Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
Европа„Хјуман рајтс воч“: Влошени животните услови на мигрантите во ГерманијаЖивотните услови на мигрантите и нивните потомци во Германија е влошени, се наведува во годишниот извештај на организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).- Зголемувањето на регресивните политики за миграција и азил, злосторствата од омраза и говорот на омраза, како и ограничувањата на слободата на изразување и собирање, предизвикуваат сериозна загриженост - се наведува во извештајот на ХРВ. Според истражувачката на ХРВ за расизам, Алмаз Тефера, забележано е дека сè повеќе германски демократски партии ја прифаќаат реториката на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), која се залага за построги закони за имиграција. Таа потенцира дека е штетно да се делат мигрантите на „проблем“ за општеството и на „добри мигранти“, кои напорно работат во Германија.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возилаДенес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБез вода делови од ЦентарЕдна информација за граѓаните од централното градско подрачје. Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Силно невреме попладнево го зафати КавадарциСилно невреме попладнево го зафати Кавадарци и територијата на општината, проследено со силен ветер и обилни врнежи. За среќа, нема повредени лица, а благодарение на добрата атмосферска канализација и навремено санираната инфраструктура, не се регистрирани материјални штети на инфраструктурните објекти. На повеќе локации се регистрирани паднати дрвја и гранки, околу 10 поплавени подруми, како и проблеми со електричната и телекомуникациската инфраструктура. Паднати дрвја се регистрирани и на регионалните патни правци Кавадарци–Дреново и Кавадарци–Неготино. Екипите на ЈП „Комуналец“ веднаш се мобилизирани и се на терен. Ангажирани се 12 работници од хигиена и зеленило, како и 15 работници од секторот Водовод и канализација, заедно со два трактора, две камиончиња и еден скип. Екипите работат на расчистување на наносите, решетките и јавните површини, како и на санирање на последиците од невремето. На терен се и екипите на ТППЕ Кавадарци, како и екипи на Општина Кавадарци. Се интервенира на сите локации каде што има потреба, во координација со електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, кои работат на санирање на дефектите. Во координација со надлежните служби, Полициската станица Кавадарци ги обезбедува локациите каде што постои ризик или движењето е отежнато. Сите надлежни служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно расчистување и нормализирање на состојбата. За сите пријави и информации од граѓаните, достапен е Општинскиот кол-центар на 13.300.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook