Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел
Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување
1Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел
2Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување
3Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?
Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
1Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
3Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Технологија„Google“ воведува голема промена во пребарувањето на интернетРежимот на вештачка интелигенција треба лесно да биде достапен за сите.„Google“ наскоро би можел да направи една од најголемите промени во своето пребарување досега, а тоа е воведување на вештачка интелигенција како стандарден начин за прикажување на резултатите. Имено, Логан Килпатрик, менаџер за производи за „Google AI Studio“, одговори на корисник на социјалната мрежа „X“ кој праша кога „AI Mode“ ќе стане стандарден режим. Неговиот краток одговор беше: „ soon :)“, или наскоро. soon : ) — Logan Kilpatrick (@OfficialLoganK) September 5, 2025 Иако оваа порака предизвика многу шпекулации, потпретседателот на „Google Search“, Роби Штајн, се обиде да ја смири јавноста велејќи дека компанијата моментално работи на тоа режимот на вештачка интелигенција да биде лесно достапен за секој што го сака, но дека не треба да се „чита премногу меѓу редовите“. wouldn’t read too much into this. we’re focusing on making it easy to access AI Mode for those who want it — Robby Stein (@rmstein) September 7, 2025 Што е „AI Mode“? „AI Mode“ е посебен таб во „Google Search“ кој го користи моделот „Gemini“ на вештачка интелигенција за да им обезбеди на корисниците директни, концизни и разговорни одговори, без да мора да кликаат на повеќе различни линкови. Системот користи техника наречена „query fan-out“, т.е. испраќање повеќе барања истовремено и комбинирање на податоци од различни извори за поточен одговор. Овој режим е веќе достапен за корисниците во САД преку претплатата на „Google One AI Premium“ и вклучува нови функции- од резервација на маси во ресторани до купување билети за настани. Доколку „AI“ режимот навистина стане стандарден режим на пребарување, тој би можел да го промени начинот на кој корисниците пристапуваат до информации, но исто така значително да влијае на страниците и порталите кои традиционално зависат од кликови преку „Google“. Веќе многу издавачи забележуваат пад на сообраќајот поради опциите за „AI“ кои им обезбедуваат на корисниците целосни одговори без да мора да ја посетат оригиналната страница. Покрај тоа, „Google“ неодамна го олесни пристапот до овој режим со воведување на пократката адреса „google.com/ai“, што дополнително укажува дека „AI“ во пребарувањето наскоро ќе заземе уште поцентрална улога. Извор: Б92Тагови: Google вештачка интелигенција интернет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите домаМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на Република Србија, д-р Златибор Лончар и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС).На почеток на средбата со министерот Лончар, Клековски се заблагодари за помошта што Србија ја пружи од првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри разговараа за натамошното лекување на повредените од Кочани во српските здравствени установи, според претходната иницијатива. Во фокусот на средбата беше соработката со референтните институции во Србија за високоспецијализирана здравствена заштита и зајакнувањето на капацитетите во Македонија, преку: упатување на лекување и високоспецијализирана помош за сложени состојби; второ мислење и стручни консултации со заеднички стручни тимови за сложени случаи; партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Македонија — практична обука, стручни престои и менторство на клиничките тимови. Министрите разговараа и за дигитализацијата и интероперабилноста на здравствените информациски системи, со интеграција на податоците од јавниот и приватниот сектор. Србија го користи и системот „Мој термин“, кој е развиен во Македонија. Во Универзитетскиот клинички центар на Србија, најголемата здравствена установа во Србија, министерот Клековски се сретна со в.д. директорката, проф. д-р Јелена Друловиќ. На средбата стана збор за можностите за соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје, за упатување на пациенти со сложени состојби, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските клинички тимови. Разговараа и за организациски прашања, а потоа ја посетија Клиниката за неврологија, со фокус на згрижување на лицата со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза. „Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома“, изјави министерот Клековски. Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Србија, Никола ТупанчевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
СветАмерикански сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.Објавата на Трамп доаѓа само два дена откако најави дека се договори со Путин за увоз на руски дизел, но на ова се спротивуваат и републикански и демократски сенатори кои да се откаже од договорот, наведувајќи дека тој е спротивен на американскиот закон со кој се забранува увоз на енергенси од Русија сè додека не ја прекине агресијата врз Украина. „Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци. Тие посочија дека владата не се консултирала со Конгресот и не доставила објаснување за својата одлука, обврска што исто така е предвидена со закон. Трамп во петокот објави дека русија се согласила да испорачува дизел на светските пазари, а неговата администрација привремено ги укина американските санкции за руското гориво. Цените на дизелот се блиску до рекордно високи нивоа, што би можело да им наштети на републиканците на меѓуизборите во САД следниот месец. Според Трамп, Путин се согласил веднаш да ослободи 300.000 тони дизел за американскиот и глобалниот пазар, по што би следела испорака на 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони потоа. Володимир Зеленски остро го критикуваше договорот и го опиша како подарок за путин и инвестиција во неговата војна против украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗемјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширувањеВо четврток и петок во Европскиот совет ќе се дебатира за предлогот за воведување квалификувано мнозинство наместо едногласност при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. Во пресрет на систанокот еврокомесарката за поршпирување Марта Кос порача дека проширувањето ќе биде можно само за земјите кои ја имаат усогалсено безбедносната политика со Унијата. „Безбедноста станува се поважна за ЕУ и станува се поважна за процесот на проширување. Не можеме да си дозволиме да примиме нови земји членки кои нема да ја зголемат нашата безбедност, затоа стратешкиот правец станува се поважен. Минатата недела кога ги представивме резултатите од предпристапниот извештај, јасно кажавме дека само кандидатите коишто се во стратешка линија со нас, ќе можат да ни се приклучат“– Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Иако идеја за промена во начинот на одлучување од консенсус во квалификувно мнозинство потекнува од Унијата, дел од аналитичарите не се оптимисти дека предлог ќе помине. Додека се чека конечната одлука на Европскиот совет за замена на едночасноста со квалификувано мнозинство, за пристапувањето на Западен балкан кон Унијата ќе се разговара и на Самитот ЕУ-Западен балкан кој ќе се одржи кон крајот на ноември во Брисел, на кој ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски кој претходно ќе оствари средба и со еврокомесакраката за порширување Марта Кос. Дали дотогаш ќе има уште една средба со бугарската страна, Мицкоски не прецизираше, но порача дека надминување на блокадата е можно само преку дијалог и прилижување на ставовите меѓу двете земји. Според аналитичарите добор е што дијалогот ќе продолжи, но се скептични дека само преку разговори може да се дојде до решение. Идната недела премеирот Мицкоски ќе биде дел и од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Црна Гора, која пак денеска затвора три преговарачки поглавја со Европската Унија, наместо претходно најавените две. Според тамошните власти ова дополнително ја приближува Црна Гора до целта да стане членка на Унијата до 2028 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook