Годинава потрошени 770.000 евра за прскање против комарци, но кој е ефектот? - Канал 5

Годинава потрошени 770.000 евра за прскање против комарци, но кој е ефектот?

И покрај потрошените 770 илјади евра годинава за борба против комарците, општините од Македонија се уште не можат да го решат овој проблем.

 Годинава потрошени 770.000 евра за прскање против комарци, но кој е ефектот?

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажало дека 48 општини презеле мерки за уништување на комарците – 35 од нив се бореле со комарците од земја, шест се справувале од воздух, додека пак седум општини имале земјено и воздушно прскање.

Најголем договор за уништување на комарците имал Град Скопје, кој лани, за двегодишен третман против комарците од воздух и земја платил половина милион евра.Потоа следуваат Велес и Кавадарци, со потрошени 32 илјади, односно речиси 26 илјади евра.

Нешто помалку чинел договорот на Кочани, 24.790 евра, а Куманово и Штип платиле по околу 21 илјади евра.

– КОМАРЦИ

ГРАД СКОПЈЕ – 526.827 ЕВРА (ЗА ДВЕ ГОДИНИ)

ОПШТИНА ВЕЛЕС – 32.464

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – 25.979

ОПШТИНА КОЧАНИ – 24.790

ОПШТИНА КУМАНОВО 21.138

ОПШТИНА ШТИП – 20.060

Сепак, проблемот со комарците во земјава секое лето предизвикува главоболка кај граѓаните, кои гласно критикуваат.

Професорката по паразитологија, Јована Стефановска вели дека проблемот со комарците не може да се реши целосно. Од пред шест години во земјава е регистриран и тигрестиот комарец, кој е многу поагресивен од сите останати видови. Според професорката Стефановска најдобар начин за справување со комарците, вклучувајќи го и тигрестиот комарец, е прскањето од земја.

Методот кој го воведе Хрватска со пуштање на 100.000 стерилни комарци за справување со овие инсекти, кај нас тешко да се случи, додава таа.

„Неодамна во јуни, по воздушно прскање против комарци имаше и помор на птици во Скопје и скопскиот регион. За анулирање на тигрестиот комарец најважно е прскањето од земја таму каде што е зголемена неговата популација. Техниката на пуштање на стерилни мажјаци во природата се развива за тигрестиот комарец. Многу е интересна и прогресивна, но Македонија се уште нема средства да оддели за имплементација“,изјави, Јована Стефановска – професор од Ветеринарен факултет – Скопје.

Инаку, тигрестиот комарец бил детектиран во 2016 година во реонот на Богданци, а две години подоцна се проширил во Дојран и повеќе општини во Скопје. Денес го има насекаде.

Експертите од земјава исто така регистрирале зголемување на бројот на видовите комарци и нивното присуство е различно од место до место.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германска ракета е лансирана во земјината орбита: Историски момент

Германскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка.

Германска ракета е лансирана во земјината орбита: Историски момент

Германскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка, што претставува пресвртница во напорите на Европа да обезбеди независен пристап до вселената.

Беспилотната ракета „Спектрум“ стана првата комерцијална ракета што стигна до орбитата од континентална Европа, што е пробив за регион каде што неколку земји бараат упориште на брзорастечкиот пазар за лансирање сателити. „Способноста за лансирање во моментов е најголемото тесно грло во целата индустрија“, изјави за новинарите Даниел Мецлер, коосновач и извршен директор на „Исар“.

„Исар“ е приватна компанија и сè уште е добро финансирана, рече Мецлер, додавајќи дека излегувањето на берза во моментов „не е опција“. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поздрави лансирањето со изјава во која го нарече „почеток на нова ера“.

Мерц го посети местото за лансирање на „Исар“ во март и ги истакна напорите на Европа да воспостави поголема автономија, бидејќи глобалниот поредок, некогаш предводен од САД, се менува под водство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Лансирањето беше извршено од норвешкиот космодром Андоја, а Спектрум носеше пет мали сателити и технолошки експеримент, објави Исар. Ракетата е дизајнирана за растечкиот пазар на мали и средни товари. „Независниот пристап на Европа кон вселената штотуку доби голем поттик“, напиша комесарот на ЕУ за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус на социјалната мрежа X.

Тоа беше второ лансирање на Исар, кое се случи 18 месеци откако првата ракета на компанијата падна во морето и експлодираше во огнен спектакл кратко по полетувањето од истата локација. Никој не беше повреден.

Исар произведува уште пет ракети

Исар објави дека во моментов произведува уште пет ракети и сега е фокусиран на зголемување на бројот на лансирања за да се задоволи зголемената побарувачка, со долгорочна цел од околу 40 лансирања годишно. Минатата недела, Исар објави дека обезбедил околу 200 милиони евра од Европската вселенска агенција за финансирање на развој на нови ракети и проширување на инфраструктурата за тестирање и лансирање.

Глобалните играчи на пазарот за лансирање сателити ги вклучуваат американскиот „СпејсИкс“ на Елон Маск и француската „АријанГруп“, заедничко вложување помеѓу „Ербас“ и „Сафран“, која користи вселенски центар во Француска Гвајана во Јужна Америка.

Шведска со својата лансирна рампа „Есранџ“ и Велика Британија со својот космодром „Саксаворд“ на шкотските Шетландски Острови се најблиските конкуренти на норвешката лансирна рампа и сите сакаат да ѝ обезбедат на Европа поголема автономија во вселенските летови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции, само со неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата не се премолчува и толерира.

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Нема ситуација во која СДС нема да се обиде да измисли, конструира и изврти нешто што нема никаква допирна точка со реалноста.

Целосно ја поздравувам и ја поддржувам акцијата на надлежните институции за спречување на корупцијата, како и храброста и решителноста на граѓанинот кој го пријавил барањето за мито и соработувал со институциите за случајот да биде откриен и процесуиран. Само со таков однос, пријавување, постапување и неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира. За вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот.

Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции.

И до сите оние кои мислат дека на ваков начин можат да дојдат до пари или дека ваквото работење може да им се исплати сакам недвосмислено да истакнам дека со оваа Влада, со институциите кои постапуваат и со моето работење како поединец, но и како дел од овој систем, криминалот нема да ви биде исплатлив. Нема да дозволам нечии незаконски постапки да го валкаат угледот на луѓето кои чесно, одговорно и деноноќно работат за резултати, ниту ќе дозволам со такви постапки да се фрла сенка врз работата што ја вложуваме секој ден.

Токму затоа е крајно несериозно и политички бедно тоа што СДС повторно се обидува од конкретен случај да произведе политичка конструкција. Кај нив очигледно нема ситуација во која нема да се обидат да измислат „врска“, да извртуваат факти и да фрлаат клевети, само за да создадат политичка приказна таму каде што не постои.

Но, конструкцијата им е целосно промашена. Нивниот проблем е што не можат да прифатат дека денес институциите постапуваат. Не можат да прифатат дека никој не смее да биде заштитен ако го прекршил законот. И токму затоа денес се обидуваат да ја претстават како проблем акцијата која всушност покажува дека системот функционира. Нема да дозволам нивните политички конструкции да ја сменат вистината.

Корупцијата треба да се пријавува. Институциите треба да постапуваат. А секој што ќе го прекрши законот треба да одговара без оглед на функција, партија или близина со кој било функционер. Тоа е нашата позиција.

А СДС, наместо да измислува приказни, нека се соочи со фактот дека времето на заштита од одговорност заврши, објави на ФБ генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфантино се кандидираше за четврт мандат на чело на ФИФА, нема противкандидати

Џани Инфантино (56) повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА на изборите во март 2027 година. 

Инфантино се кандидираше за четврт мандат на чело на ФИФА, нема противкандидати

Светската фудбалска организација потврди дека Инфантино, кој е на чело на ФИФА од 2016 година, се бори за четврти мандат. Неговата одлука доаѓа по турбулентен период во кој се соочи со силен отпор поради планот за продажба на удели во натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори.

Во официјално соопштение, ФИФА ја цитираше најавата на Инфантино во април дека повторно ќе се кандидира. „Секако, ништо не се променило. Г-дин Инфантино ќе се кандидира“, рече ФИФА. Ова е прва официјална потврда за неговата намера по контроверзиите што следеа по Светското првенство ова лето.

Конфликт со УЕФА

Односите меѓу ФИФА и УЕФА се влошија во последните недели. ФИФА го обвини европското тело за „кампања за оцрнување на федерацијата и нејзиното раководство“ како одговор на правната постапка што ја покрена УЕФА. Минатата недела, УЕФА поднесе правни документи во САД барајќи пристап до докази и документи на ФИФА и предупреди дека може да поднесе кривични пријави во Швајцарија.

Поради спорниот финансиски план, УЕФА претходно се закани дека ќе ги бојкотира сите натпреварувања на ФИФА, вклучително и Светското првенство. Иако европската организација се откажа од обидот да гласа за недоверба на Инфантино, тие се уверени дека можат да му спротивстават на друг кандидат. Гласањето за недоверба би барало промена во статутот на ФИФА, што бара поддршка од три четвртини од членовите, односно 159 гласови, па таквото сценарио во моментов не се смета за реално.

Потрага по противкандидат

Кандидатурата бара поддршка од најмалку 106 од 211 национални асоцијации, а апликациите се примаат до 18 ноември. Досега нема други официјални кандидати за претседател на ФИФА. Претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, неофицијално се споменува како можен противник на Инфантино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер