Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат
2Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат
3Лимани: Младите се наш највреден ресурс – заеднички да создадеме повеќе можности тие да останат дома
Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
Технологија„Google“ го слави својот 25-ти роденден„Google“ денеска слави 25-годишнина.До 1993 година, Интернетот се пребаруваше рачно, но како што стануваа достапни се повеќе веб-страници, потребни беа повеќе опции за брзо пребарување на информации од неговата база на податоци. Во 1998 година, двајца докторанти од Стенфорд, Лери Пејџ и Сергеј Брин, имаа едноставна идеја која, како што се испостави, ќе го промени светот. Го нарекоа „Google“. Интересно е тоа што „Google“ е основан и изграден во студентската соба на Пејџ и Брин, при што првиот сервер користел 10 хард дискови од четири гигабајти кои биле целосно обвиткани во Лего коцки. На почетокот, платформата е позната како „BackRub“, бидејќи се потпирана линкови до други сајтови. Ова, сепак, не трае долго и на крајот го добива името „Google“. Името „Google“ е изведено од игра на зборови на математички израз – „googol“. Она што започна како сервер оттогаш се прошири во апликации, платформи за социјално вмрежување, вештачка интелигенција (ВИ), очила, автомобили, па дури и стана глагол на англискиот јазик. Happy 25th birthday, @Google! 💻 #OTD in #Tech #History 4 September 1998, #Google was founded by #LarryPage and #SergeyBrin, while they were PhD students at Stanford University. pic.twitter.com/17o6hGo8Yi — Nathan Francis (@NathanFrancis__) September 4, 2023 Фразата „Google“ за прв пат беше употребена во една епизода од култната телевизиска серија од 1990-тите, „ Buffy the Vampire Slayer “. Првиот производ што го лансираше денешниот глобален интернет гигант - страницата „Google Search“, беше промовиран на 27 септември 1998 година. „Google“ им понуди на корисниците голем број различни производи и услуги. Меѓу нив, покрај „Google Search“, два се меѓу најпопуларните и користени во светот: услугата за е-пошта – „Gmail“ и најраспространетиот оперативен систем за мобилни уреди во светот – „Android“. Според статистиката на матичната компанија „Alphabet“, вредноста на „Google“ во септември 2023 година изнесува повеќе од 1,7 трилиони долари. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаИзборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокадаИзборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка. Од владејачкото мнозинство велат дека очекуваат консензус, но од опозицијата најавија блокада. Пред собранието е Сандра Спасовска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаМицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мератВладата прави детална анализа на цените на прехрнабените производи по што ќе се знае дали и какви мерки ќе бидат применети со цел нивно намалување. Премиерот Христијан Мицкоски вели лично тој се занимавал со тоа прашање и во моментов работат на методоглоија на идентификување на оние 600 -7 00 произовди кои влијаат врз потрошувачката кошничка. Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува намалување на цените на храната, Мицкоски вели дека Владата темелно навлегува во проблематиката... Ова доаѓа откако пред една недела во владата се одржа средба со претставници на најголемите маркети во државата, а според најавите во деновите кои следат ќе има и средби со добавувачите и производителите. „Јас лично еве ви велам работам на методологија на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме ако треба фактура по фактура и еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како така што ова е една темелна операција што лично ја водам и очекувам мнпогу скоро да имаме резултати кои ќе бидат видливи на терен. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада Од сојузот на стопански комори велат во однос на цените на хтранта најдобро е да се анализираат цените пред и по кризата за да се утврди дали и каде имало злоупотреби. Дополнително велат на сила е и законот за нефер трговски практики кој дпоред нив е најсоодветна алатка за утврдување нерегуларности. Во однос на цените на нафтените деривати од владата велат и по денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, македонските граѓните да точат бензин и гориво по најниски цени, споредбено со земјите од регионот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛимани: Младите се наш највреден ресурс – заеднички да создадеме повеќе можности тие да останат домаЛимани упати благодарност до сите меѓународни партнери за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството останува отворен, транспарентен и посветен партнер за координирано и долгорочно дејствување.Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска го отвори координативниот состанок со меѓународните партнери посветен на напредокот во спроведувањето на Националната стратегија за млади и можностите за понатамошна соработка во областа на младинските политики. На настанот присуствуваа резидентната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, д-р Рита Колумбија, претставници на Германското друштво за меѓународна соработка - ГИЗ, Регионалната канцеларија за младинска соработка на земјите од Западен Балкан (РИКО), дипломатскиот кор, меѓународни организации, донаторската заедница, институции и партнери кои активно придонесуваат во креирањето и спроведувањето на младинските политики. Во своето обраќање, министерот Лимани истакна дека средбата не е само презентација на постигнатото, туку повик за засилена координација и заедничко делување во интерес на младите. „Младите се наш највреден ресурс. Денес тие се соочуваат со избор што ја одредува иднината на државата – дали ќе останат и ќе ја градат својата иднина тука или ќе ја побараат надвор од земјата. Затоа младинските политики не се само прашање на една генерација, туку прашање на демографската одржливост, економскиот развој и иднината на Македонија“, порача Лимани. Тој нагласи дека Министерството работи на создавање систем што ќе им обезбеди на младите повеќе можности, квалитетни услуги, активно учество и поддршка за личен и професионален развој, при што Националната стратегија за млади 2023–2027 претставува клучниот стратешки документ за остварување на овие цели. Министерот најави дека во наредниот период се очекува усвојување на Акцискиот план 2026–2027, кој ќе ги претвори стратешките определби во конкретни, временски дефинирани и финансиски поддржани активности. Посебен акцент беше ставен на потребата од подобра координација меѓу институциите, меѓународните партнери и донаторската заедница, со цел ресурсите да се насочуваат поефикасно и да се постигнуваат поголеми резултати, особено во развојот на локалните младински центри, младинските совети и локалните стратегии за млади. „Инвестициите во младите не се трошок, туку инвестиција во човечкиот капитал, демографската стабилност, економскиот развој и иднината на државата. Нашата визија е јасна – младите да имаат повеќе причини да останат, да се развиваат и да успеваат дома“, истакна Лимани. Тој упати благодарност до сите меѓународни партнери за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството останува отворен, транспарентен и посветен партнер за координирано и долгорочно дејствување. Координативниот состанок продолжи со презентација на досегашниот напредок во имплементацијата на Националната стратегија за млади, размена на мислења и предлози за идна соработка со присутните, како и со заедничка определба за понатамошно јакнење на партнерствата во интерес на младите и нивната иднина во Република Македонија.Тагови: Лимани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09