Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации
1Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации
Забава„Глумците пеат“ со 40 актери и 22-член оркестар во НОБ, темата е „Евровизија“ Евровизија и што би се случило ако изборот се одржи кај нас - е тема на годинашната манифестација „Глумците пеат“ на која познати хитови, домашни и странски, ќе изведат актери од сите театри во земјава.–Изборот на темата е доволно да биде смешно и забавно, сметаат организаторите на шоуто кое ќе се одржи во две вечери, на 29 и 30 март, во Националната опера и балет. Настанот се одржува втора година откако лани беше возобновен по пауза од 15-ина години. Режисер и годинава е Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, дигирент Љупчо Мирковски, a Бобан Мирковски e автор на аранжманите наменски напишани за сите песни кои ќе бидат изведени. На сцена ќе бидат 40 актери и 22 члена во оркестарот, во целата продукција се вклучени околу сто луѓе. Маја Бабиќ од „Баги комуникации“, ќерка на актерот Марин Бабиќ – идејниот творец и организатор на „Глумците пеат“ пред 30 години, на прес-конференција денеска изјави дека шоуто оваа година ќе трае околу два и пол часа и се обидуваат да го вратат настанот онака како што Марин замислувал да го направи. Како што рече, „Глумците пеат“ е најголема продукција во државава и платформа која им овозможува на актерите да излезат од својата комфорна зона, од своите театри, и да имаат целосна слобода да ја креираат својата улога и да соработуваат со колеги со кои можеби ќе немаат можност во текот на кариерата. Особено е шанса за младите актери „да ги добијат своите пет минути“ за да се промовираат. За концептот на настанот рече дека е еден вид приказна со смислена тема која се провлекува низ целото пеење. -Во однос на темата, годинава ќе се обидеме да се шегуваме со сите наши несовршености, во шегобијно светло ќе прикажеме што би било кога Евровизија би се организирала во Македонија, а ќе има и гласање, рече Бабиќ. Според режисерот Пројковски, „Глумците пеат“ е „фабрика за производство на забава“. Манифестацијата, рече тој, не се занимава со ретроспектива, со историјатот на Евровизија, и целта не била да се изберат најдобрите песни од тој натпревар. - Она што е интересно кај „Глумците пеат“ е дека има еден натпревар кој ќе биде покреативен, бидејќи само добрата изведба на песната тука не значи ништо. Ние сме фабрика за производство на забава и тоа ни е основната тема. Ние си ги одбираме песните преку коишто можеме да ја создадеме забавата. Така што, нашиот избор на песни не е наш однос кон песните дали се добри или лоши, рече Пројковски. Бабиќ додаде дека нема да се занимаваат со реални ситуации и реалните организатори на Евровизијата, туку со „универзални, локални теми кои се пренесуваат во секојдневното живеење“. Манифестацијата, која се одржува по повод Светскиот ден на театарот 27 Март, ќе ја водат двајца водители кои не беа откриени. Како што кажа Бабиќ, едниот публиката ќе го запознае, а од другиот ќе се изненади. Организирањето на „Глумците пеат“ е поддржано од неколку спонзори, а првпат доби поддршка и од Министерството за култура. Билетите за двете вечери се распродадени. Иако интересот е голем, засега тимот не размислува шоуто да го пресели во спортска сала. - Ова е, сепак, прослава на театарот. Се надевам дека конечно ќе ни направат концертна сала каде што ќе има барем 1500 седишта за да може квалитетно да направиме продукција, додаде Бабиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуацииНа подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата.Денеска (02.10.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност „Не биди нем сведок“, при што во непосредна комуникација граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, мерките за заштита и за начините како да се препознае психолошко насилство, како и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на насилство. Во Кавадарци пак, беше реализирана превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави. Полициски службеници од СВР Велес и Полициската канцеларија Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби и подобрување на взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, во рамки на кои граѓаните се запознаа со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност. На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата и последиците кои може да настанат од возење под дејство на алкохол, при што на возачите им беше потенцирано дека се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и сигурно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Скопје, Куманово и Штип, акцентот на превентивните активности го ставија на безбедното учество во сообраќајот на пешаците и возачите на мотоцикли и елктрични тротинети. Во ООУ „Св. Климент Охридски” во Делчево, полициски службеници од ПС Делчево и РЦГР Исток им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно. Вчера (01.10.2026) во компанијата „Костал“ во Охрид, Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други служби реализираа показна вежба за евакуација во услови на случен земјотрес и пожар. Вежбата имаше превентивен карактер, со цел координација и заедничко поефикасно делување на тимовите од надлежните служби за брзи и ефективни реакции при земјотреси и пожари и смалување на негативните ефекти од овие појави.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„WFP“: Гладот се влошуваСветската програма за храна (WFP) денес објави дека гладот во Јемен се влошува и дека рекорден број луѓе не можат да ги задоволат своите потреби за храна поради ескалацијата на конфликтот во земјата.Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре прекуграничните напади, пренесе Ројтерс. Обновениот конфликт веќе доведе до раселување на десетици илјади луѓе и би можел да ја промени рамнотежата на силите во Јемен, со последици по поморските патишта во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб. Во областите под контрола на владата до кои „WFP“ има пристап, рекорден број луѓе ја изгубиле можноста да ги задоволат основните потреби за храна за само неколку недели. Три од четири домаќинства прескокнуваат оброци, изјави Метју Холингворт, помошник-извршен директор на „WFP“ за програмски операции. Околу 10 милиони луѓе живеат во областите под контрола на владата. „Последиците од ова најново влошување на безбедносната ситуација врз безбедноста на храната се закануваат да бидат апсолутно катастрофални“, им рече Холингворт на новинарите во Женева преку видео-врска од Рим. Извор: Б92Тагови: WFP Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина КарпошОпштина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница. По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook