Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
2Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаЃорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела ВодаОпштина Кисела Вода ја бележи 2025 година како најуспешна година по реализација на капитални проекти во својата историја. Како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по денешата седница на Советот, каде беше усвоен ребаланс на Буџетот, само во првите шест месеци од годинава се реализирани повеќе капитални инвестиции отколку што биле реализирани во целосни буџетски години во минатото. - Со денешниот ребаланс на Буџетот, се заокружува најинтензивниот инвестициски период во историјата на Кисела Вода. Само преку него, се обезбедени дополнителни 399.947.510 денари за капитални проекти. Кога на ова ќе се додадат средствата веќе предвидени во Основниот буџет за 2025 година, вкупниот износ за капитални инвестиции достигнува рекордни 858 милиони денари, што е значително повеќе од целокупните буџети на општината за време на цел четиригодишен мандат на моите претходници-изјави Ѓорѓиевски. Реализацијата на капиталните проекти во првата половина од 2025 година изнесува 130.003.985 денари, средства со кои се завршени бројни инфраструктурни зафати и други капитални инвестиции. Споредбено со минатото, оваа бројка речиси двојно ја надминува реализацијата во некои од годините под раководство на СДСМ. Покрај капиталните проекти, рекордно ниво е достигнато и во исплатата на субвенции и социјална помош за граѓаните. Вкупно 67 милиони денари се исплатени до сега, што е повеќе од четири пати повисоко ниво во споредба со 2020 и 2021 година. Овој резултат не е случаен. Тоа е резултат на транспарентно, чесно и одговорно управување. Ги скративме непродуктивните трошоци, го зголемивме степенот на наплата и ја удвоивме приходната страна на буџетот. Покажавме дека кога има ред, кога средствата се трошат совесно, се постигнуваат рекорди - посочи градоначалникот Ѓорѓиевски. Во својата, последна година како градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски го заокружува мандатот со целосна реализација на речиси 95% од ветената програма и со обнова и изградба во речиси секоја урбана и рурална заедница во општината. -Ова не е само финансиска и инфраструктурна пресметка. Ова е резултат на еден целосно сменет начин на работа – создадовме нова доверба кај граѓаните, ги ставивме нивните потреби пред политиката, и покажавме како изгледа локална самоуправа која функционира со ред и резултати. Се гордеам што во моментов Кисела Вода е општина која ги менува на подобро вредностите на живеењето. Исто таков модел на менаџирање заслужува и Скопје- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. Општина Кисела ВодаТагови: Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлбански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во АлбанијаМинистерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.Станува збор за имамот Бекир Халими и Ваљон Белја. Според информациите објавени од албански Топ ченел, одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до државната полиција и граничните структури за спроведување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаНов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана. Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми. Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, АлбанијаСпоред статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто.Мерено според куповната моќ вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули годинава била повисока споредбено со седум земји членки на ЕУ, како и повисока од онаа во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција – покажуваат податоците на Евростат за минималните бруто заработки на земјите членки и кандидатки. Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто, додека истиот месец во 2016 таа била 236 евра, што претставува зголемување од 388 евра. ОД сојузот на синдикати велат иако според пресметките за куповната моќ Македонија е рангирана повисоко на листата, тоа не значи дека работниците живеат подобро. Според нив земјава и натаму е на дното во Европа според висината на минималната плата. „Куповната моќ не значи дека работниците живеат подобро, туку само ја споредува вредноста на платите во однос на цените. Реалноста е дека македонските работници и понатаму примаат една од најниските минимални плати во Европа, а секојдневно се соочуваат со високи трошоци за храна, домување, енергенси и други основни животни трошоци.“ - велат од ССМ Од синдикатот и денеска укажаа на неопходноста од континуирано зголемување на минималната и сите останати плати, затоа што велат Македонија не смее да остане земја на евтина работна сила, а работниците велат заслужуваат плата со која ќе живеат достоинствено а не само да преживуваат. Статистиката покажува дека на ниво на ЕУ Луксембург е со највисока минимална плата од 2 771 евро додека најниска е во Бугарија или 620 евра. Според куповната моќ пак живетлите на Германија имаат највисок стандард додека најнизок е во Албанија. Инаку од 27 земји членки на ЕУ 22 имаат минимлана плата, додека во Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска нема минимална плата. Додека на ниво на земји кандидатки и потенцијални кандидатки Црна Гора, Македонија, Молдавија, Албанија, Србија, Турција и Украина имаат, додека Босна, Грузија и Косово немаат минимлна плата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook