Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка
2Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка
3 Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро
Култура„Госпоѓа Бовари“ во МОБ - балетски спектакл во два чинаВо Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, а кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Климент Тодороски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов. Во главната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари, Франциско Хименез Руиз и Балаж Лочеи како Рудолф Буланже, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. -„Госпоѓа Бовари“ ја претставува сложената психологија на главниот лик преку балет, музика и сценска уметност. Со внимателно избрани музички партитури и динамична кореографија, постановката ја доловува борбата на Ема Бовари меѓу личните желби и општествените ограничувања. Секоја сцена е внимателно дизајнирана да ја истакне емоционалната длабочина, визуелниот сјај и современиот пристап кон класичната приказна, создавајќи незаборавно сценско искуство, наведуваат од МОБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобраниска седница за реконструкција на владатаСобранието со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори.Според предложените кадровски решенија, Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство.. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде заменет од Златко Перински. Иван Стоиљковиќ ќе го преземе министерството за локална самоуправа, додека неговото досегашно министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го раководи Агон Ферати. Во министерството за правда, Јетон Шасивари доаѓа на местото на Игор Филков. За министер за земјоделство е предложен актуелниот државен секретар Борче Серафимовски, кој ќе го наследи Цветан Трипуновски. Министерството за социјална политика ќе го преземе досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, а Седат Сулејмани ќе го замени Зоран Љутков во култура..Тагови: Владата Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураСиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивкаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, синоќа го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и прибежиште на уметноста, амбиент во којшто музиката, зборот и играта стануваат симфонија, а Самоиловиот град летен дом на врвни уметници кои го презентираат најубавото. „Кога Ростропович го распеал и го расплакал своето виолончело во градот на Свети Климент и Наум, а Карерас, небаре Орфеј ги предизвикал птиците, нивните настапи не им го одзеле само здивот на присутните, туку се слеале во езерските бранови, се соединиле со звуците на црковните ѕвона и проструиле низ Самоиловите тврдини, раскажувајќи приказни“, рече претседателката. На крајот, таа укажа дека „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, потврдувајќи дека уметноста е насушна потреба и придобивка. Со гала-концертот „Љубов“, во изведба на светски познатите оперски уметници Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново, во придружба на Националната опера и балет и под диригентската палка на Марко Боеми, започна овогодинешното издание на фестивалот. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувани уметници, драги љубители на уметноста, сакани охриѓани, Пак сме заедно, во театарот на античкиот град Лихнидос. Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза, подготвени да потонеме во сонот на летната ноќ. Верувам дека сите вознемирено ги очекуваме оперската самовила Ермонела и лирскиот волшебник Чарлс, во придружба на уметниците на нашата уметнички прекалена Национална опера и балет, под диригентската палка на Марко којшто веќе три и пол децении другарува со најголемите светски оперски ѕвезди. Да потсетам дека пред шеесет и шест години, под сводовите на Света Софија, нашата оперска дива Ана Липша-Тофовиќ ги отпеала првите фестивалски тонови, означувајќи го почетокот на „Охридско лето“ коешто сè уште живее. Оттогаш до денес, многу генерации уживале во привилегијата да се дружат со врвни музички и театарски личности, познати, обожавани и посакувани на најпознатите уметнички сцени, како исклучителни творци на високи духовни дострели. „Охридско лето“ помни, симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање, срушени предрасуди и научени лекции, културната дипломатија и универзален уметнички јазик. Охрид беше оаза и прибежиште на уметноста, амбиент во којшто музиката, зборот и играта стануваат симфонија, охридски духовен бисер и филигран. Самоиловиот град стана летен дом на врвни уметници коишто го презентираа најубавото. Кога Ростропович го распеал и го расплакал своето виолончело во градот на Свети Климент и Наум, а Карерас, небаре Орфеј ги предизвикал птиците, нивните настапи не им го одзеле само здивот на присутните, туку се слеале во езерските бранови, се соединиле со звуците на црковните ѕвона и проструиле низ Самоиловите тврдини, раскажувајќи приказни. Верувам дека не случајно Охридското Езеро толку прекрасно шумоли, ту нежно, ту страшно, небаре концертна или драмска сцена. „Европскиот Галапагос“, метузалемот стар милион и пол години, не е само природно чудо, под заштита на УНЕСКО, туку и верен сведок на многу цивилизации, јазици и култури коишто низ вековите се среќавале и битисувале на неговите