„Ѓаволот од Авињон“ и од затвор ја малтретира сопругата- ѝ испратил понижувачко писмо - Канал 5

„Ѓаволот од Авињон“ и од затвор ја малтретира сопругата- ѝ испратил понижувачко писмо

Ѓаволот од Авињон во декември беше осуден на 20 години затвор за монструозните злосторства што ги направил во текот на годините врз неговата сопруга Жизел (72).

„Ѓаволот од Авињон“ и од затвор ја малтретира сопругата- ѝ испратил понижувачко писмо

Ја силувале над 72 странци, а по една деценија дрогирање и злоупотреба, оваа храбра и горда жена преживеала за да присуствува на судењето на нејзиниот сопруг Доминик Пеликот, чие писмо од затвор неодамна било објавено во книгата на неговата ќерка.

Неговото семејство засекогаш ќе ги трпи последиците од неговите постапки. Повикот на полицијата на 2 ноември 2020 година им ги избриша животите и љубовта што ја чувствуваа кон Доминик. Никој, апсолутно никој, немаше поим за болните постапки и фантазии на нејзиниот татко, сопруг и дедо.

Каролина Даријан, ќерка на монструозниот криминалец, напишала книга за Доминик Пеликот, велејќи дека повеќе не го нарекува татко. Тоа е трогателна и во исто време шокантна исповед за човекот за кого рекла дека „толку го сакала“ и дека „се плашела дека ќе го презира“, пишува Билд.

Во еден пасус, таа опишува како нејзиниот татко се обидел да ја изманипулира својата сопруга надвор од затвор без помош на органите на прогонот со тоа што еден затвореник прошверцувал писмо. Тој го напишал официјално на пар кој биле пријатели со Пеликот. Ќерката цитирала што пишувало во писмото во нејзината книга:

„Пријатели, знам дека ве разочарувам, но вие сте мојата единствена врска со надворешниот свет, бидејќи немам право да контактирам со моето семејство кое страшно ми недостига. Освен страв, вознемиреност, празнина, осаменост, тука е страшно. Во името на нашето поранешно пријателство, „Ве молам земете ми ги моите работи и оставете ги на влезот во затворот: мојата кафена кожна јакна, мојата сива јакна Адидас, моите Најк патики, мојот дебел сив волнен џемпер, појасот без голема тока (и двата пара од панталоните ми се лизгаат надолу)“, се вели во писмото на ѓаволот од Авињон.

„Овде е најлоша досадата, имаме само еден час слобода, а двајца сме во ќелија. Мене ми е доста тешко, свесен сум за страдањето што ѝ го нанесов на личноста што ја сакам најмногу на светот “, продолжува тој.

Во вториот пасус, силувачот ги прашува своите пријатели за датумите на раѓање на неговите внуци. Очигледно и самиот не ги познава, а жената која со години ја дрогирал за да ја малтретира ја нарекува „мое сеќавање“.

На крајот од писмото, ѓаволот од Авињон се плаши:

"Крајот на годината веројатно ќе биде многу тажен за мене, се надевам дека мојата љубов ќе се опорави од ова, го сакам тоа. Ја сакам толку многу, ова ми е уште појасно, дури и да поднесе барање за развод. Таа ќе остане моја вечна љубов. Таа е светица што не можев да ја задржам“, заклучува тој.

Во книгата, ќерката Каролина многу сликовито го опишува конфликтот на нејзините чувства. Таа се осврна на периодите „пред и по Пеликот“ за да ја објасни промената во нејзините чувства.

„Првиот глас ми шепоти: Дали се кае? Дали страда затоа што веќе не сме тука... Вториот глас вели: Тоа е само фер кога ќе земете во предвид колку страдања ни предизвика. Мама, ние, нашето семејство , тоа е она што тој го уништи.“

Таа дополнително ги бележи своите чувства откако го прочитала неговото „тажно“ писмо.

"Јас сум свесна. И убедена дека не нѐ повикува на помош, туку повторно се обидува да манипулира со семејството, како и секогаш. Си ја обезбедува моќта, дури и од далеку, дури и од затвор", напиша Каролина како коментар на писмото од затвор.

Доминик Пеликот го завршува своето писмо со зборовите: „Оваа идеја да бидам отсечен од светот ме полудува“.

Да потсетиме дека Французинот Доминик Пеликот, кој со години беше осуден за дрогирање и силување на сопругата Жизел, нема да поднесе жалба на пресудата, соопшти денеска неговиот адвокат.

Доминик Пеликот, поранешниот сопруг на Жизел, со која 50 години бил во брак, се изјасни за виновен за повеќекратно дрогирање и силување десет години, како и дека го нудел нејзиното тело додека била во несвест на други мажи кои ги запознавал преку Интернет. Цело време го снимал злоставувањето на сопругата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд- конкуренцијата е силна, се тркаат познати актери

Додека гласините за актер кој ќе биде избран за новиот Џејмс Бонд се загреваат, уште неколку ѕвезди од А-листата се вклучија во борбата: Роберт Патинсон и Николас Холт се меѓу оние кои се тестираа за улогата на новиот таен агент 007. 

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд- конкуренцијата е силна, се тркаат познати актери

И двајцата британски актери сигурно имаат актерско педигре за да го играат учтивиот шпион и да ја преземат улогата по 15-годишниот престој на Даниел Крег, објави Варајети.

Тие се исто така добро свесни што е потребно за да се работи во голема франшиза: Патинсон го игра Бетмен за DC Studios и веќе беше дел од франшизите „Самрак“ и „Хари Потер“; Холт, во меѓувреме, го игра Лекс Лутор во филмовите за Супермен на DC и глумеше во трилогијата за приквелот на X-Men од 2010 година. Тој потоа глуми во филмот „Како да ограбиш банка“ на „Амазон МГМ Студиос“, кој ќе се појави во кината на 13 ноември. Патинсон го има и режисерот Денис Вилнев на своја страна, бидејќи глуми во неговиот претстоен епски филм „Дина: Дел 3“.

Минатата година, „Амазон МГМ“ го потпиша Вилнев како следен режисер на франшизата, додека креаторот на „Пики Блајндерс“, Стивен Најт, беше ангажиран да го напише сценариото. Започнувањето на „Бонд 26“ е врвен приоритет за новите шефови на франшизата, продуцентите Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

Оттогаш, британскиот и американскиот печат зујат за името на речиси секој британски актер во триесеттите години, а се шпекулира дека Калум Тарнер, Џош О'Конор и Џек Лоуден се меѓу фаворитите. „Варајати“ дознава дека Хари Стајлс е исто така во преговори за да ја игра улогата, а Тео Џејмс, 41, сè уште не е исклучен од трката.

Пирс Броснан, кој го играше Бонд во 1990-тите, неодамна јавно го поддржа Тарнер, додека Гари Олдман го поддржа Лоуден, неговиот колега од „Бавни коњи“. (Олдман исто така рече дека следниот Џејмс Бонд веќе е избран, но официјалното соопштение за изборот сè уште не е објавено.)

Амазон одби да коментира за гласините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост

По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој беа убиени шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, доаѓаат нови информации за повредените. 

Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост

Меѓу жртвите се и возачите на кочии кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а неколку други се тешко повредени, објави нивното здружение, објавува „Полски Онет“.

Во пукотницата се повредени 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Регионалниот гувернер Кшиштоф Јан Клечар изјави дека 12 лица се тешко повредени. Меѓу жртвите има и странски државјани.

Осомничениот бил совладан и префрлен во болница во Краков, каде што бил опериран поради повреди опасни по живот.

Според полициските информации, тој користел полуавтоматска пушка слична на АР-15. Со себе имал и пиштол, а во автомобилот е пронајдено дополнително оружје и муниција.

Полското Министерство за одбрана ги отфрли шпекулациите дека напаѓачот бил активен или поранешен член на армијата.

Потврдени се тројца пронајдени мртви во домот на напаѓачот

Полиш Факт објави дека обвинителот Томаш Вашчук, портпарол на Канцеларијата на окружниот обвинител во Краков, потврдил дека тројцата пронајдени мртви во домот на напаѓачот се неговите родители и сестра.

Нивните тела се пронајдени во Островјец Свјетокржиски, каде што живеел 24-годишниот напаѓач, Михал О.

Поради стравувања дека можеби биле поставени експлозивни направи во зградата, полицијата прво употребила дрон за да ја провери зградата. Тие ги откриле телата на две жени и еден маж.

Околностите на нивната смрт сè уште се истражуваат.

Се истражува можен екстремистички мотив

Мотивот за масакрот сè уште е непознат. Министерот Киервински рече дека првичните наоди укажуваат дека напаѓачот имал „многу радикални ставови“. Исто така, постојат индикации дека бил фасциниран од крајно десничарските идеологии, но истражителите сè уште не утврдиле дали тие се поврзани со нападот.

Полицијата во моментов верува дека дејствувал сам и ги отфрли извештаите за можен соучесник.

Да ве потсетиме дека напаѓачот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Убиени се четири жени и двајца мажи. Меѓу загинатите е и еден британски државјанин.

Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која ќе трае денес и утре, додека жалоста во Краков ќе трае до среда.

Полициската истрага и собирањето докази продолжуваат, а истражителите ги повикуваат сведоците да се јават и да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот.

Туск ги објави имињата на ранетите полицајци: „Тие се вистински херои“

Полскиот премиер Доналд Туск ги објави имињата на двајцата полицајци кои го запреа напаѓачот во Краков, каде што во пукањето беа убиени шест лица.

„Искусните полицајци Јакуб Кулик и Артур Морањски се вистински херои. Веројатно спасија животи на многу луѓе, без оглед на опасноста да ги изгубат своите. Нивната состојба е сериозна, но имаат многу добра медицинска нега. Цела Полска навива за вас“, рече Туск.

Еден од полицајците добил три прострелни рани и се бори за живот, додека другиот е исто така ранет.

Министерот за правда Валдемар Журек изјави дека полицајците го запреле напаѓачот со своите тела и спречиле уште поголема трагедија.

Полска официјално прогласи дводневна национална жалост

Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша указ со кој прогласува национална жалост за масакрот во Краков.

Според соопштението за медиумите на портпаролот на претседателот Рафал Лешкевич, жалоста ќе трае на 8 и 9 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. 

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен.

Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење.

Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива.

ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?!

Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор:

„Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“

Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај!

Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови.

Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе!

Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите.

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ!

Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат.

Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме!

Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби.

До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно?

Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен.

Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“

Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје

Влез 1 и влез 2

Скендер Мехмет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер