„Холивудскиот предатор“ живее во студ и нечистотија во затвор- ќе го тужи градот Њујорк - Канал 5

„Холивудскиот предатор“ живее во студ и нечистотија во затвор- ќе го тужи градот Њујорк

Озлагозомниот продуцент Харви Вајнштајн поднесе тужба против градот Њујорк, обвинувајќи ги властите за невнимание и необезбедување соодветна медицинска нега.

„Холивудскиот предатор“ живее во студ и нечистотија во затвор- ќе го тужи градот Њујорк

Неговите адвокати тврдат дека продуцентот, кој се наоѓа во затворот на островот Рикерс, добива супстандардна медицинска нега и се лекува во нехигиенски услови, пренесува АП.

Адвокатите на Вајнштајн тврдат дека затворот не обезбедува соодветна грижа за неговото влошено здравје. Продуцентот боледува од дијабетес и хронична миелоидна леукемија, а според неговиот тим живее во исклучително тешки услови. Особено го истакнаа студот и немањето чиста облека.

„За време на мојата последна посета, го најдов во крвава затворска облека, веројатно од инфузијата, која не беше испрана со недели. Не му обезбедија ни чиста долна облека - таквите услови тешко може да се наречат санитарни за лице со сериозни здравствени проблеми“, рече неговиот адвокат Имран Х. Ансари, кој условите во затворот ги спореди со гулаг.

Ансари ја обвини затворската управа за „медицинска небрежност“ и ја опиша ситуацијата како „сурова и невообичаена казна“. Тој додаде: „Занемарувањето на медицинските потреби на г-дин Вајнштајн илустрира зошто островот Рикерс е под лупа од јавноста и официјалните лица и е предмет на федерална истрага. Ние не живееме во општество каде што затворениците како г. Вајнштајн треба да бидат подложени на такви груб третман и непочитување на нивните медицински потреби“. Адвокатскиот тим на Вајнштајн бара отштета од 5 милиони долари.

Продуцентот годинава неколку пати завршуваше во болница, во април и јули. Според неговиот тим, тој се лекувал од дијабетес, висок крвен притисок, спинална стеноза, ефекти од коронавирусот и акумулација на течности во срцето и белите дробови.

Вајнштајн, кој негираше дека имал неконсензуален секс со некого, беше прогласен за виновен за силување во февруари 2020 година во случај што го поттикна движењето #MeToo.

Апелациониот суд во Њујорк ја отфрли пресудата во април, откривајќи дека Вајнштајн не добил фер судење, бидејќи судијата неправилно дозволил сведочење на луѓе за кои продуцентот не бил обвинет за напад. Тој е во затвор и чека повторно судење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителите бараат итно одлучување за намалените плати

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да одлучи за намалувањето на коефициентите за пресметка на нивните плати.

Обвинителите бараат итно одлучување за намалените плати

Во заедничко соопштение изразуваат сериозна загриженост поради осуммесечното непостапување по поднесените иницијативи.Тие ги оспоруваат измените на законите со кои платите на јавните обвинители и членовите на советот беа намалени во три наврати.

Како аргумент го посочуваат и решението на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое беше поведена постапка за оценување на уставноста на законските измени.Во него судот изразил сомнеж дека намалувањето на коефициентите може да ја доведе во прашање уставно загарантираната самостојност и независност на Јавното обвинителство.Од јавнообвинителската фела предупредуваат дека одложувањето на одлуката создава диспаритет меѓу судската и јавнообвинителската функција.Според нив, намалувањето на платите е спротивно на европските стандарди за владеење на правото.Предупредуваат и на можен одлив на обвинителски кадар, што би можело да го загрози нормалното функционирање на Обвинителството.

Како дополнителни проблеми ги наведуваат ниските плати, недостигот од кадар, ограничениот буџет и несоодветните услови за работа.Сметаат дека ваквата состојба директно може да се одрази врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата

Осмиот ден од протестите во главниот град на Албанија, Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата, но со помал интензитет на директни напади во споредба со претходните денови.

Осмиот ден од  протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата

Професори и студенти најпрво се собраа пред политехничкиот универзитет, а потоа маршираа кон кабинетот на премиерот под мотото „Стоп на насилството врз студентите“.

Професорите покренаа и петиција со која бараат да бидат слушнати барањата на студентите.По маршот низ улиците на Тирана, демонстрантите се собраа на булеварот „маченици на нацијата“, каде што ситуацијата околу два часа беше мирна.

Тензиите ескалираа по стемнувањето, кога маскирани лица почнаа да фрлаат молотови коктели и камења кон полицискиот кордон.Полицијата одговори со водени топови и солзавец, откако претходно преку мегафон ги повика жените и децата да се оддалечат од местото на протестот.Интервенцијата ја растури толпата, а судирите продолжија на повеќе локации во градот.

Плоштадот „Скендербег“ накратко се претвори во жариште на судири, при што демонстрантите фрлаa пиротехнички средства кон полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Сè што сакаме од фудбалот видовме  синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планета

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Бранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2.

Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања.

Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид.

YouTube video

Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите.

ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79')

Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52')

Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.)

Порто - ПСВ 0:1

Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87')

Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47')

Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4')

Вечерва играат :

среда

18.45

Комо - М. Јунајтед

Лил – Галатасарај

21.00

Астон Вила - Викинг

Баерн - Арсенал

Бетис - Феенорд

Клуб Бриж - Ланс

Интер - Шахтјор

Реал Мадрид - Лајпциг

Спортинг - ЛАСК

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер