3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
Култура Ѓокица Лукаревски лауреат на 13.Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски"За Лукаревски огромна е честа да се добие признанието-лауреат, со кое се вброи во групата великани на македонското глумиште.Во Општина Крива Паланка се одржува 13. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски" кој беше отворен со свеченост во чест на лауреатот, годинашниот добитник на наградата за особен придонес во театарот и културата, истакнатиот актер Ѓокица Лукаревски. Наградата ја врачи градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со што официјално беше отворен фестивалот, кој годинава поради пандемијата со Ковид-19 има скратена програма. Според Гоце Ристовски, познат театарски критичар и публицист, кој е дел од организацискиот одбор на фестивалот, Ѓокица Лукаревски е единствен меѓу актерите препознатлив по мултиталентираноста и мултислојноста во толкувањето на улогите од различни жанри и по освојување на сцената дури и во драмските паузи. -Нешто што е особено својствено нему е што како мајстор на играта, на молкот и паузите умее да ја исполни сцената со своето психо-физичко толкување на точката. Лукаревски е мајстор на импровизацијата, рече Ристовски. За Лукаревски огромна е честа да се добие признанието-лауреат, со кое се вброи во групата великани на македонското глумиште. -Емоциите што овде ги доживеав за мене се и многу тешки, но и многу благодарни. Вакви зборови за моето актерско творештво досега не сум доживеал. Чест ми е што сум дел од лауреатите на овој театарски фестивал, изјави Лукаревски. Тој ги почести присутните со интерпретација на „На гробот на Дениција” од Петре М.Андреевски што ја рецитирал на приемниот испит на ФДУ пред неговиот ментор, Илија Џувалековски. На фестивалската програма што се одржува во Националната установа Центар за култура Крива Паланка по првата претстава одиграна завчера, „Ѕвездено циганско небо” од Театар „Призор”, Белград, утревечер на репертоарот настапува театар провокација од Скопје со претставата „Прво ќе ме земеш, после ќе ме е…”, на 6 октомври настапува Југоарт продукција, Белград со „Што ќе правиме сега”, а фестивалската програма се затвора на 7 октомври со „Партија реми” во продукција на Драмски театар Скопје со Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ во главните улоги. Претставите почнуваат во 19 часот и 30 минути, а се одржуваат во согласност со мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожариДенеска (13.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност насочена кон пешаците како активни учесници во сообраќајот.На граѓаните им беше потенцирано дека кога се во улога на пешаци, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потсетувајќи ги возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило и сите останати сообраќајни правила и прописи, во насока на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во Скопје реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО Чашка на подрачје на Скопје, с. Долно Којнаре и општина Чашка реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано за опасноста од несовесно фрлање и палење ѓубре, стрништа со сува трева, фрлање отпушоци и друг вид запаливи материјали на отворен простор и во близина на шумски појаси, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор. Целта на активностите е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, како и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување. Во рамки на активностите беше поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност. Отсекот за превенција при СВР Куманово, исто така, во соработка со ЈЗУ Општа болница Куманово во Куманово реализираше превентивна активност за заштита на граѓаните од топлотни удари, при што на граѓаните од страна на медицински лица им беа дадени соодветни препораки и совети. Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад остварија работна средба со полициските службеници од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија. На работната средба беа договорени координирани превентивни безбедносни мерки, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор. Беа договорени заеднички полициски патроли низ шумските појаси околу граничниот и пограничниот појас за време на летната туристичка сезона, интензивни контакти за размена на информации за потенцијални ризици и креирање на директни меѓусебни информациски канали за побрза и поефикасна комуникација при евентуална појава на пожари на шумските појаси, како основа за итно известување за евентуално настанат пожар, што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење. Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министриПратениците цел ден расправаат за реконструкцијата на Владата, со која во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски ќе се сменат 8 министри.Со последните информации, од пред собранието ја имаме Јана Јосифовска. Исходот е извесен со оглед на големото владејачко мнозинство, единствено неизвесно е кога ќе биде гласањето. Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаРаспишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорецМинистерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога.Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден. Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека денеска бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба. -Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев. Опозиската СДСМ, преку соопштение ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.Тагови: Цуната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook