Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Живот„Хајнекен“ го продаде бизнисот во Русија за едно евро Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) излезе од Русија така што ги продаде своите операции таму на руската групација „Арнест“ за симболично едно евро.Вториот по големина светски производител на пиво објави дека ги добил сите потребни дозволи за договорот и дека најверојатно ќе претрпи екстремно високи загуби од 300 милиони евра. Компанијата својата намера да излезе од Русија по руската инвазија врз Украина во март 2022 година, а сега признава дека целиот процес траел подолго од очекуваното. „Хајнекен“ имаше седум пиварници и 1.800 вработени во Русија, на кои им беше гарантирано вработување во следните три години. Холандската пиварница минатата година го отстрани својот бренд „Хајнекен“ од Русија, а производството на „Амстел“ треба да биде прекинато во рок од шест месеци. „Хајнекен“ објави дека договорот, без опција за откупување на бизнисот, вклучува тригодишна лиценца за некои помали регионални брендови, кои „Хајнекен“ нема да ги поддржи или да генерира никаков приход. Групацијата „Арнест“ поседува голема компанија за пакување лименки и е најголемиот руски производител на аеросоли, како и продажба на козметика и производи за домаќинството. Многу мултинационални компании побрзаа да ја напуштат Русија откако Западот воведе санкции кон Москва, но Кремљ возврати со запленување на имотот на голем број западни компании. Во јули, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за преземање контрола врз руската подружница на францускиот производител на јогурт „Данон“, заедно со уделот на пивската компанија „Карлсберг“ во локалната пиварница. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЧетири италијански активистки се уапсени на Западниот брег за време на берба на маслинки Четири италијански активистки беа приведени вчера на Западниот Брег додека ги придружуваа палестинските земјоделци кои береа маслинки. Италијанското Министерство за надворешни работи побара од израелските власти разјаснување за инцидентот, кој се случи во услови на зголемени тензии и зголемување на насилството на доселениците. Инцидентот се случил во селото ал-Бвеиб, јужно од Хеброн. Италијанките се дел од група меѓународни волонтери кои се обидуваат да ги заштитат палестинските берачи на маслинки, пишува Euronews. Италијанската амбасада во Тел Авив и генералниот конзулат во Ерусалим веднаш контактираа со израелските власти по дојавата. „Тие побараа итно разјаснување на околностите на притворањето и информации за состојбата на италијанските жени“, објави Министерството за надворешни работи во Рим. Подоцна потврдија дека жените се во полициската станица. Ова притворање е продолжение на притисокот врз активистите. Само еден ден претходно, во среда, Израелските одбранбени сили (ИДФ) спроведоа голема операција во која беа приведени околу 90 волонтери. Меѓу нив беа двајца Италијанци, Мануел и Алберто Тартароти, кои потоа беа протерани од земјата. Во истата акција беше приведен и Бред Ландер, демократскиот кандидат за Конгресот на САД, кој подоцна беше ослободен со строги ограничувања за движење. Italy's Foreign Ministry is seeking information on the detention of several Italian activists in a West Bank village as they accompanied Palestinian olive farmers. #EuropeNews https://t.co/S66zwqLge7 — euronews (@euronews) October 22, 2026 Објаснување на израелската армија Израелската армија соопшти дека земјоделците и волонтерите не побарале претходно одобрение за бербата. Тие наведуваат дека лицата биле приведени „поради безбедносниот ризик што го претставува несоодветното берење во близина на израелска населба“. Армијата подоцна додаде дека го смета доаѓањето на десетици активисти за „чин чија единствена цел е провокација, што го попречува самиот процес на берба“. Овогодинешната сезона на берба на маслинки е обележана со насилство меѓу израелските доселеници и палестинските селани. Палестинците тврдат дека доселениците ги напаѓаат и се обидуваат да им ги украдат посевите. Во последните недели, имаше нагло зголемување на нападите од екстремни имигрантски групи. Минатиот викенд, фоторепортер на „Вашингтон пост“ беше ранет, а беа нападнати и неколку возила што превезуваа европски дипломати.Тагови: Западниот Брег маслинки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЖивотМеган Маркл се огласи по пријавата на нејзиниот полубрат дека татко ѝ силувал деца Меган Маркл се огласи откако се појавија сериозни обвинувања против нејзиниот татко, 82-годишниот Томас Маркл постариот, поврзани со неговото наводно поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Обвинувањата ги изнесе неговиот син Томас Маркл помладиот, полубрат на војвотката од Сасекс. Британскиот весник „Сан“ вчера ги објави неговите тврдења дека пронашол сомнителен материјал во куќата на неговиот татко во Себу, Филипини, и дека го пријавил откритието на властите, вклучително и на ФБИ. Меган Маркл се огласи за обвинувањата Војвотката од Сасекс (45) ги коментираше обвинувањата во изјава за списанието „Пипл“. „Длабоко сум потресена од вестите што се појавија во последните 24 часа. Моите мисли се со сите деца кои можеби биле жртви“, рече таа. „Уште во 2018 година, писмо беше испратено до лондонската метрополитенска полиција и до Кралското семејство и Службата за дипломатска заштита. Тоа писмо подоцна ми беше проследено. Во него беа изнесени вознемирувачки обвинувања против мојот татко, а ми беше кажано дека случајот се истражува“, продолжи таа. Меган додаде: „Се надевам дека сега е јасно зошто се дистанцирав од татко ми и решив да не му дозволам контакт со нашите деца, и покрај годините медиумско искривување на вистината. Имаше само една причина: да ги заштитам.“ „Верував дека надлежните служби ги штитат другите семејства на ист начин“, изјави таа. „Иако она што сега е откриено е уште пострашно отколку што може да се замисли, искрено се надевам дека правдата ќе биде задоволена. Безбедноста и заштитата на невините деца мора да останат приоритет.“ Меган е единственото дете на Томас Маркл постариот и Дорија Рагланд. Од првиот брак со Рослин Лавлес, Томас има уште две деца, синот Томас помладиот (60) и ќерката Саманта (61). Што тврди Томас Маркл помладиот? Томас помладиот изјави за The Sun дека го пронашол предметниот материјал во четири големи кутии. Според него, тие содржеле „стотици, ако не и илјадници“ фотографии кои, тврди тој, ја прикажуваат сексуалната злоупотреба на деца. Тој наведува дека пронашол и видеа од сексуална злоупотреба на девојчиња под 11 години, како и 15-минутно видео од голи деца на стариот мобилен телефон на таткото. „На неговиот компјутер имало редови од минијатури од фотографии што воделе до најстрашните сцени на злоупотреба на деца што можете да ги замислите. Тоа беше најлошото нешто што некогаш сум го видел“, изјави Томас помладиот за „Сан“. Тој исто така тврди дека пронашол три фотографии од голи девојчиња и изјавил за „Сан“ дека една од нив изгледа е направена во поранешниот дом на неговиот татко во Росарито, Мексико. Според британскиот весник, Томас помладиот пронашол и стари книги кои, како што тврди, биле полни со фотографии од голи девојчиња. Една од нив наводно содржела сцени од сексуална злоупотреба на многу мало дете. „Она што го видов ме разболеше. Сето тоа го пронајдов случајно и не знаев што да правам“, изјавил тој. „Веднаш сфатив дека ова е нелегален материјал и дека би можел да завршам во затвор многу години ако не го направам правилното. Се чувствував предаден, лут и згрозен. Знаев дека морам да го пријавам.“Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСемејството на единствената жртва на протестите во Франција бара само едно од државата Семејството на 59-годишен маж кој почина во саботата за време на насилните протести во Париз бара обвинителите да ги објават резултатите од обдукцијата „што е можно поскоро“. Обвинителите во Франција започнаа истрага за да се утврди причината за смртта, изјави адвокатот на семејството за АФП, како што објави LeFigaro.fr. „Бараме резултатите од обдукцијата да ни бидат доставени штом ќе бидат готови, со цел да се утврди причината за смртта“, рече Јури Красулија, адвокат на партнерот на починатиот маж, кој беше хонорарен изведувач и, според него, „немал проблеми со срцето“. „Никој не нè информира за тоа што се случува. Никој не сака да ни даде попрецизни информации“, се пожали адвокатот. Обвинителите започнаа истрага за причината за смртта за да се утврдат околностите под кои починал мажот. Според првичните наоди на обвинителите, се претпоставува дека смртта настапила поради ненадеен здравствен проблем во близина на Плоштадот на Републиката. „Еден маж почина на улицата „Шато д'О“, која води од Трг Република, едно од главните жаришта на насилство во саботата. Неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина, соопшти обвинителството.Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter