Историја на современиот танц – 20 век", „Теорија на танцот". Таа е уредник на повеќе книги за танц, како: „Волшебниот свет на танцот", „На крилјата на танцот", „Патот на промените", „Скопје танцова академија", „Нов танцов театар" а преку Интерарт центарот, се јавува како издавач на книгата поддржана од УНЕСКО „Уметноста на танцот". Во периодот од 2005 до 2013 година, Рисимкин е член на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО (Интернационален совет за танц, под покровителство на УНЕСКО) во Париз, Франција, во два последователни мандата. Во сезоната 2012-2013 е уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција. Основач е на Интерарткултурниот центар (1996) преку чии активности ја развива македонската современа танцова сцена. Се вбројуваме меѓу најплодните современи македонски кореографи, како авангарден претставник во современото творење. Ја претставува активно Македонија на меѓународната современа танцова сцена со свои претстави, за кои добива одлични критики. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и Награда за исклучителен придонес за развој на културата во Република Македонија. Рисима Рисимкин се претставува како кореограф во Данска, Германија, Грција, Португалија, Нигерија, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Велика Британија, Холандија, Кина, Словенија и САД. „Скопје танцов театар" е основан во 2011 ггодина како прва компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин, како основач и уметнички директор. Компанијата во континуитет активно работи на создавање, промоција и презентација на современа танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на светската танцова сцена. Работата на театарот промовира нова естетика и се занимава со истражување и продукција во областа на современиот танц. „Скопје танцов театар" има повеќе целовечерни продукции, како „Меѓусвет", „Орландо", „Човек во ходникот", „ХОТ", „Потрага", серијата претстави под име: „ИМПУЛС", потоа „О!(тело), „СМС (сите мои слики), „Блесок"; „Патот", „Кожа", „Нулта точка", „Д.О.Л.", „Егзистирање"… На неговиот репертоар, покрај делата на Рисимкин, се изведуваат короеграфии на Џенис Бренар и Шон Скантелбјури, Џоан ван дер Маст, Нил Вердрун и Тим Персент, Катцура Кан, Антон Рудаков, Антонело Тудиско…Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter