Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
Култура„Господ да ја благослови Македонија“ - книга во спомен на претседателот Борис Трајковски„Господ да ја благослови Македонија“ авторите ја посветуваат на нивната колешка Искра Чоловиќ (1960-2023) - доајен на македонското радио-спикерство, новинар и познат и признат македонски публицист,.Во издание на „Студентски сервис“ од Скопје излезе од печат книгата „Господ да ја благослови Македонија“ на Свето Стаменов, политиколог, новинар и публицист, и Билјана Таневска Спировска, новинар на Македонското радио – Радио Скопје, која е посветана на дваесетгодишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски. Книгата ги содржи четирите специјални емисии на Македонското радио – Радио Скопје: „Во спомен на претседателот“ (радио-стории за личноста, делото, човекољубието и хуманоста на претседателот Борис Трајковски) – посветена на тригодишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, (емитувана на 26 февруари 2007 година), „Господ да ја благослови Македонија“ – посветена на петгодишнината, (емитувана на 26 февруари 2009 година), „Сè што е за својот народ, не е тешко да се работи!“ – посветена на десетгодишнината (емитувана на 25 февруари 2014 година), која всушност е интервју со проф. д-р Трајан Гоцевски, министер за одбрана во првата влада на независна и суверена Република Македонија и член на Советот за национална безбедност на Република Македонија во времето на претседателствувањето на претседателот Борис Трајковски, и „Господ да ја благослови Македонија“ – посветена на дваесетгодишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски (емитувана на 26 февруари 2024 година). Специјалните емисии содржат автентични аудио-снимки од говорите на претседателот Борис Трајковски, искази и сеќавања на негови блиски соработници и пријатели и оригинални новинарски извештаи за загинувањето и погребот емитувани на програмата на Македонското радио - Радио Скопје сè со цел да се даде што поцелосна слика за личноста и делото на претседателот Борис Трајковски. Во книгата се поместени и содржините на централната информативно-политичка емисија на Македонското радио – Радио Скопје „Пладневен радиовесник“, емитувана на 26 февруари, 3 и 5 март 2004 година, чиј уредник и водител беше Свето Стаменов, како и двете интервјуа што тој ги реализира со претседателот на Комисијата за утврдување на причините на авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски на Владата на Босна и Херцеговина Салко Бегиќ („Завршени се истражните работи за авионската несреќа“ и „Истрагата за уривањето на ’Кингерот’ влегува во втора фаза“) и првата вест на Македонското радио – Радио Скопје за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски. „Господ да ја благослови Македонија“ авторите ја посветуваат на нивната колешка Искра Чоловиќ (1960-2023) - доајен на македонското радио-спикерство, новинар и познат и признат македонски публицист, која даде огромен придонес во оформувањето на специјалните емисии и која на 26 февруари 2004 година ја соопшти првата вест на Македонското радио – Радио Скопје за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски. Книгата „Господ да ја благослови Македонија“, која излезе со сесрдна помош на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, е збогатена со пригодни текстови посветени на претседателот Борис Трајковски на проф. д-р Цане Т. Мојаноски („Сведоштво за трајната и вонвременска димензија на претседателот Борис Трајковски“), проф. д-р Трајан Гоцевски („Историска и, пред сè, човечка димензија погледната низ новинарското око“), проф. д-р Димитар Пандев (Меѓу достоинството на Република Македонија и достоинството на Македонското радио“) и проф. д-р Милан Јазбец („Книгата како модел на врвен професионализам, историско достоинство и длабоко почитување“), како и со воведниот текст „Книга – споменик“ на Зоран Заев, поранешен претседател на Владата на Република Северна Македонија и основач на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“. Инаку, Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска пред неколку месеци го објавија ЦД „Господ да ја благослови Македонија“, кое ја содржи специјалната емисија емитувана на програмата на Македонското радио – Радио Скопје на 26 февруари годинава, по повод дваесетгодишнината од загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСаем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај ШколкаВо Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЗдравјеНад 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само растИндустриското производство бележи позитивни движења.Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter