Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
Култура„Хармс“ ја освои наградата „Златен рез“ на „Синематик“Руската монтажерка Татјана Кузмичова, која е потпишана на руско-македонско-литванската копродукција „Хармс“, ја доби наградата „Златен рез“ на второто издание на фестивалот на филмската монтажа „Синематик“ во Скопје.Наградата синоќа во Кинотеката на Македонија, во име на екипата, ја прими Сашо Павловски, кој е копродуцент на филмот на Иван Болотников. Токму со филмот за славниот писател и беше затворен фестивалот. За наградата одлучи жири составено од монтажерите: Миле Петковски, претседател, Ванчо Мираковски и Благоја Неделковски, членови. Од изборот на шест играни филмови („Центарот на мојот свет“; „Скршено“; „Хармс“, „Лето 1993“, „Уставот на Република Хрватска“ и „Генерација Милениум“), жирито се определи за првата руско-македонска копродукција. - Филмот раскажува приказна за животот на Данил Јувачов, познат во светот како Данил Хармс, име исто толку впечатливо како и неговиот изглед. Тој се смета за гениј, но издавачите одбиваат да ги отпечатат неговите дела. Тој ги сака жените, но тие не го разбираат секогаш. Постојано без пари и без допир со реалноста. Монтажерката Татјана Кузмичова ја води приказната врз стенограмот на една емоција која постепено се остварува низ уфрлување на документарни елементи од минатото како пластични визии, а притоа гледачот ништо не го условува при визуелната перцепција. Таа се спротиставува на стереотипите на монтажата и го опишува дејствието во прогрес на ритамот и емоционалните моменти, како треба да ги доживее гледачот, стои во образложението на жирито. Павловски се заблагодари за наградата и истакна дека работата на монтажерите е исклучително важна и затоа „Синематик“ треба да стане традиција. - Режисерот Иван Болотников го подготвувал филмот цели десет години. Таа судбина на Хармс го следеше и за време на подготвките на филмот. Преку раката на Кузмичова филмот го доби својот конечен изглед. Многу Македонци учествуваа во овој филм и се надевам дека ќе продолжиме соработка. За музиката на Сони Петровски веќе има интерес и од други руски продуценти и тоа е одлично за негова промоција, рече Павловски. Гостин и лауреат на фестивалот годинава беше легендата Андрија Зафрановиќ, кој одржа мастер-клас на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Наградата му ја врачи Љупчо Тодоровски-Упа, претседател на Асоцијацијата на филмски професионалци на Македонија што го организираше фестивалот. Поддршка за фестивалот даде Агенцијата за филм.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЛука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од далечната 1963 годинаЕден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот, Лука Дончиќ е на прагот на НБА историјата, со просек од 38,5 поени – достигнување што не е видено уште од 1963 година и Вилт Чемберлен.Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжува својата сезона од сништата. Лука ја игра сезоната на кариерата, а синоќа ја демонстрираше својата моќ во победата на Л.А. Лејкерс против Сакраменто (116:103) – тим кој, иако неочекувано, беше неговиот „прв“ избор на НБА-драфтот. Со оглед на тоа што Сакраменто ја пропушти можноста да го избере, Дончиќ секогаш е посебно мотивиран кога игра против „Кингси“, а со оглед на формата во која се наоѓа на почетокот на сезоната, дополнителна мотивација и не му е потребна. Така, Дончиќ повторно ја покажа својата сила и докажа дека во моментов е главен кандидат за МВП-наградата, бидејќи никој не е ни блиску до бројките што ги остварува Словенецот. Дополнително, тимот на Лејкерс изгледа многу подобро отколку минатата година. Претходната вечер, Лука Дончиќ постигна 40 поени, оствари девет скока и седум асистенции. Во играта на Лејкерси, апсолутно сè се врти околу него, па овој пат тој „ги држеше сите конци во свои раце“ додека беше на теренот. Имаше солиден шут од 11 од 23, погоди шест тројки, а единствена негативност беа шесте изгубени топки. Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на шест натпревари по ред остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки, а никој досега нема постигнато повеќе од 300 поени и 50 асистенции во една НБА сезона побрзо од него. И што е најинтересно – тоа не е сè; Дончиќ е на прагот на бројки какви што во НБА не се видени уште од шеесеттите години на минатиот век. Most PPG over a player's first 8 games of a season, NBA history: Wilt Chamberlain - 52.3 (1962-63) Wilt Chamberlain - 50.0 (1961-62) Wilt Chamberlain - 39.6 (1959-60) Luka Doncic - 38.5 (2026-27) Michael Jordan - 38.4 (1986-87) https://t.co/BremYunAZ6 — Underdog NBA (@UnderdogNBA) November 5, 2026 Поточно, тој има најдобар просек во првите осум натпревари уште од времето на Вилт Чемберлен во 1963 година (52,3 поени), а го надмина и остварувањето на славниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87, кој тогаш имаше просек од 38,4 поени. Лука Дончиќ моментално има просек од 38,5 поени.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПалентаВо четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. палента 100 гр. кашкавал 50 гр. сирење 1 мала кисела павлака 20 гр. путер сол, бибер, сув зачин и свежо нане Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00