ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
1ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
ЗабаваХајди Клум се фотографираше во фустан со метален сјај и мала чанта со златна рипка! Спектакуларниот сребрен фустан е една од најновите креации на дизајнерката Кејт Бартон.Популарната Хајди Клум честопати знае да ги насмее и водушеви милионите фанови ширум светот. Славната манекенка се појави на доделувањето на наградите „Фешн траст авордс“ (Fashion Trust Awards) во необичен фустан со метален сјај и преголем појас што фигурата на згодната манекенска ја правеше уште повитка. Спектакуларниот сребрен фустан е една од најновите креации на дизајнерката Кејт Бартон, а идејата е да остава впечаток на течен метал врз кожата на Хајди. Целата комбинација Клум ја надополнила со сребрени сандали, гломазни сребрени прстени и црна сенка за очи. Сепак, еден детал на сите им падна во очи. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) На прв поглед, посетителите беа апсолутно сигурни дека Клум носи мини аквариум со златна рипка. Манекенката и порано знаеше да се пошегува со публиката, па овој нејзин гест не беше нетипичен за неа. Сепак и чантата е дело на познатата креаторка Кејт Бартон, а станува збор за додаток кој има округол облик и е пластичен. Со оглед што славната манекенка оневозможила да се коментира на нејзиниот профил на Инстаграм, на страницата на дизајнерката се појавија низа пофалби за идејата што ја понесе славната Хајди. Хајди е позната како модел кој поседува голема моќ на трансформација. Поради ова, иако е на прагот на својата 6-та деценија, таа сè уште ги краси насловните страници на најпрестижните светски магазини. Клум објави и серија фотографии насловени како: „Се смеам одвнатре“, алудирајќи на фактот што е видно сериозна на сите фотографии поради потребите на снимањето. На насловната фотографија таа носи кремав фустан со пердуви кој во горниот дел едвај ги покрива нејзините гради, а Хајди го кренала до препонот. На една од фотографиите таа носи памучен бел фустан и има со мокра коса. Тука е и фотографијата на која манекенкаа носи златен ретро костум за капење кој ги истакнува сите адути на убавата манекенка. За многумина најинтересна беше фотографијата на која Хајди е во кафен фустан, со минимална шминка, ретро златни обетки и залижана коса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системотСДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава. Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонтинуирани вонредни инспекциски надзори низ КарпошКомуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема. Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема. Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМакедонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжуваОд првиот настап како независна држава до денес, македонските спортисти освоија 14 медали на Медитеранските игри – три златни, две сребрени и девет бронзени. Сите медали се освоени во индивидуални спортови, а најголем број резултати доаѓаат од борење, карате, таеквондо и бокс Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот на македонскиот спорт. На Собранието на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), одржано во Пескара, Италија, во 2009 година, Македонија, преку Македонскиот олимписки комитет, беше официјално примена како полноправна членка на оваа меѓународна спортска организација, со што ги стекна условите за учество на Медитеранските игри. Македонија првпат настапи како независна држава на Медитеранските игри во 2013 година во Мерсин, Турција. Со делегација од 116 спортисти, нашата земја беше претставена во 19 спортови и дебито го заврши со пет освоени медали – едно сребро и четири бронзени медали. Најголемиот дел од освоените медали во Мерсин дојдоа од боречките спортови, со што уште на првото учество беше потврдена силната традиција и квалитетот на македонските спортисти во овие дисциплини. Вториот настап следуваше во 2018 година во Тарагона, Шпанија. Овие игри останаа запаметени како најуспешниот настап на Македонија според бројот на освоени медали. Македонските спортисти освоија шест медали, меѓу кои и првите златни медали во историјата на македонските настапи на Медитеранските игри. Берат Јакупи во карате го освои првото злато за Македонија, а златен медал освои и Магомедгаџи Нуров во борење. Дополнително, Дејан Георгиевски во таеквондо освои сребро, додека бронзени медали освоија Ненад Келебиќ и Жарко Арсовски во карате, како и Дејан Митров во борење. Последниот настап пред Таранто 2026 беше во 2022 година во Оран, Алжир. Македонската делегација освои три медали – едно злато и две бронзи. Магомедгаџи Нуров во борење повторно се искачи на највисокото место на пиедесталот, додека Владимир Егоров во борење и Дејан Георгиевски во таеквондо освоија бронзени медали. Несомнено, освоените медали се резултат на долгогодишната работа, посветеноста и дисциплината на спортистите, но и на придонесот на Македонскиот олимписки комитет, националните спортски федерации, тренерите и стручните тимови кои стојат зад нивниот развој. Покрај освоените медали, значењето на Медитеранските игри е многу пошироко. Тие претставуваат важна сцена за афирмација на македонскиот спорт, место каде младите и искусните спортисти ги одмеруваат силите со најдобрите во регионот и стекнуваат искуство кое често претставува чекор кон нови големи спортски предизвици. Со настапот во Таранто 2026, Македонија ќе ја продолжи својата медитеранска спортска приказна. Четвртиот настап на овие игри ќе биде нова можност за македонските спортисти да се претстават на големата меѓународна сцена, да ги промовираат олимписките вредности и да испишат нови страници во историјата на македонскиот спорт.Тагови: Медитерански игри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00