„Холивудскиот пастув“ наскоро ќе добие 12- то дете, а очекува деца од уште две жени - Канал 5

„Холивудскиот пастув“ наскоро ќе добие 12- то дете, а очекува деца од уште две жени

Американскиот актер, рапер, водител и комичар Ник Кенон ќе го добие своето 12-то дете.

„Холивудскиот пастув“ наскоро ќе добие 12- то дете, а очекува деца од уште две жени

Поточно, ова ќе му биде трето дете со 31-годишната диџејка Аби Де Ла Роса, потврди таа во вторникот на својот Инстаграм профил. Де Ла Роса е бремена од јуни оваа година, но дури сега на својот Инстаграм Стори потврди дека Кенон е татко на нејзиното дете.

„Една ноќ со Вага може да се претвори во три или четири години. Внимавајте“, напиша Де Ла Роса, а потоа дополнително се пошегува во својата објава. „По ѓаволите! ЛОЛ, една ноќ многу брзо се претвори во четири години и три деца... Не ја гледам лагата овде“, напишала таа.

Канон е Вага според неговиот хороскоп, а со Де Ла Роса ги има и едногодишните близнаци Зиона и Зилион. Исповедта на Де Ла Роса се случи само неколку дена по веста дека Кенон очекува дете со манекенката Алиса Скот.

Кенон и Скот веќе имаа дете, синот Зен, но бебето починало минатиот декември, а кон крајот на минатиот месец потврдија дека го очекуваат своето второ дете, 11-тото на Кенон.

Да напоменеме дека Кенон ги има и 11-годишните близнаци Марокан и Монро со неговата поранешна сопруга и музичарка Мараја Кери. Тој го има и четиримесечниот син Легендари со манекенката Бре Тиези, потоа едномесечната ќерка Оникс со манекенката Ла Ниша Кол, како и синовите Голден (5), едномесечниот Рајс и едногодишната ќерка Пауерфул Квин со манекенката Британи Бел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Црна Гора приведен популарниот српски рапер Десингерица

Црногорската полиција издаде итно соопштение по апсењето на Десингерица,родители, пријавете доколку имате информации!

Во Црна Гора приведен популарниот српски рапер Десингерица

Популарниот рапер на овие простори Драгомир Деспиќ – Десингерица е приведен во Црна Гора под сомнение за прекршување на Законот за странци, а по тој повод се огласи и локалната полиција.

- Полициските службеници од Одделението за безбедност во Бар, во соработка со инспекторите за странци, санкционираа три лица од Република Србија, меѓу кои и изведувачот Драгомир Деспиќ – Десингерица, поради прекршување на Законот за странци. Во ноќниот клуб во Сутоморе, каде што настапуваше Деспиќ, затекнати се 11 малолетници како консумираат алкохол, поради што надлежните инспекциски служби, покрај другите прекршоци, изрекоа парични казни во висина од 11.200 евра за правното лице и за одговорните лица, стои во соопштението од Црногорската полиција.

Во текот на ноќта на 18 јули 2026 година, од 02:00 до 03:00 часот, службеници од Одделението за безбедност во Бар извршиле контрола во угостителски објект – ноќен клуб во Сутоморе, при што три лица биле приведени во просториите на Одделението заради утврдување на идентитетот: изведувачот Драгомир Деспиќ Десингерица ), кој настапуваше во клубот, како и М.Ј. (24) и С.Љ. (33), сите државјани на Република Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%

СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%, а цените на горивата најниски во регионот. .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

Залудни се хистеричните обиди на СДС за креирање страв, паника и неизвесност кај граѓаните.

Прес-конференциите на СДС за создавање хистерија за наводни ценовни шокови, скапотија, банкрот на државата веќе никој не ги слуша.

Две години по ред викаат дека државата е во финансиски колапс и само што не банкротирала, но еве две години по ред Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како се консолидира економијата со континуиран раст на БДП од 3 или над 3%.

Вистината е дека СДС се тие што ја оставија државата на раб на банкрот, со ограбени институции и осиромашени граѓани кои за време на седумгодишното владеење ја плаќаа нивната неспособност со рекордна двоцифрена инфлација.

Оттука се поочигледно е дека СДС не можат да се помират со сегашните економски резултати и преземени мерки во време на енергетска криза кои цените ги држат под контрола, енергенсите со најниска цена од земјите во регионот, а инфлацијата на ниво од 3,4%.

Ако СДС сака да зборува за економија, цени и инфлација, добро е да зборува со бројки кои најдобро опишуваат како живеат граѓаните сега, а како до пред две години кога скапотијата рушење европски рекорди.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЈЗ. Препораки до населението во Гостивар

Препораки за користење на водата и превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода.

ИЈЗ. Препораки до населението во Гостивар

Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба.

Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба.

Важно: До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака.

1. Вода за пиење и подготовка на храна

· Не користете вода од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна.

· Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период.

Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден.

· За пиење користете фабрички пакувана вода (флаширана вода).

· Не користете вода од водоводот за:

o подготовка на храна;

o миење овошје и зеленчук кои се консумираат свежи;

o подготовка на мраз;

o подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци.

· Не користете вода од водоводот за подготовка на храна за доенчиња.

2. Хигиена на рацете

· Рацете мијте ги често со сапун и безбедна вода (флаширана вода), особено:

o пред подготовка и консумирање храна;

o по користење на тоалет;

o по менување пелени;

o по контакт со заболено лице.

· Доколку нема безбедна вода, користете средство за дезинфекција на база на алкохол кога рацете не се видливо извалкани.

3. Лична хигиена

· За миење заби користете исклучиво безбедна вода (флаширана вода).

· За туширање и капење да се користи безбедна вода (флаширана вода) или превириена вода, но да се внимава водата да не се голта.

· Доколку нема безбедна вода, користете влажни марамчиња или крпи за еднократна употреба за периодот додека водата е забранета за употреба.

4. Подготовка на храна

· Храната треба добро термички да се обработува.

· Избегнувајте подготовка на храна која не се готви доколку не може да се користи безбедна вода.

· Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење.

5. Ресторани, кафулиња и угостителски објекти

· да не користат вода од водоводот за подготовка на пијалаци;

· да не користат вода за миење овошје и зеленчук;

· да користат само безбедна вода (флаширана вода) за подготовка на

храна;

· машините за мраз да не се користат.

6. Градинки

· децата да пијат исклучиво безбедна вода (флаширана вода);

· да не се користат чешмите за полнење шишиња;

· храната да се подготвува само со безбедна вода (флаширана вода).

7. Здравствени препораки

Веднаш обратете се кај матичен лекар или во најблиската здравствена установа доколку се појават:

· дијареја;

· повраќање;

· гадење;

· стомачни грчеви;

· покачена температура;

· слабост;

· знаци на дехидратација (силна жед, сува уста, намалено мокрење,

омалаксаност).

Особено внимание е потребно кај:

· доенчиња и мали деца;

· бремени жени;

· постари лица;

· лица со хронични заболувања и ослабен имунитет.

8. Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода

Небезбедната вода може да биде извор на бактериски, вирусни и

паразитарни инфекции кои предизвикуваат гастроентеритиси.

За намалување на ризикот:

· користете само безбедна вода за пиење и подготовка на храна;

· редовно мијте ги рацете;

· одделувајте сирова од готова храна;

· храната чувајте ја на соодветна температура;

· одржувајте добра хигиена во кујната;

· не споделувајте чаши и прибор за јадење со лица кои имаат симптоми на

стомачна инфекција.

9. Следете ги официјалните информации

Граѓаните треба редовно да ги следат известувањата на надлежните институции (Институт за јавно здравје, Центар за јавно здравје,

Министерство за здравство, Агенција за храна и ветеринарство).

Водата од градскиот водовод повторно може да се користи за пиење само по официјално известување дека забраната е укината и дека водата е безбедна за употреба.

10. Што да се направи кога ќе се укине забраната

По официјалното укинување на забраната:

· пуштете ја водата да тече 5–10 минути;

· испразнете и исчистете ги апаратите за вода;

· исфрлете го мразот направен за време на забраната;

· заменете ги филтрите доколку производителот го препорачува тоа.

ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ

Со навремено почитување на овие препораки значително се намалува ризикот од појава и ширење на заболувања кои се пренесуваат преку вода. Особено внимание треба да се посвети на заштитата на доенчињата, малите деца, бремените жени, постарите лица и лицата со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешки последици при појава на цревни инфекции.

- Оддел за епидемиологија на заразни заболувања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер