Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост
1Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост
3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
Култура„Госпоѓа министерка“ со 150-та изведба во МНТПретставата „Госпоѓа министерка“ вечер по 150-ти пат ќе биде изведена во Македонскиот народен театар. Режисер на претставата е Наташа Поплавска, а главната улога ја толкува Весна Петрушевска. Директорот на Македонскиот народен театар, Дејан Пројковски на прес-конференција рече дека станува збор за петта премиерна изведба на претставата „Госпоѓа министерка“ во МНТ. - Првата изведба на „Госпоѓа министерка“ е во 1953 година, потоа во 1965 година, 1977 година и 1983 година. Премиерата во 1965, 1977 и 1983 година е обновувана и режисер на тие постановки бил Димитар Ќостаров, сценограф Бранко Костовски, а Мери Бошкова во сите тие претстави ја игра Живка. На 28 март 2009 година се случува премиерата на „Госпоѓа министерка“ со која МНТ расте и созрева заедно со својата публика, рече Пројковски. Посочи дека за 150-те изведби „Госпоѓа министерка“ ја погледнале 58.172 гледачи. Во претставата играат и Нино Леви, Александар Микиќ, Јелена Јованова, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Благица Трпковска, Марија Новак, Драгана Левенска, Софиа Насевска, Томе Витанов, Емил Рубен, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Магдалена Ризова, Даница Георгиевска, Нада Стефановиќ, Борче Нацев, Трајче Ѓорѓиев...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој беа убиени шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, доаѓаат нови информации за повредените. Меѓу жртвите се и возачите на кочии кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а неколку други се тешко повредени, објави нивното здружение, објавува „Полски Онет“. Во пукотницата се повредени 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Регионалниот гувернер Кшиштоф Јан Клечар изјави дека 12 лица се тешко повредени. Меѓу жртвите има и странски државјани. Осомничениот бил совладан и префрлен во болница во Краков, каде што бил опериран поради повреди опасни по живот. Според полициските информации, тој користел полуавтоматска пушка слична на АР-15. Со себе имал и пиштол, а во автомобилот е пронајдено дополнително оружје и муниција. Полското Министерство за одбрана ги отфрли шпекулациите дека напаѓачот бил активен или поранешен член на армијата. Потврдени се тројца пронајдени мртви во домот на напаѓачот Полиш Факт објави дека обвинителот Томаш Вашчук, портпарол на Канцеларијата на окружниот обвинител во Краков, потврдил дека тројцата пронајдени мртви во домот на напаѓачот се неговите родители и сестра. Нивните тела се пронајдени во Островјец Свјетокржиски, каде што живеел 24-годишниот напаѓач, Михал О. 🇵🇱 ❗️@PolskaPolicja weszła do mieszkania zamachowca. Materiał z działań funkcjonariuszy pojawił się na profilu FB Radia Ostrowiec. https://t.co/QpfMPmUH2m — WarNewsPL (@WarNewsPL1) November 7, 2026 Поради стравувања дека можеби биле поставени експлозивни направи во зградата, полицијата прво употребила дрон за да ја провери зградата. Тие ги откриле телата на две жени и еден маж. Околностите на нивната смрт сè уште се истражуваат. Се истражува можен екстремистички мотив Мотивот за масакрот сè уште е непознат. Министерот Киервински рече дека првичните наоди укажуваат дека напаѓачот имал „многу радикални ставови“. Исто така, постојат индикации дека бил фасциниран од крајно десничарските идеологии, но истражителите сè уште не утврдиле дали тие се поврзани со нападот. Полицијата во моментов верува дека дејствувал сам и ги отфрли извештаите за можен соучесник. Да ве потсетиме дека напаѓачот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Убиени се четири жени и двајца мажи. Меѓу загинатите е и еден британски државјанин. Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која ќе трае денес и утре, додека жалоста во Краков ќе трае до среда. Полициската истрага и собирањето докази продолжуваат, а истражителите ги повикуваат сведоците да се јават и да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот. Туск ги објави имињата на ранетите полицајци: „Тие се вистински херои“ Полскиот премиер Доналд Туск ги објави имињата на двајцата полицајци кои го запреа напаѓачот во Краков, каде што во пукањето беа убиени шест лица. „Искусните полицајци Јакуб Кулик и Артур Морањски се вистински херои. Веројатно спасија животи на многу луѓе, без оглед на опасноста да ги изгубат своите. Нивната состојба е сериозна, но имаат многу добра медицинска нега. Цела Полска навива за вас“, рече Туск. Еден од полицајците добил три прострелни рани и се бори за живот, додека другиот е исто така ранет. Министерот за правда Валдемар Журек изјави дека полицајците го запреле напаѓачот со своите тела и спречиле уште поголема трагедија. Полска официјално прогласи дводневна национална жалост Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша указ со кој прогласува национална жалост за масакрот во Краков. Според соопштението за медиумите на портпаролот на претседателот Рафал Лешкевич, жалоста ќе трае на 8 и 9 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28