3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
Технологија„Ѓаволската комета“ ќе може да се види и со голо око, највидлива ќе биде на 31 март Ѓаволската комета, како што ја нарекуваат криовулканската комета 12P/Pons-Brooks, има дијаметар од 30 километри и орбитира околу Сонцето 71 година.Овој месец ќе се приближи доволно до Земјата што ќе може да се види со голо око, објави Гардијан. Иако првите видувања биле забележани уште во 14 век, името го добил по францускиот астроном Жан-Луј Понс кој ја открил во 1812 година и британско-американскиот астроном Вилијам Робертс Брукс кој ја набљудувал за време на следното прелетување во 1883 година. Кометата има цврсто јадро и е исполнето со мешавина од мраз, прашина и гас, позната како криомагма. Околу јадрото е облак од гас наречен кома, кој истекува од внатрешноста на планетата. Кога сончевото зрачење ја загрева внатрешноста на кометата, се зголемува притисокот и кометата има моќна ерупција во која ја исфрла својата ледена внатрешност во вселената преку пукнатините во обвивката на јадрото. Тогаш кометата добива еден вид рогови, поради што е наречена Ѓаволска комета. Покрај тоа, по две ерупции летово, наликуваше на познатиот „Милениумски сокол“, вселенскиот брод од „Војна на ѕвездите“. Gli astronomi stanno seguendo con attenzione il passaggio di 12P/Pons-Brooks, la #cometa dalla lunga coda che torna nei nostri cieli ogni 71 anni circa.#Cometa12phttps://t.co/sga2RYAuRJ — Dire.it (@direpuntoit) March 12, 2024 -Кометата треба да достигне магнитуда од 4,5 во наредните недели и ќе биде видлива од Британија. Најдобра видливост се очекува на 31 март - изјави д-р Пол Стром за Гардијан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре отворен ден во О. КарпошВо среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на островот Кјушу на југот од земјата, на длабочина од 10 километри и на 25 километри од градот Кумамото. JAPAN EARTHQUAKE MOMENT pic.twitter.com/qytUMzfCdN — 𝑫 𝑬 𝑿 𝑻 𝑬 𝑹 🇫🇷 (@fenerlitopuria) July 28, 2026 Според јапонските медиуми, неколку лица се повредени. По земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и оној на брзиот воз „Шинкансен“, беше прекинат, соопшти компанијата „Кјушу рејлвеј“, пренесе агенцијата Кјодо. Компанијата „Кјушу“ соопшти дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима. Исто така, беше соопштено дека нивоата на радијација околу мерните станици не претрпеле промени. A few minutes ago: The stone walls of Kumamoto Castle collapsed following a magnitude 7.1 earthquake (地震 ) that struck 4 km southeast of Uki, Kumamoto Prefecture, Japan. pic.twitter.com/PwXwldRmIr — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 28, 2026 Американскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека опасноста од цунами по земјотресот поминала и дека не постои закана од цунами за јапонскиот брег. Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, се почувствувало нишање што траело неколку секунди. ▽防災カメラ 07/28 16:40ごろの #熊本県 各地のライブ映像 熊本 水俣・天草・中央区・八代 28日午後4時27分ごろ地震 気象庁は津波注意報を発表 ▼有明・八代海(予想高さ 1m) ▽【地震】熊本県で震度7 各地の #ライブカメラ (NHK)と雨雲レーダーhttps://t.co/HJcCM2sw4K https://t.co/hnwhAIGtOT pic.twitter.com/a1LjwTaqa3 — ライブカメラ検索マップ (@web_camera) July 28, 2026 Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на ФранцијаЛегендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал. Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook