„Хемофарм“ итно ги повлече Ранисан и Ранитидин-ќе се испитува дали биле канцерогени

Лекот „Ранитидин“ и „Ранисан“од „Хемофарм“ е повлечен од употреба од аптеките во Македонија. 

За Канал 5 фарамцевтите објаснуваат дека лекот бил повлечен многу брзо во петокот. Причина за повлекување на лекот е сомнеж на количината на пронајдени нечистотии во супстанцата на лекот, се вели во соопштението на српската агениција за лекови. Лекот е повлечен од сите земји каде бил доставен.

„Европската агенција за лекови, во тесна соработка со националните агенции за лекови, ќе ги провери сите готови лекови што содржат активна супстанција ранитидин хидрохлорид од различни производители. Контролата е почната на 12 септемвр. Наодот ќе го почитува и Хемофарм, кој работи во согласност со европските принципи”, се вели во соопштението од српската компанија за лекови.

Од Агенцијата за лекови информираат за Канал 5 објаснуваат дека нитрозамини се ставаат во супстаниции кои што можат да предзвикаат канцер. Во 2018 година овие супстанции биле детектриани во лекови за третман на покачаен крвен притисок познати како сартани што довло до повлекување на лековите. Во случајот со ранитидинот треба доплнително да се испита дали пациентите кои користат ранитидин се под било каков ризик од Н-нитрозодиметиламин.

Лекови кои содржат ранитидин како активна супстанција имаат широка примена кај болни со состојби чир на желудник со цел намалување на создавање на желудечна киселина.

Пуштен во продажба првиот флексибилен телевизор на светот

Конечно во продажба е пуштен флексибилниот телевизор од јужнокорејската компанија „LG“.

Станува збор за таканаречен „OLED R“ екран со дијагонала од 65 инчи.

Овој телевизор е целосно флексибилен и може буквално како ролна да се повлече целосно во своето куќиште кое наликува на комода.

За сега е во продажба во само седум продавници во Јужна Кореја, а „LG“ тврди дека станува збор за прв ваков уред, пренесе порталот „The Verge“.

Цената како што е очекувано е многу високи, 87.000 долари, односно околу 73.400 евра.

Арсовски: Како фризерницата која била петта на ранг листата го добила проектот

Крајно сомнителен е начинот на доделување на грантови во Националната агенција од страна на Лидија Димова.

Повеќе од десет дена бараме објавување од страна на агенцијата на ранг листите на проектите од ЕРАЗМУС + програмата, но директорката Лидија Димова ги криеше.

Денеска можеме да видиме низ медиумите дека еден од проектите доделен на фризерницата ВЕЗ Трејд бил доделен на сомнителен начин, не бил во првите три рангирани, со што претходните биле одбиени, а проектот на фризерницата подоцна бил прифатен од страна на евалуционата комисија.

Што е тука сомнително?

Првите два рангирани проекти се одбиени, а следен кој бил одобрен е третиот проект на братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, проектот познат во јавноста за избери сирење, во вредност од над 125.000 евра за кој говоревме во нашите прес конференции претходно.

Одобрен е и проектот на фризерницата ВЕЗ Трејд, на пријателот на Лидија Димова, кој што може да се видат заедно во кафеана на фотографии, кои има можеби најмалку бодови доделени од страната на евалуаторите, но сепак од комисијата бил одобрен иако според одредени членови во Законот пропишани имало судир на интереси од страна на ВЕЗ Трејд со вработена во Националната агенција. Најверојатно ова не го препознале во агенцијата или не сакале да го препознаат.

Од друга страна проект кој има 80 бодови, односно два бода повеќе од проектот на фризерницата, не е одобрен и е одбиен под образложение дека има судир на интереси, за што истата организација тврди дека не е точно и веќе има поднесено правни тужби до Управен суд и правна претставка до Брисел.

Ова беше причината за која јавно баравме да бидат објавени рангирањата на проектите, а Лидија Димова свесно ги криеше бидејќи најверојатно имало сомнителни чекори во доделувањето.

Лицемерно е доколку Лидија Димова биде само променета од позицијата, туку треба да биде извршена и истрага и нормално на крај доколку се утврдат неправилности за кои што веќе се гледа дека постојат, да одговара и кривично.

Ова е еден од стотиците скандали и криминални сомнежи во функционирањето на Владата на СДСМ, а Вилма Русковска и Љубомир Јовевски сепак спијат и не сакаат да ги видат.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Дрекслмајер" донираше над илјада визири за медицински лица од неколку општини

 „Дрекслмајер" донираше над 1000 сертифицирани заштитни визири за тие кои секојдневно се наоѓаат во првитередови и се грижат за здравјето на граѓаните, информираа денеска од германската компанија која работи во Кавадарци.

– Над илјада визири се донирани на медицинскиот персонал во Кавадарци, Неготино, Велес и Прилеп. Се работи за сертифицирана и висококвалитетна заштита за лице, што „Дрекслмајер" ја произведува во сопствената фабрика во Браунау, Австрија. При производството на овие визири компанијата ги користи своите компетенции во дизајнот, правењето прецизни алатки и обликувањето, а на овој начин сака да даде свој придонес во борбата против коронавирусот, соопштија од фабриката која вработува над шест илјади работници од неколку општини.

Лукас Мирингер, директор на „Дрекслмајер" во Кавадарци, се заблагодари на целиот медицински персонал за неуморната работа за време на оваа пандемија

– Медицинските работници изминативе месеци непрекинато се борат за здравјето на пациентите заболени од Ковид-19 и се трудат да го заштитат јавното здравје. Со заштитната опрема што ја дониравме на четирите болници, сакаме да изразиме благодарност за нивната посветеност, а воедно да дадеме поддршка на здравствениот систем во справување со коронавирусот, рече Мирингер.

Во април годинава, на почетокот на здравствената криза компанијата исто така донираше комплетна медицинска опрема за здравствените работници од болниците во Кавадарци и Велес. На предавањето на заштитните визири, директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, Диме Коцев истакна дека визирите овозможуваат дополнително да го заштитат медицинскиот персонал.

– Драго ми е што од „Дрекслмајер" се секогаш подготвени да излезат во пресрет и да дадат поддршка на здравствените институции, додаде Коцев.

Од компанијата апелираат до сите граѓани да се однесуваат одговорно.

-Придржувајќи се до пропишаните заштитни мерки, секој може да даде личен придонес во спречување на ширење на коронавирусот, а на тој начин и да помогне на здравствение работници во нивната секојдневна битка за здравјето на пациентите, додадоа од германската фабрика, која е најголем работодавач во државава.

притисни ентер