брегови, војувајќи, но и градејќи. Живееме во свет на поделби, конфликти, војни, стравови, несигурност и неизвесност. Човештвото минува низ лавиринти, а достоинството, солидарноста и надежта се соочени со огромни предизвици. За разлика од политиката којашто е далеку од уметност на можното, музиката и театарот, односно културата, остануваат креатори на неможното. Ако огнот, што Прометеј му го подари на човекот ја осветлил ноќта, тогаш творештвото со векови ја осветлува неговата свест и совест. Во оваа смисла, „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, потврдувајќи дека уметноста е насушна потреба и придобивка. Сигурна сум дека не треба да сте родени во Охрид како мене, или да сте охриѓанка или охриѓанец, за да сфатите дека не случајно е македонска културна метропола, а како таква – идеално место за врвен културно-уметнички настан како „Охридско лето“. Дозволете ми, со неизмерна радост и со особена чест, да го прогласам 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ за отворено.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 13. јули 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 13. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Во вашите приватни односи и денеска ќе има доста немир , недореченбост и фрустрации. Останете мирни. Кариера Обидете се да внесете повеќе креативност во својата работа , зашто така ќе работите полесно и со поголемо задоволство , а резултатите секако нема да изостанат. Здравје и совет Одете некаде сами и опуштете се од сите стресови. Лав 23.7-22.8. Љубов На памет ќе ви доаѓа забава без сериозни претензии. Тоа е затоа што нема да добиете она што го сакате. Кариера На работното место денеска би можело да дојде до искажување емоции и таленти кои не сте ги очекувале. Ќе биде интересно како на филм. Здравје и совет Потребно ви е опуштање. Девица 23.8.-23.9. Љубов Друштвеност и отвореност ќе бидат вашите главни квалитети денеска. Оние кои уште се сами , ќе успеваат бргу да остверуваат контакти. Кариера Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успевате да помогнете и да читате меѓу редови таму каде што не може никој друг. Здравје и совет Бидете отворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се потрудите да бидете љубезни во односите со саканата личност.Тоа ќе биде добро прифатено , па ќе ја подобрите комуникацијата. Кариера Веројатно ќе ги игнорирате шефовите и ќе продолжите по свое. Сепак , попаметно би било да најдете некаков компромис. Здравје и совет Може да одите на натпревар на омилениот клуб. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Не влегувајте во расправии , а особено не околу ситници. Вашиот однос ќе се подобри со тек на време. Треба да причекате. Кариера Со нетпрение ќе го чекате крајот на рабнотното време и слободното време зашто едноставно не сте во состојба да работите со задоволство. Здравје и совет Потсетете се на своето хоби. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете во целост свртени кон партнерот , но тој постојано ќе ви носи предизвици , кои во вас ќе будат немир. Кариера Во деловните преговори и на состаноците ќе се потпрете на својата креативност и така ќе најдете заеднички јазик со другите. Здравје и совет Размислете за својата исхрана. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Фантазијата денеска ќе ви работи сто на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што не постои. Можни се нереални проценки. Кариера Ќе се одмеруваат вашите заслуги на работното место. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност. Здравје и совет Преоден пад на имунитетот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ветувањето што сте го дале или сте го добиле ќе биде одржано , а вие спокојни , исполнети и задоволни во пријатно друштво. Кариера Вашите деловни достигнување се се повеќе очигледни , така што не треба да ве загрижуваат мали недоразбирања и кавги. Здравје и совет Спортувајте за да бидете уште посреќни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе се најдете во големо друштво , така што вашите недоразбирања со партнерот ќе бидат незабележани во групата. Кариера Не постои рецепт за успех , кој се обидувате да го најдете , туку едбноставно треба да работите , а резултатите потоа доаѓаат самите од себе. Здравје и совет Некои ќе танцуваат. Овен 21.3-20.4. Љубов Од грубоста на надворешниот свет денеска ќе избегате во светот на својата фантазија. Ништо чудно за вас , но на партнерот му е веќе доста од тоа. Кариера Се наоѓате во фаза кога вашит еуметнички идеи доаѓаат со толкава брзина и количество , што е тешко да ги запрете. Нешто ќе треба да запишете за во иднина. Здравје и совет Ослободете се од секаков притисок. Бик 21.4- 20.5. Љубов На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашата смисла за детали. Кариера На состаноците ќе дојде до непријатност , која од внатре ве нервира. Вие сакате се да е јасно , а ќе се случува спротивното. Здравје и совет Стресови на кои веќе сте навикнати , не се нервирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе дојде до мали надмудрувања меѓу вас и саканата личност. Во тоа вие ќе бидете онаа полудата страна. Кариера Ќе завршите што е можно побргу и со радост ќе му се препуштите на заслуженото безделничење. Здравје и совет Мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter