3Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
Култура„Хотел Југославија" - патување низ времето и просторот на познатиот хотелВо Кинотеката на Македонија, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино од утре ќе се прикажува филмот „Хотел Југославија“ во режија на Никола Вањиер.Изграден во Белград во 1969 година, хотел „Југославија“ беше митско место. Тој беше најголемиот хотел на Балканот, и симбол и сведок на разни моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: од Тито до Милошевиќ; од социјализам во национализам; од бомбашките напади на НАТО до корумпиран економски либерализам. Југославија повеќе не постои, но хотелот сé уште го прогонува белградскиот пејзаж, како одраз на српското општество во потрага по нови пресвртници. Со разгледување на различните простори и епохи на зградата, со собирање на сеќавањата на оние кои живееле во него, режисерот - со југословенско потекло преку неговата мајка, но роден и израснат во Швајцарија - создава единствен простор-време во кое на површина испливува колективното несвесно како и дел од неговиот идентитет. За швајцарскиот режисер документарниот филм е еден вид потрага за „изгубеното кралство“. Откриваме и дознаваме за ова место кое е симбол на една ера преку долга листа на негови привремени познати и непознати посетители, и гледаме од далечина како една зграда може да воспоставува идеологии и национални идентитети, но исто така да стои исправено пред колапсот на колективната меморија, велат критичарите на филмот. Филмот беше прикажан во програмата „Панорама“ на Берлинскиот филмски фестивал, а беше и во главната натпреварувачка програма на Документарниот филмски фестивал во Солун. Филмот продолжува со прикажување на 26 септември во Гостивар, а потоа и во другите градови низ Македонија. Дистрибутер за Македонија е „Катавеј“, а дистрибуцијата е поддржана од „Свис филмс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од МарокоБогатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор . Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија. Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето. „Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади. Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона. На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСекое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијатаСекое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со ПутинДиректорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп. Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“.. A convoy with US diplomatic license plates was spotted in Moscow following the arrival of a US military aircraft. At the same time, the Kremlin stated it had no information regarding the aircraft, while Peskov assured that no meetings with US administration representatives were… pic.twitter.com/1VehaaaMe8 — WarTranslated (@wartranslated) August 25, 2026 Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва. Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..Тагови: москва ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter