Забава „Хороскоп” – нов инстант лоз на Државна лотаријаИнстант лоз со име „Хороскоп“ е најновиот член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Со својот впечатлив дизајн и забавната игра се очекува да биде нова инспирација за забава со можности за добивки за љубителите на инстант лозовите. Интересно е што овој лоз ги комбинира астрологијата и нумерологијата, па играчите може да уживаат во забавна потрага по истоветни симболи (хороскопски знаци) и броеви со добитните симболи и броеви, коишто се кријат во полето за гребење, и да добијат дури четири добивки на еден лоз. „Хороскоп” има богат фонд на добивки и понуда на 5 премии по 500 000 денари, 10 добивки по 100 000 денари, 15 добивки по 50 000 денари и други помали парични добивки. Добивка се остварува доколку во полињата означени како „твои симболи и броеви” се пронајде симбол или број којшто се совпаѓа со оние симболи и броеви означени како добитни. Државна лотарија со особено внимание ја збогатува палетата инстант лозови со цел играчите да добијат разновидност во понудата за висина и вид на премии и дизајн, но најмногу од сѐ предничи обмислувањето на забавата и начинот на дознавање на добивката. Навистина е интересно кога потрагата по добитни симболи и броеви трае подолго и кога на еден инстант лоз може да се освојат и до четири добивки, како во инстант лозот „Хороскоп“. Промовирајќи го пласманот на инстант лозот „Хороскоп“, Државна лотарија, како општествено одговорна компанија потсетува на обврската за одговорно учество во игрите на среќа кои што не се наменети за млади под 18 години. Воедно, ги потсетуваме и повозрасните да не подаруваат инстант лозови на деца бидејќи инстант лотаријата не е детска игра. Но, летото е пред нас - време е за забава и прослави, а со инстант лозови „Хороскоп“ во пакет СРЕЌА ПЛУС на младенци и други славеници може да им се подари и забава и голем подарок и верба во среќата. А, среќата е насекаде. Државна лотаријaКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАХарден останува во Кливленд – „Кавс“ подготвуваат нов договорНБА ѕвездата Џејмс Харден сè уште нема договор, но сè укажува на тоа дека ќе ја продолжи соработката со Кливленд Кавалирс.Според информациите на новинарот на „ESPN“, Шемс Чаранија, Кливленд е во постојан контакт со Харден и неговите претставници и преговара за нов договор. Двете страни разговараат за договор со времетраење од две или три години. Истовремено, Кливленд се обидува да ангажира двајца квалитетни крилни играчи кои во моментов се меѓу најбараните слободни агенти – Пејтон Вотсон и Џонатан Камингс. „Кавалирс“ дополнително ја зголемија својата финансиска флексибилност во петокот, кога ги испратија Денис Шрудер и парични средства во Шарлот Хорнетс во замена за Тре Ман. Тој потег би можел да биде од големо значење за продолжувањето на преговорите со Харден, кој практично му остави на Кливленд отворени опции во текот на летото. Претходно ова лето, Харден ја одби опцијата во договорот вредна 42,3 милиони долари за сезоната 2026/27, додека двете страни се обидуваа да најдат начин за склучување нов повеќегодишен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзијаЗаврши научно-образовната екскурзија на премиерот Христијан Мицкоски.Мислевме дека е стручна. Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку. Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образование и ИТ. Нема област во која овој научник не е прв. Сепак е научна. Првиот ден - милион теми. Мора да го надомести пропуштеното време во медиумите. Вели дека чистел цевки во Гостивар. Четири недели чистење. Никогаш немало подобро чистење, па како поинаку од научник. 1.200 проекти и образование. Ни помалку, ни повеќе, точно 1.200. Македонската православна црква ја прескокна. Не го интересира, бидејќи не може да ги коментира изјавите на својот шеф Вучиќ. Вели дека не може да зборува за историја. Нормално. Тој е човек на иднината, како и сите негови ветувања од кампањата. Не може тоа веднаш, ама ќе биде… во иднина, некогаш, никој не знае кога. Потоа класика: Обвинувања кон опозицијата и земјоделците. Опозицијата е „безидејна“, создава паника и хистерија додека е на одмор. Знаеле ден порано за „хибридниот напад“ врз водата во Скопје. А зошто ништо не направија кога знаеле? И повторно закани со Обвинителство и полиција. Зошто повторно е виновна опозицијата за објавите на социјалните мрежи кога ги имаат имињата? А секако виновни се Заев и Филипче. За сè. Земјоделците ги обвини за протест. Земјоделците не протестираа кај откупувачите, туку кај државата. Дали субвенциите, откупот и ИПАРД фондот се обврска на откупувачите, а не на државата? Тоа зборува Мицкоски? Според Мицкоски и земјоделците се дел од хибридниот напад. Кажа дека на екскурзијата имал средби со инвеститори. Три нови инвестиции. Сите три „во фаза на реализација, се пеглаат последните детали“. Една германска, една американска, а третата… „не може да каже“. Под радар. Веројатно проширување на медиумската мрежа - на постоечките 40 % Орбанови медиуми, сега да стигнат и 40 % од медиумите на Вучиќ. Како и секогаш - не може да каже кои се. Исто како после Давос, кога беше во туристичка посета. Каде се тие инвеститори што ги најави? Наскоро, некогаш, никој не знае… На крај - порача дека бил со семејството на научна екскурзија и дека таму научил оти 4+4 не е 8 дена, туку 7 дена. За да ни каже колку малку бил на одмор. Само не ни кажа една работа: Кога ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода? СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиВидео: Ислам Махачев е новиот UFC шампион – рекордот на Андерсон Силва е соборенРусинот Ислам Махачев е новиот UFC шампион во велтер категорија, со триумфот во Филаделфија тој го собори и рекордот на легендарниот Андерсон Силва по бројот на последователни победи. Во главната борба на настанот UFC 330 во Филаделфија, Махачев го совлада Ијан Мачадо Гери со едногласна одлука на судиите – 49-46, 49-46, 48-47. Рускиот борец го наметна својот ритам уште од самиот почеток, користејќи рушења и контрола на партер за да ја неутрализира опасната ударна техника на Гери. Во втората рунда, тој го погоди со висок удар со нога во главата и го собори на подот. ISLAM MAKHACHEV DROPS IAN GARRY WITH A MASSIVE HEAD KICK IN ROUND 2 😳 #UFC330 pic.twitter.com/tusW1xnEYx — Championship Rounds (@ChampRDS) August 16, 2026 Гери подоцна успеа да се врати во борбата, но Махачев го изведе клучниот потег за соборување во последната рунда и му ја зазеде грбната позиција на предизвикувачот. Со тоа практично си ја обезбеди победата, а подоцна и славеше со едногласна одлука на судиите. 🚨 ISLAM MAKHACHEV DEFEATS IAN GARRY BY UNANIMOUS DECISION (49-46 x2, 48-47) AND STILL!!! #UFC330pic.twitter.com/Jej6GOp7F2 — Championship Rounds (@ChampRDS) August 16, 2026 Триумфот има и историско значење, бидејќи Махачев ја оствари својата 17-та последователна победа во УФЦ, надминувајќи го рекордот на Андерсон Силва. Русинот сега го држи рекордот за најдолга победничка низа во историјата на УФЦ, а со тоа и апсолутниот рекорд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter