„Хјуман рајтс воч“ ги обвини паравоените сили во Судан за сексуално насилство врз девојчиња - Канал 5

„Хјуман рајтс воч“ ги обвини паравоените сили во Судан за сексуално насилство врз девојчиња

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ ги обвини паравоените сили во Судан за сексуално насилство врз девојчиња и жени на југот на источноафриканската земја.

„Хјуман рајтс воч“ ги обвини паравоените сили во Судан за сексуално насилство врз девојчиња

Во извештај објавен денеска, организацијата тврди дека документирала десетици случаи во кои жени и девојки, на возраст меѓу седум и 50 години, се жртви на сексуално насилство.

Овие злосторства беа пријавени во областа Јужен Кордофан, која во голема мера е контролирана од силите на Суданското народно ослободително движење-Север.

Силите за брза поддршка (РСФ) од април 2023 година се борат против армијата на генералот Абдел Фатах ал-Бурхане во Судан, како и против силите на Суданското народно ослободително движење-Север за контрола на регионот Јужен Кордофан.

Во Судан трае конфликтот меѓу армијата и одметнатите сили на РСФ, кој прерасна во граѓанска војна и ја подели земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во БиХ

Земјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.

Земјотрес во БиХ

Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри.

Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје.

Сè уште нема информации за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џа Морант трејдуван во Портланд

Една од најголемите размени летово во НБА е официјализирана.

Џа Морант трејдуван во Портланд

Џа Морант повеќе не е член на Мемфис Гризлис, туку ќе ја продолжи својата кариера во Портланд Треил Блејзерс.

Во спротивна насока, заминуваат Џерами Грант и Крис Мареј, со што завршува седумгодишната ера на Морант во Мемфис.

Морант беше избран како втор избор на НБА драфтот во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од најатрактивните бекови во лигата. Тој ја освои наградата за дебитант на годината во својата прва сезона, додека две години подоцна беше прогласен за играч со најголем напредок. Многумина го гледаа како идното лице на НБА, но следеа бројни проблеми.

Сериозни повреди, вклучувајќи ја и најновата поради која играше само 20 натпревари минатата сезона, го забавија неговиот развој. Покрај тоа, неколку инциденти надвор од теренот резултираа со суспензии и му го нарушија односот со раководството на Мемфис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам.

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам откако утрово на најновата светска ранг-листа на УЦИ се искачи на 33. место во светот.

До овој извонреден резултат Иванова стигна по успешните настапи на трите Светски купови од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, Елба во Италија и Натурланд во Андора како и по трката во Кастро, Италија и одбраната на титулата државен првак во МТБ маратон. Настапот во Андора имаше особено значење, бидејќи токму таму Иванова обезбеди квалификација за претстојното Светско првенство во планински велосипедизам кое ќе се одржи во Италија.

Овој резултат добива уште поголема тежина ако се земе предвид конкуренцијата од стотици рангирани натпреварувачки од сите континенти, како и фактот дека Иванова го носи досега највисокиот пласман за Македонија позиционирајќи се на првата страница на светската УЦИ ранг-листа.

Следниот предизвик за Иванова е Европското првенство во Рамалес де ла Викторија, Шпанија, каде како македонска репрезентативка ќе се натпреварува со најдобрите европски велосипедистки на исклучително сериозна и техничка патека долга 75км со висинско искачување од 3000 метри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер