Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
2Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
3ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
Здравје„Ги запознаваме ретките болести 2023“: АмилоидозаАмилоидозата е болест предизвикана од акумулација на амилоиди во органите и ткивата во телото.Амилоидоза/Amyloidosis МКБ E85.0 E85.1 E85.2 E85.3 E85.4 E85.8 E85.9 Преваленца/распространетост: непозната Амилоидозата е болест предизвикана од акумулација на амилоиди во органите и ткивата во телото. Амилоидите се група на фибриларни (влакнести) протеини. Тие обично се произведуваат од клетки во коскената срцевина и можат да бидат складирани во кое било ткиво или орган. Амилоидозата е ретка и нејзината причина е често непозната. Со лекување се настојува да се ублажат симптомите и да се ограничи производството на амилоид. Симптоми: Знаците и симптомите зависат од засегнатите органи. Кога знаците и симптомите се видливи, можат да вклучуваат: оток на зглобовите и нозете, слабост, значително губење на тежината, отежнато дишење, замор, вкочанетост на рацете или нозете, дијареа или запек, зголемување на јазикот, промени во кожата - задебелување или лесни модринки, тешкотии при голтање, протеини во урина, и сл. Примарна амилоидоза: Најчестата форма на амилоидоза може да влијае на многу органи, како што се срцето, бубрезите, црниот дроб, слезината, нервите, цревата, кожата, јазикот и крвните садови. Примарната амилоидоза не е поврзана со други болести освен мултипен миелом како форма на рак на коскена срцевина. Точната причина за примарна амилоидоза е непозната, но познато е дека болеста започнува во коскената срцевина. Покрај производството на црвени и бели крвни клетки и тромбоцити, коскената срцевина произведува антитела, протеини кои штитат од инфекции и болести. Откако антителата ќе ја исполнат својата задача, се распаѓаат и рециклираат. Амилоидозата се јавува кога клетките од коскената срцевина ќе почнат да произведуваат антитела кои не можат да се распаднат. Овие антитела се акумулираат во крвотокот. На крајот, тие го напуштаат крвотокот и можат да се акумулираат во ткивата како амилоиди, што го попречува нормалното функционирање. Секундарна амилоидоза: Оваа форма се јавува со хронични инфекции или воспалителни болести, како што се туберкулоза, воспалителен артритис или остеомиелитис. Влијае на бубрезите, слезината, црниот дроб и лимфните јазли, иако може да влијае на другите органи. Третманот на основната болест може да помогне да се запре прогресијата на оваа форма на амилоидоза. Наследна амилоидоза: Како што имплицира името, оваа форма на амилоидоза е наследна. Често влијае на црниот дроб, нервите, срцето и бубрезите. Амилоидоза поврзана со хемодијализа: Оваа форма на амилоидоза се развива кога протеините во крвта ќе почнат да се складираат во зглобовите и тетивите. Тие предизвикуваат болка, вкочанетост и течност во зглобовите и синдром на карпален тунел. Фактори на ризик: Постојат различни фактори кои го зголемуваат ризикот од амилоидоза, како што се: возраст - повеќето луѓе кои развиваат амилоидоза се постари од 60 години; други болести - пациентите кои страдаат од хронични инфекции или воспалителни болести, кои имаат мултипен миелом, форма на рак на коскена срцевина, исто така имаат зголемен ризик од амилоидоза; семејна историја; дијализа - бубрежно болните пациенти кои се на дијализа имаат зголемен ризик од амилоидоза поврзана со хемодијализа, ова е затоа што дијализата не може да отстрани големи протеини од крвта, а абнормалните протеини се складираат во околните ткива и оваа состојба е поретка кај современите техники на дијализа. Компликации: Тежината на амилоидозата зависи од тоа кои органи се засегнати. Ситуациите опасни по живот вклучуваат откажување на бубрезите и срцева слабост. Кога амилоидозата влијае на бубрезите, се оштетува системот за филтрирање, а тоа понекогаш предизвикува натрупување на протеини во урината. На крајот, оштетувањето може да ја наруши способноста да се отстранат отпадните материи од телото, што може да доведе до откажување на бубрезите. Кога амилоидозата влијае на срцето, чест симптом е отежнато дишење, дури и со малку напор. Кога протеините се акумулираат во срцето, тоа ја намалува способноста на срцето да се пополни со крв помеѓу отчукувањата на срцето. Ова значи дека со секој ритам се пумпа помалку крв. Ако акумулацијата на амилоид влијае на нервите што ја контролираат работата на цревата, постои период на запек и дијареа. Понекогаш оваа состојба влијае на нервите кои го контролираат крвниот притисок и можете да имате вртоглавица или несвестица како резултат на пад на крвниот притисок Третман: Иако не постои лек за амилоидоза, третманот може да помогне во ублажување на симптомите и ограничување на понатамошното производство на амилоид. Третман на примарна амилоидоза: Терапиите се мелфалан или циклофосфамид кои исто така се користат за лекување на одредени видови на рак, додека пак трансплантацијата на периферни матични клетки се прави по високи дози на хемотерапија. Кај третман на секундарна амилоидоза, целта на терапијата е да се третира основната состојба. Третман на наследна амилоидоза: Една од можните терапии може да биде трансплантација на црн дроб бидејќи протеинот што ја предизвикува оваа форма на амилоидоза се произведува во црниот дроб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечерПреполна сала, голем интерес за изложбата за Мајка Тереза и овации за Лазаревски и Стојчески.Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб. Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, подготвена од НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, и концертот камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со специјалното гостување на реномираната пијанистка Нина Костова. На почетокот на настанот се обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Соња Кузмановска. Меѓу присутните беа бројни љубители на уметноста и културата, високи претставници на државни и локални институции во Загреб, членови на дипломатскиот кор, сестри на милосрдието, претставници на верските заедници и други гости. Разновидниот состав на публиката и големиот одѕив уште еднаш го потврдија значењето на културните настани како простор за дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на македонско-хрватските културни врски. Посебно внимание привлече изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, реализирана од Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ од Скопје. Преку четириесетина внимателно одбрани архивски фотографии и документи, поставката претстави значајни моменти од животниот пат на Мајка Тереза, ставајќи посебен акцент на нејзината поврзаност со Загреб. Со спојот на традиционалната музејска презентација и современите дигитални можности, изложбата им овозможи на посетителите да се запознаат со помалку познати детали од животот на големата хуманитарка. Авторка на изложбата е вишата кустоска Цветанка Вучковска Митовска. Загреб зазема посебно место во животната приказна на Мајка Тереза. Токму од овој град, во 1928 година, младата Агнес Гонџа Бојаџиу го продолжила својот пат кон Ирска, каде што го започнала својот монашки живот. Особено е интересно што токму во Загреб е направен и нејзиниот последен фотографски портрет како Гонџа, пред да тргне по патот што ќе ја одведе во Индија и ќе ја направи една од најпрепознатливите хуманитарки во светот. Силен уметнички впечаток остави и концертот на камерното дуо Александар Стојчески и Владимир Лазаревски. Нивната виртуозност, музичка зрелост и впечатлива интерпретација на програмата беа наградени со долготрајни аплаузи и овации од публиката. Концертната вечер доби дополнителна уметничка димензија со настапот на реномираната пијанистка Нина Костова. Со исклучителниот прием на изложбата и концертот, оваа културна вечер прерасна во настан што ги надмина рамките на вообичаената уметничка презентација. Обединети во една целина, изложбата и музичкиот настап воспоставија посебен дијалог меѓу културното наследство, уметничкото изразување и универзалните човечки вредности. Во центарот на таа средба се најдоа хуманоста, љубовта и солидарноста – вредности што не познаваат национални и јазични граници и што на оваа вечер ѝ дадоа пошироко, трајно значење. Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам, а неговата успешна реализација е уште една потврда за посветеноста и професионалниот ангажман на македонскиот КИЦ во Загреб во промоцијата и афирмацијата на македонското културно творештво. Со внимателно осмислени програми и содржини со високи уметнички вредности, македонскиот КИЦ во Загреб ја претставува македонската култура пред хрватската јавност, истовремено создавајќи нови можности за културна соработка и поврзување. Ваквите настани ја потврдуваат значајната улога на културната дипломатија во поттикнувањето на меѓусебното зближување и разбирање, преку уметноста, заедничките вредности и непосредната комуникација.Тагови: Загреб КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирањеЗемјите не успеаја да постигнат нов голем договор за справување со климатските промени на климатската конференција COP31 во Турција. Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, продолжија до вчера и станаа најдолгата климатска конференција на он досега. Главната причина за неуспехот се длабоките поделби околу употребата на фосилните горива и финансирањето на климатските мерки. Европската унија и островските држави од пацификот го отфрлија конечниот договор бидејќи во него директно не се споменуваат фосилните горива. Посиромашните земји, пак, реагираа на отсуството на конкретни финансиски обврски од побогатите држави. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабоко разочарување од исходот на преговорите. Тој ги обвини моќните нафтени интереси дека ја искривуваат науката и го попречуваат преземањето мерки против климатските промени. Австралискиот премиер Ентони Албанезе неуспехот го оправда со тешките геополитички околности.Земјите производители на нафта се спротивставија на споменувањето на фосилните горива во договорот, со што преговорите завршија без конкретен напредок.Тагови: COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter