„Google“ му оддаде почит на Др. Игназ Семелвајс и потсети како правилно се мијат раце

„Google“ објави и видео кое покажува демонстрација како се мијат раце.

Додека глобалната заедница се соочува со пандемијата на коронавирусот, „Google“ ја искористи својата платформа како најпопуларен пребарувач и го замени логото на својата почетна страна во скоро сите земји на светот со ново лого на кое е претставен Др. Игназ Семелвајс, таткото на контрола на инфекции и пионер во миење раце.

Можеби ќе ве шокира сознанието дека миењето раце тогаш не било вообичаена пракса, дури ни во областа на медицината. Во средината на 19 век Др. Игназ Семелвајс воочил дека новите мајки често умирала од непозната болест која настанувала набрзо по раѓањето на детето.

Тој ја изнел теоријата дека докторите и другиот медицински персонал ненамерно ги инфицираат овие жени со бактерии и други материјали. Кога е именуван за директор на Виенската општа болница во Австрија, 1847 година, Др. Игназ Семелвајс барал сите вработени во болницата да ги мијат рацете.

Благодарение на неговата теорија, стапката на заразеност во виенската општа болница нагло опаднала.

„Google“ објави и видео кое покажува демонстрација како се мијат раце.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

Герасимовски: Решен децениски проблем на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче".

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

„Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Општина Центар

притисни ентер