3Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
Технологија„Google“ наскоро ќе овозможи снимање на разговори?„Google“ наскоро би можел да им овозможи на корисниците снимање на разговори во рамки на „Google Phone“ апликацијата.Ова го откриваат податоците до кои дошол сајтот „9to5Google“, како и тестовите на „XDA Developers“ сајтот. Најновата верзија од оваа апликација вклучува и код кој покажува не само постоење на споменатите функции, туку и како тие можат да бидат вметнати, а да тоа биде во рамките на законот. Покрај тоа, можеби ќе биде овозможена и транскрипција на повиците. Како што сугерира „XDA Developers“,„Google Phone“ апликацијата ќе има тастер за снимање на повиците за време на било кој телефонски повик, откако функцијата ќе биде имплементирана. Со притискање на тастерот започнува снимањето, а тоа најверојатно ќе покренува и „одрекување од одговорност“ кое вербално ќе ги извести двете страни дека разговорот се снима. Овие функции се уште се во фаза на тестирање и не се имплементирани. Тоа значи дека во иднина би можело да се појават во верзии од „Google Phone“ апликацијата но постои можност и дека тоа нема да се случи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката кризаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов министер за одбрана, во обид да ја смири политичката криза предизвикана од разрешувањето на доскорешниот министер Михајло Федоров, чија смена предизвика серија на протести во земјата.На неговото место доаѓа Евгениј Хмара, кој како шеф на домашната разузнавачка служба СБУ ги надгледуваше украинските напади со дронови во длабочината на Русија. Зеленски досега не ја објасни причината за смената на 35-годишниот Федоров, кој го обвини началникот на генералштабот Олександар Сирски дека ги блокирал иницијативите на министерството и не ги решавал проблемите директно. Поради смената на федоров, оставка поднесе заменик-заповедникот на украинските воздухопловни сили Павло Елизаров.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајдобрите ученици се гордост на Општина Аеродром – признанија и награди за првенцитеГрадоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година.Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност. Со особена гордост им честитаме на: Павел Ангелов – ООУ „Александар Македонски“ Стефани Накова – ООУ „Димитар Македонски“ Исидора Илијоска – ООУ „Блаже Конески“ Илина Трпеска – ООУ „Гоце Делчев“ Димитар Стојановски – ООУ „Гоце Делчев“ Ива Минова – ООУ „Љубен Лапе“ Ана Станчева – ООУ „Лазо Ангеловски“ Јаков Грујовски – ООУ „Браќа Миладиновци“ Ангела Давитковска – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Благодарност до наставниците, директорите, стручните служби и семејствата, кои секојдневно ги охрабруваат и поддржуваат младите на патот кон успехот. Општина Аеродром ќе продолжи да ги поддржува и наградува младите таленти, затоа што тие се нашата најголема вредност и најсигурна инвестиција во иднината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаУспешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадарСо фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година.Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои однеодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа како клучна поддршка во нивната кариерна транзиција, обезбедувајќи им напредни алатки за стратешко размислување, поефикасно водење на тимовите и балансирање помеѓу брзите деловни резултати и корпоративната емпатија. Целосната имплементација и предавањата на оваа фаза беа реализирани во соработка со едукативниот центар Prudens – организациски развој и лидерство, чии експерти и тренери понудија високи стандарди на предавање и практични модули прилагодени на современите пазарни предизвици. Низ дискусиите и евалуацијата на програмата, учесниците истакнаа дека обуката дошла во вистински момент за нив, помагајќи им да го надминат почетниот притисок од новите одговорности и со значително поголема самодоверба да пристапат кон менаџирањето на секојдневните процеси во филијалите и секторите. Завршувањето на овие модули е само вовед во долгорочната стратегија на Flex Group за едукација на вработените. По кусата летна пауза, во септември програмата продолжува со нови специфични модули и дополнителни реномирани тренери, со цел натамошно зајакнување на лидерските капацитети на групацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter