„И покрај се" е овогодинешното мото на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки" - Канал 5

„И покрај се" е овогодинешното мото на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки"

 „И покрај се" е овогодинешното мото на 42. Издание на Фестивалот „Браќа Манаки" кој има за цел популаризирање на македонската филмска култура и културно наследство во светот.

„И покрај се" е овогодинешното мото на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки"

Како што истакна новиот директор на Фестивалот, Симеон Мони Јаневски поради состојбата со пандемијата фестивалот претрпел доста измени.

-Овие околности влијаеа на два фактори, прво мораше да биде хибриден, големите настани решивме да ги направиме на отворено, програмата беше скратена поради кратењето на буџетот, воедно имаме и скратен бројот на денови во кои ќе се одржува фестивалот, изјави Јаневски.

Јаневски потенцира дека македонската кинематографија се наоѓа во златна доба во која се нижеле успешни филмски проекти.

-По мое мислење се наоѓа во една златна доба, бидејќи никогаш во историјата на нашата кинематографија не сме имале толку успешни филмски проекти еден по друг во последните четири до пет години, речиси да нема година кога наш филм не игра на светски познатиот и реномиран фестивал „Санденс" имаме филмови кои се номинирани за Оскар, појасни директорот.

Тимот кој што го органзизира фестивалот смета дека ова е причина поради која треба, односно мора да се одржи фестивалот.

Информираат дека во официјалната конкуренција ќе има 10 долгометражни филмови и 10 краткометражни.

Според Игор Иванов, претседател на ДФРМ, разноликоста во државава е всушност тоа со кое треба да се гордееме.

-Нашето најголемо богатство е таа разноликост на култури и етникуми кои ги имаме, а по мое видување и во доменот на уметноста онаа што предничие секако ромската, вели тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доли Партон постхумно доби три номинации за Греми наградите

Американската кантри пејачка Доли Партон доби три постхумни номинации за наградата Греми, речиси три месеци по нејзината смрт на 80-годишна возраст, објави Американската академија за музичка уметност и наука.

Доли Партон постхумно доби три номинации за Греми наградите

Партон беше номинирана двапати во категоријата за најдобар кантри дуо или групна изведба, за нејзината соработка со бендот Зак Браун на песната „Butterfly“, како и за песната „Light of a Clear Blue Morning“, која ја изведува со Лејни Вилсон, Мајли Сајрус, Квин Латифа и Роб Мекентајр, објавува Entertainment Weekly.

Таа доби трета номинација во категоријата за најдобра аудио публикација, нарација и раскажување приказни, за нејзината автобиографска книга „Star of the Show: My Life on Stage“ од 2025 година.

Актерот Тим ​​Кари беше исто така постхумно номиниран во истата категорија за неговите мемоари „Vagabond“.

Партон и Кари починаа на 25 август, на 80-годишна возраст.

Доли Партон освои десет Греми награди во текот на својата кариера, како и награда за животно дело во 2011 година.

Меѓу нејзините најпознати наградувани песни се „9 to 5“ и „Jolene“, кои ги изведе со групата Pentatonix во 2017 година.

Нејзината номинација за заедничка песна со нејзината кума Мајли Сајрус е особено значајна, со оглед на нивната блиска врска.

Сајрус во октомври, за време на настапот на Холивуд Боул, изјави дека тие двајца имаат „вечна врска“ и дека ништо не може да ги раздели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид

30 дневен притвор доби Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид.

Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид

Од обвинителството информираат дека барањето за притвор следувало по проширувањето на обвинението од едно на три кривични дела.

Обвинението опфаќа телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.одлуката е донесена врз основа на дополнителни докази собрани во истрагата. Обвинителството оценило дека постои опасност обвинетиот да го повтори насилството.нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Според МВР, расправијата започнала во домот, а продолжила во автомобилот, каде жената била физички нападната.таа изгубила свест и била пренесена во болницата во охрид, а потоа во „Свети Еразмо“. Корабоски бил лишен од слобода во 5 и 05 часот. Претходно му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до оштетената. Адвокатот владимир туфегџиќ вели дека самиот факт што доаѓа до драстична промена на мерката остава сомнеж. Вели дека малите локални средини создаваат големна локална моќ, затоа според него републичкото јавно ообвинителство треба да го преиспита случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)

Министерството за одбрана објави дека авион МиГ-29 на српската армија, дел од 204-та воздухопловна бригада, се урна утрово околу 8:45 часот во близина на Стара Пазова, при што загина пилотот, мајор Горан Булајиќ.

Пилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)

Според соопштението на Министерството, воената полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата, а за трагичниот настан бил известен и надлежниот обвинител.

За да се утврдат сите факти, формирани се две комисии - комисијата за истражување на вонредниот настан, чија задача е да ги утврди околностите на несреќата и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертската комисија на воздухопловните сили, која ќе ги испита техничките причини за авионската несреќа.

Пилотот кој загина, мајор Горан Булајиќ, е роден на 25 март 1973 година во Белград и бил во професионална служба во српската армија од 1996 година. Зад себе оставил две деца.

По повод оваа трагедија, министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и командант на воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана, генерал-потполковник Тиосав Јанковиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот. Генерал-потполковник Јанковиќ по несреќата отиде на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер