ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија
1ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија
2СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење
3Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
Емисии„Гответе со Дракче“ Кулинарска емисија на Канал 5 телевизија секој работен ден во 15:30!Интересни рецепти, пријатна домаќинска атмосфера заедно со Драгица Стевковска Дракче, со нејзините гости и нивните омилени рецепти кои можеби и вие ќе сакате да ги зготвите. „Гответе со Дракче“ од понеделник до петок во 15:30! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме МакедонијаИлинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија со одговорност и визија Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 10:00 AM (5 minutes ago) to Центар, bcc: me ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД ИЛИНДЕН 02.08.2026 Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност. Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да живее достоинствено и слободно. Крушевската Република остави порака што и денес има силно значење, држава изградена врз слобода, еднаквост и меѓусебна почит. Истите вредности беа потврдени и на АСНОМ, кога беше трасиран патот на современа Македонија. Наследството што ни е оставено не е само повод за гордост, туку и одговорност. Наш долг е да ги штитиме државните интереси, да ги зацврстуваме демократските институции и да создаваме општество во кое владеат правдата, солидарноста и еднаквите можности за сите. Нека Илинден биде потсетник дека секоја генерација има своја улога во продолжувањето на македонската приказна. Да бидеме достојни на оние што се бореле пред нас и со труд, знаење и одговорност да создадеме подобра иднина за оние што доаѓаат. Честит Илинден! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиењеХристијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле. Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода. А водата сѐ уште не е целосно исправна. По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски. Министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна. Сѐ уште чекаме официјална потврда. Сѐ уште не се доставени ни документите за тоа кој потпишал дека водата е технички исправна за капење, додека граѓаните ја користат. Гостивар не е изолиран случај. Проблеми со неисправна вода има во десетици места низ Македонија. Дали знаел и за другите места во Македонија? Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, иако им порача на граѓаните на Македонија, поради изолацијата во која ја доведе државата, да летуваат во Македонија - на планините и езерата. Оди на екскурзија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење. Во Гостивар има епидемија на жолтица. За загадувањето на Лепенец и Вардар - нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија. Мицкоски сакаше да се претстави како спасител. Наместо тоа - јавно призна кривично дело. Скопје, 02.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСалах пред трансфер во Трабзонспор Трабзонспор е блиску до тоа да го „украде“ досегашниот ас на Ливерпул, Мохамед Салах од Бешикташ. Клубот влезе во напредна фаза на преговори со агентот на играчот и сега е многу блиску до постигнување целосен договор со самиот Салах. Како резултат на тоа, Бешикташ официјално ги прекина преговорите на неодредено време, иако претходно имаше постигнато устен договор со претставниците на фудбалерот. Договорот предвидуваше едногодишна соработка со опција за продолжување за уште една сезона, годишна нето-плата од 10 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра преку бонуси, според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, чии информации ги пренесе неговиот колега Санти Ауна. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook