3„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади
Култура„Гласот на виолончелото“ концерт на битолскиот камерен оркестар и солистот Станковиќ Директорот на битолскиот Центар за култура Борче Димитровски денеска ги претстави диригентот Ле Фи Фи од Виетнам и српскиот виолончелист Немања Станковиќ кои утре заедно со битолскиот камерен оркестар ќе приредат целовечерен концерт. - Концертот е со наслов „Гласот на виолончелото“, а поддршката за овој културен настан ја добивме од Министерството за култура и ЈП „Стрежево“ како општествено одговорна компанија, истакна Димитровски на денешната средба со новинарите во Битола. Утревечер, со камерниот оркестар на Битола ќе диригира гостинот од Виетнам, Ле Фи Фи кој зад себе има импозантна музичка кариера, а заедно со македонските музичари ќе настапи солистот, виолончелистот Немања Станковиќ. - Овој млад музичар, првенец на белградската филхармонија кој настапувал со младинскиот оркестар на Европската Унија првпат ќе настапи со битолскиот камерен оркестар. За овој посебен културен настан очекуваме полна сала, а вљубениците на класичната музика да имаат необично музичко патување, посочи Димитровски. Според него, Битолскиот камерен оркестар концертната сезона ја продолжува со еден исклучителен настан кој ќе биде оваа сабота во големата сала на НУ Центар за култура. - Гостувањето на светски познатиот виолончелист од Србија Немања Станковиќ воедно претставува потврда за квалитетот на битолскиот камерен оркестар кој работи под патронство на нашата национална установа, рече Димитровски. За Станковиќ настапот со Македонци е дополнителен предизвик, бидејќи, како што рече, се извонредни музичари. - Првпат гледам толку голем интерес на медиумите за овој настан, а добив информација и дека публиката не‘ очекува со нетрпение. Интересно е што во многу држави оркестрите престануваат со работа или згаснуваат, а тука во Битола се обновил и реактивира камерниот оркестар. Тоа за мене е дополнителен предизвик и се радувам што ќе свирам со Македонци за кои важи правилото дека музиката им е во крвта и дека се извонредни музичари, истакна виолончелистот Станковиќ, кој неодамна се стекнал со академската титула - доктор на уметност. На концертот „Гласот на виолончелото“ битолскиот камерен оркестар и солистот Немања Станковиќ, под диригентската палка на Ле Фи Фи, ќе ги изведат делата од Вивалди - концерт за виолончело во Ц-мол, серенада за гудачки оркестар од Е.Елгар, тажен валцер од Сибелиус, игра со сабји од Хачатурјан и романски танци од Бела Барток. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаСпикерот Гаши на средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во РимПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим, во рамките на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа. Тој ја искористи оваа можност да изрази благодарност за бројните проекти преку кои Кралството Холандија придонесува за демократскиот развој и спроведувањето на реформските процеси во Република Северна Македонија. Претседателот Ван Кампен информираше дека во претходниот пратенички мандат ја извршувал функцијата известител во Комисијата за европски прашања за европските перспективи на земјите од Западен Балкан. Во таа насока, претседателот Гаши даде поширок осврт на состојбите поврзани со евроинтегративниот пат на државата, како и на потенцијалните предизвици што произлегуваат од одложувањето на процесот на проширување. Потврдена беше стратешката важност на евроинтеграциите и трансформативниот ефект што би го имало отворањето на пристапните преговори врз општеството. Планот за раст и Реформската агенда беа оценети како позитивни чекори во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на државата кон Европската Унија. Двајцата соговорници се согласија дека постојат можности за унапредување на билатералната парламентарна соработка, како на ниво на пратеници, така и на ниво на парламентарните служби, и покрај тоа што во холандскиот Парламент не постои група за пријателство, каква што функционира во Собранието. На крајот се заложија за натамошно унапредување на билатералната соработка во претстојниот период и преку посети на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во БитолаКомпанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола, со кој во следните четири години се предвидува отворање на 2.000 нови работни места, објави на совјот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. Оваа инвестиција е силен поттик за економскиот развој на Битола, Пелагонија и целата држава, но и потврда за потенцијалот на македонската работна сила и индустрија. Нашата определба е јасна, нови инвестиции, современи технологии, повеќе работни места и конкретни резултати. Разликата ја правиме со дела, а не со зборови! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и младиПочнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“.Почнувајќи од четврток, 22 октомври, креативниот центар „Сончогледи” во Скопје организира циклус од 4 креативни работилници под наслов „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ кој ќе им овозможи на децата преку приказни, разговор, движење и творење да се запознаат со светот на уметноста и да го истражуваат сопствениот креативен израз. Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Василиј Кандински и Винсент ван Гог се четворицата уметници вклучени во овој циклус работилници кои ќе ги инспирираат младите посетители со своите различни светови и идеи, но и специфичните начини на изразување. Секоја од овие креативни средби ќе вклучува кратко запознавање со приказната на уметникот и неговите техники на творење, создавање свое уметничко дело, а потоа и оживување на приказните преку актерска игра и пантомима. Проектот е наменет за деца на возраст од 6 години па нагоре и предвидува реализација на четири тематски работилници, во кои литературата, ликовната уметност и пантомимата се поврзуваат во единствена едукативна програма. Неговата цел е да ја поттикне детската љубопитност, да го развива креативното размислување и да отвори простор за прашања, слободно изразување, соработка и запознавање со светската уметност. Циклусот ќе биде заокружен со јавен настан во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, на кој ќе бидат претставени резултатите од работилниците. Настанот ќе опфати групна изложба на изработените детски дела, пантомимски перформанс и завршна читачка работилница посветена на уметниците обработени во текот на циклусот и нивното значење во историјата на уметноста. Влезот за секоја од работилниците е слободен. Работилниците ги водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог, вајар и магистер по сликарство и Мето Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар. Проектот „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“ е поддржан од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter