3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
Технологија„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселенатаGoogle се вклучува во трката за вселенски центри за податоци и веќе следната недела планира да лансира експериментален сателит со големина на фрижидер и процесорската моќ на еден сервер. Прототипот е дел од проектот „Suncatcher“, преку кој компанијата има за цел да го тестира процесирањето на податоци за вештачка интелигенција во орбитата. Илон Маск исто така реагираше на планот на Google. Сопственикот на SpaceX предвидува дека речиси сите компјутерски операции би можеле да се префрлат од Земјата во вселената. Вештачка интелигенција во орбитата SpaceX на Илон Маск и Blue Origin на Џеф Безос веќе развиваат свои проекти поврзани со центри за податоци во орбитата, а сега им се придружува и Google. Концептот зад проектот „Suncatcher“ е да се искористи речиси постојаната сончева светлина за напојување на моќните системи за вештачка интелигенција надвор од Земјата. Според „New York Times“, овој пристап би можел да го намали оптоварувањето на електричните мрежи на Земјата, како и потрошувачката на вода потребна за ладење на големите центри за податоци. Сепак, технологијата е сè уште далеку од комерцијална примена. Големи технички предизвици Google и неговите конкуренти допрва треба да докажат дека концептот на вселенски центри за податоци е технички изводлив и финансиски исплатлив. Клучните предизвици вклучуваат вселенски отпад, зрачење што може да ја оштети електрониката, ладење на опремата и одржување стабилна и доволно брза врска со Земјата. Одржувањето претставува посебен предизвик. Додека неисправна компонента во центар за податоци на Земјата може релативно лесно да се замени, поправката на уред што кружи на стотици километри над планетата е значително посложена и поскапа. Постојат и предупредувања во врска со влијанието на таквите проекти врз животната средина. Големите констелации од сателити би можеле да ја зголемат количината на материјал што согорува при влегувањето во атмосферата, што потенцијално би влијаело на хемискиот состав на атмосферата и на озонската обвивка. Затоа Google напредува постепено. Неговите инженери моментално во лабораторија ја тестираат издржливоста на првиот експериментален сателит; лансирањето е закажано за 1. октомври со ракетата Falcon 9 на SpaceX. Првиот сателит на 1 октомври Сателитот е дизајниран да остане во орбитата до шест години, по што се очекува да изгори при влегување во атмосферата. Неговата примарна цел е да се тестира како компјутерската опрема функционира во реални вселенски услови. „Искрено кажано, не очекуваме да имаме нешто оперативно корисно во следните неколку години“, изјави за „Њујорк тајмс“ Џејмс Мањика, потпретседател за истражувања во Google. Тој го спореди развојот на проектот со оној на автономните возила – технологија на која Google работи веќе 15 години. Google планира да лансира уште два сателита до следната година, по што следуваат планови за констелација од 80 сателити кои ќе се движат во блиска формација. Компанијата се надева дека до средината на 2030-тите години, трошоците за вселенските центри за податоци да станат споредливи со оние на Земјата. Маск: Речиси сè се сели во вселената Технологијата моментално е многу ограничена. Со оглед на сегашните можности, чиповите во вселената можат да работат само околу 15 минути пред да мора да се исклучат за да се изладат. Коментирајќи ја најавата за проектот на Google, Маск предвидува дека најголемиот дел од компјутерската инфраструктура на крајот ќе се пресели во орбитата. „Обемот на обработка на податоци во вселената очигледно на крајот ќе достигне 100 проценти од вкупната обработка“, напиша тој на платформата X. Засега, неговото предвидување е далеку пред можностите на технологијата што Google штотуку почнува да ја тестира. Сепак, фактот што Google, SpaceX и Blue Origin истовремено развиваат слични концепти покажува дека идејата за орбитални центри за податоци веќе не е само футуристички експеримент. Извор: www.index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
БалканШести ден протести и тензии во Тирана – полицијата продолжува да интервенираПремиерот Рама ги отфрли повиците за оставка, ги повика на дијалог демонстрантите но и обвини за „странско влијание„ позади протестите. Шести ден протести и тензии во Тирана – полицијата продолжува да интервенира со водени топови и солзавец, како и да ги приведува демонстрантите кои на синоќешните судири фрлаа камења, молотови коктели и огномет, на што полицијата одговори и со гумени куршуми. Премиерот Рама ги отфрли повиците за оставка, ги повика на дијалог демонстрантите но и обвини за „странско влијание„ позади протестите. -Ниту една држава – ама баш ниту една – не може да издржи ваква ситуација. Држава што ќе подлегне на ваква ситуација не би можела да се опорави со години, и години, и години. Затоа, ајде да застанеме и да размислиме. Затоа ги повикувам сите што сакаат да стапат во дијалог, сите што сакаат да воспостават контакт, сите што сакаат да разговараат – со камери или без, со фотографии или без – во кабинетот на премиерот, на универзитетот, каде и да сакате. - Еди Рама, премиер на Албанија Според албанското Министерство за здравство, вкупниот број на повредени лица овие денови достигна 272, од кои 169 се полицајци. Илјадници луѓе во пошироко антивладино движење, меѓу кои средношколци и студенти, протестираат против наводната корупција, невработеноста и ниските образовни стандарди, барајќи итна оставка од Рама. -Еди Рама мора да поднесе оставка. Веднаш. Инаку, некој може овде да загине. Полицијата не сака да зборува со нас. Само фрлаат солзавец во количина која што не сум ја видел претходно. Протестите денеска продолжија и во Франција, каде локалните власти се уште ги проценуваат материјалните штети по вчерашната ескалација - насилни судири, грабежи и пожари беа пријавени во Париз, Лион, Марсеј и Лимож, каде што беше запалено и градското собрание. Вчерашниот одѕив е проценет на 550.000 од француското МВР, но според организаторите бројката се движи до скоро 900 000 демонстранти. -Денеска со инфлацијата е многу тешко да си ги дозволиме основните нешта за живот. Затоа сум тука за да ја покажам мојата поддршка. Претседателот Емануел Макрон ќе се обрати на францускиот народ вечерва, објави Елисејската палата, а пред тоа ќе се состане со министрите со оглед на засилениот притисок врз неговата Влада за справувањето со вчерашните насилни судири. Макрон засега накратко се огласи на социјалните мрежи, ветувајќи дека ќе ги гони одговорните. -Оние кои вандализираа и нападнаа владини згради и бизниси, па дури и ги ограбија нашите општински собранија, ќе бидат гонети и казнети. Сите ќе застанеме обединети против сејачите на хаос, кои сакаат само да ги уништат нашите институции и да ги спречат оние кои мирно ги изразуваат своите барања да го сторат тоа.- Емануел Макрон, претседател на Франција Првично фокусирани на образованието, протестите во Франција се проширија и на незадоволството поради зголемувањето на трошоците за живот, проблемот со домувањето, социјалната нееднаквост како и влошувањето на јавните услуги. Токму овој револт е и причина за протестите кои иако со помал интензитет деновиве почнаа да се одвиваат и во Италија, Португалија и Белгија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
ХороскопНеделен хороскоп за 19. до 26. октомври 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 19. до 26. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрон се урна во ЛитванијаДрон, кој најверојатно навлегол во литванскиот воздушен простор од соседна Полска, се урнал на северот од оваа земја-членка на ЕУ и НАТО, соопшти денеска министерот за одбрана Робертас Каунас.Остатоците оштетиле приватен автомобил, но нема повредени, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Националниот центар за управување со кризи. Засега не е познато дали леталото носело експлозив, а во тек е истрага, додаде тој. Претходно денеска, властите ги повикаа жителите во централните и северните делови на земјата да побараат засолниште поради присуството на неидентификуван летечки објект. Во областа беа испратени борбени авиони на НАТО за заштита на воздушниот простор, а аеродромот во Каунас беше затворен во траење од околу еден час. Украина: Русите ги попречуваат сигналите Полската војска денеска исто така пријави можно нарушување на својот воздушен простор. Во последните месеци, украински дронови во неколку наврати навлегоа во воздушниот простор на НАТО во балтичкиот регион. Од Киев изјавија дека дроновите отстапиле од планираните патеки на летање поради руско попречување на сигналите. Ова предизвика загриженост дека руската војна во Украина би можела да се прелее преку границите на НАТО. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: дрон Литванија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00