Култура„Госпоѓа министерка“ со 150-та изведба на 4 февруари во МНТВо Македонскиот народен театар на 4 февруари по 150-ти пат ќе биде изведена претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Наташа Поплавска. Главната улога ја толкува Весна Петрушевска. Директорот на Македонскиот народен театар, Дејан Пројковски денеска на прес-конференција рече дека претставата во режија на Поплавска е петтата премиерна изведба на „Госпоѓа министерка“ во МНТ. - Првата изведба на „Госпоѓа министерка“ е во 1953 година, потоа во 1965 година, 1977 година и 1983 година. Премиерата во 1965, 1977 и 1983 година е обновувана и режисер на тие постановки бил Димитар Ќостаров, сценограф Бранко Костовски, а Мери Бошкова во сите тие претстави ја игра Живка. На 28 март 2009 година се случува премиерата на „Госпоѓа министерка“ со која МНТ расте и созрева заедно со својата публика, рече Пројковски. Посочи дека за 150-те изведби „Госпоѓа министерка“ ја погледнале 58.172 гледачи. Aктерката Петрушевска, која ја игра Живка министерка, рече дека многу ретко актер може да доживее 150 изведби на својата матична сцена. Потенцира дека 4 февруари е Светски ден за борба против ракот и МНТ поканил 30 жени кои ја имале болеста или се членки на Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“ да ја гледаат претставата. Автор на музиката во претставата, нагласи, е претседателот на Здружението, Биба Додева, што според неа, е уште еден дополнителен симболичен момент за нив и на тој начин да дадат удел во Светскиот ден за борба против ракот. - Чест ми е и задоволство ми е што после Мери Бошкова, јас ја играм Живка во еден сосема поинаков модерен концепт, додаде Петрушевска. Режисерката Поплавска истакна дека на денешен ден им била првата проба во 2009 година и дека за неа многу било важно да направи претстава која ќе се приближи до она што го направил тогашниот режисер Ќостаров, кој, како што рече, е темелник на Македонскиот театар. - Имавме голем товар знаејќи со какво дело се занимаваме на авторот Нушиќ кој творел во Скопје и на кој му била инспирација Македонија, потоа Мери Бошкова која на сцената ја играла претставата толку долго време и Димитар Ќостаров, кој постојано смислувал нешто ново и на нов начин ја започнувале „Госпоѓа министерка“. Тоа сега ми нуди нова идеја дека дојде времето после 150-те изведби, можеби од следната сезона, претставата да доживее ново руво, да започнеме одново една приказна, еден нов почеток би и дала на „Госпоѓа министерка“, рече Поплавска. Додаде дека во претставата покажале една нова генерација на млади актери кои ја освоиле сцената. Актерот Нино Леви, кој го игра вујко Васа во претставата, рече дека „Госпоѓа министерка“ му е четврта претстава со ваква бројка после „Народен пратеник“, „Буре Барут“ и „Сомнително лице“. Актерот Александар Микиќ, кој го игра Ристо Тодоровиќ, истакна дека му е задолство што е дел од претставата. - Нушиќ е еден од најголемите мајстори на комедијата особено кога станува збор за глумците, бидејќи неговите карактери и ликови се така добро напишани што ние треба само да им ја облечеме кожата и да застанеме на сцена, додаде Микиќ. Во претставата играат и Јелена Јованова, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Благица Трпковска, Марија Новак, Драгана Левенска, Софиа Насевска, Томе Витанов, Емил Рубен, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Магдалена Ризова, Даница Георгиевска, Нада Стефановиќ, Борче Нацев, Трајче Ѓорѓиев.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива. Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум. По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата. Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати. Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите. Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата. Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната. Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти. СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат. Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси. СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници. Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28