ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
1ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
Култура„Госпоѓа Бовари“: Балетска премиера во чест на 25 години сценска магија на Марија Кичевска ШокаровскаПремиера на балетот „Госпоѓа Бовари“ на 25 јуни – примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години уметничка дејност. Втората изведба на балетот е закажана за 27 јуни 2025.На 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска. Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет. Втората изведба на балетот е закажана за 27 јуни, 20.00 ч. Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир со општествените норми. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизност и современ израз го доловува духот на 19 век, додека музичката подлога е составена од дела на К. Сен-Санс, М. Равел, Ж. Масне, Ф. Менделсон и Г. Ф. Хендл, сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, светло дизајн, Милчо Александров, а концерт-мајстор е Климент Тодороски, генерален менаџер на проектот: Киро Павлов. Особено значајно е што оваа премиера е посветена на Марија Кичевска Шокаровска, која со својата уметничка кариера остави неизбришлив печат во историјата на македонскиот балет.Таа ќе ја толкува главната улога на Ема Бовари, во останатите улоги ќе настапат, Франциско Хименез Руиз (Шарл Бовари), Балаж Лочеи (Рудолф Буланже), Дмитро Чеботар (Трговецот Лере) и Ендру Кук (аптекар) заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Марија Кичевска Шокаровска е примабалерина на Националната опера и балет, која во текот на својата 25 годишна кариера, се профилира како високо квалитетен играч, со забележителни настапи на домашната и меѓународната сцена. Родена е во Скопје, Република Македонија, каде го оформува и своето балетско образование – од основното, во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, па сѐ до постдипломските студии на Факултетот за музичка уметност, при УКИМ. Во рамките на средното образование, четири месеци престојува во балетската школа на Париската Опера. Во 1999 година се вработува во Балетот при Македонскиот народен театар, каде во моментов ја извршува функцијата Уметнички раководител на Балетот. Покрај ангажманите во својата матичка куќа, Марија Кичевска Шокаровска уметничката дејност ја реализира и на меѓународниот балетски подиум, потпишувајќи повеќегодишни договори со две престижни балетски куќи – во периодот 2002-2007 година работи во Националниот театар во Визбаден (Германија), а во периодот 2007-2010 година работи во Виенската опера (Австрија), настапувајќи при тоа во повеќе први и втори улоги. Покрај тоа, има одиграно главни улоги и на сцените на повеќе престижни национални театри ширум светот, како Театарот Сан Карло во Неапол, Арената во Верона (Италија), Националниот балет во Кишињев (Молдавија), Државната опера во Варна (Бугарија), Државната опера во Пловдив (Бугарија) и тн., настапувајќи со светски познатите балетски имиња Џузепе Пиконе, Данил Симкин, Давиде Дато, Роберт Тусли, Денис Черевичко, Иван Василиев, Дину Тамазлакару и други. Куј е Марија Кичевска Шокаровска? Марија Кичевска Шокаровска, реализира и повеќе турнеи низ Европа и светот - во Шпанија, Италија, Јапонија, Тајван, Мексико и тн. Во текот на својата плодна кариера, има одиграно повеќе од 1000 претстави, со особен успех и изразито сугестивни перформанси толкувајќи над 20 први и многубројни втори улоги. Помеѓу другите, на нејзиниот репертоар се наоѓаат најзначајните главни улоги од балетската литература, како Одета и Одилија во „Лебедово езеро“, Аурора во „Заспаната убавица“, Китри во „Дон Кихот“, Маргарита во „Дамата со камелии“, Клара во „Оревокршачка“, Сињорита во „Прозорецот“, Ваханалија во „Валпургиска ноќ“, Медора во „Корсар“, како и насловните улоги во балетите „Жизел“, „Рајмонда“ „Есмералда“, „Силфида“, „Пепелашка“, „Ана Каренина“ и тн. По повод одбележувањето на 25 годишнината од нејзината уметничка дејност, ќе го толкува ликот на Госпоѓа Бовари во македонската премиера на истоимениот балет. Маестрално изработените креации на Кичевска Шокаровска се карактеризираат со префинетост во изразот, совршена техничка подготвеност, суптилна грациозност и елеганција во движењата, предизвикувајќи секогаш воодушевување кај публиката, но и кај стручната критика. Во 2006 година, таа го добива бронзениот медал на Интернационалниот балетски натпревар во Варна (Бугарија) и наградата за заслуги „Robert Jоffrey Award of Merit“, на Интернационалниот балетски натпревар во Џексон, Мисисипи (САД). Добитник е и на наградата „26 јули“, која во 2015 година, ѝ ја доделува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како најдобар студент на генерацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот. Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година. Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!Со „освоеното“ 41. место меѓу 48 европски економии и со проектиран БДП од едвај 11.760 долари по жител, Македонија е официјално меѓу последните десет економии на нашиот континент. Ова не е само лоша статистика, туку сериозно предупредување за економската состојба и развојната перспектива на државата. Додека Владата помпезно се фали за економски успеси, инвестиции и развој, реалноста е дека Македонија останува меѓу најслабите европски економии. Граѓаните се соочуваат со низок животен стандард, слаба куповна моќ и сè поголема неизвесност, а државата нема убедлива стратегија како да го промени овој тренд. Наместо економија што создава домашна вредност, продуктивност и добро платени работни места, продолжуваме да се потпираме на увоз, евтина работна сила и инвестиции без речиси никаква развојна визија. Домашното производство е запоставено, земјоделството е сè понеизвесно, а зелената транзиција останува на маргините на економските политики. Дури и новите инвестиции, вклучително и дата-центрите, мора да се оценуваат според нивниот вистински придонес за економијата, отворањето квалитетни работни места, потрошувачката на енергија и вода и заштитата на јавниот интерес. На Македонија не ѝ требаат уште владини прес-конференции за економски успеси. Ѝ треба економија во која граѓаните ќе живеат подобро, домашното производство ќе има иднина, а инвестициите ќе создаваат долгорочна вредност. ДОМ бара Владата да престане да ги слави ваквите „резултати“ како успех и конечно да понуди сериозна развојна стратегија заснована врз зелена економија, домашно производство, енергетска сигурност и одржливи инвестиции. Економијата не се мери преку партиски соопштенија, туку преку вистинските показатели за куповната моќ и квалитетот на живот на секој граѓанин!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДождлив викенд со температура до 19 степениВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 13 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 15 Лазарополе, 16 Крушево, 17 Берово, 18 Претор, 19 Охрид, 20 Ѓуриште, 21 Виница, 22 Крива Паланка, Штип, 23 Прилеп, 24 Демир Капија, Струмица, Тетово, Битола, 25 Гевгелија, 27 Велес, 28 Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје – Петровец. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше засилен до силен ветер од јужен правец, кој повремено во Струмица достигнуваше брзина од 39 km/h, во Демир Капија, Виница и Прилеп 64 km/h, Во Штип и Крива Паланка 68 km/h, Во Ѓуриште 72 km/h, во Битола 75 km/h и во Тополчани повремено достигнуваше брзина од 84 km/h. До крајот на денот брзината на ветерот ќе се намали, а во крајните западни и северни делови ќе има услови за краткотраен слаб дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook