„Генералка викенд“ во Прилеп, се чисти во околината на вештачкото езеро - Канал 5

„Генералка викенд“ во Прилеп, се чисти во околината на вештачкото езеро

Во рамки на акцијата „Генералка викенд“, доброволци, ученици од основните училишта, од јавните комунални претпријатија денеска учествуваат во чистењето на отпадот во околината на вештачкото езеро во Прилеп.

 „Генералка викенд“ во Прилеп, се чисти во околината на вештачкото езеро

Во рамки на акцијата „Генералка викенд“, доброволци, ученици од основните училишта, од јавните комунални претпријатија денеска учествуваат во чистењето на отпадот во околината на вештачкото езеро во Прилеп, едно од најпознатите излетнички и места за рекреација на прилепчани.

Генералното чистење во Прилеп се спроведува по четврти пат.

- Денеска ќе се собира отпадот од едно од најпознатите излетнички и рекреативни места, кај вештачкото прилепско езеро. Тоа беше и меѓу најпосетуваните за првомајските излети. Затоа решивме овојпат да биде цел на чистење. Учениците се ангажирани за да се испрати пораката дека уште од најмлада возраст треба да се подигнува свеста и да се создаваат навики за чиста и здрава средина, рече Кристијан Тунески, лице за односи со јавност во прилепската локална самоуправа.

На повеќе локалции во Прилеп сѐ детектираат диви депонии. И денеска ќе се интервенира.

-Со механизација на локалната самоуправа и на општествено одговорни фирми ќе се изнесе сметот од две-три диви депонии. И по празниците има оставено смет кој ЈКП „Комуналец“ го собираше. Овие акции и постојаното апелирање се надеваме дека ќе ја подигне свеста за граѓаните да не го расфрлаат сметот, туку да го депонираат на соодветни места, вели Тунески.

Во Прилеп годишно се создаваат околу 30 000 тони отпад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. 

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата.

Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се присутни во реалноста во која се опозиција, па се разголија сега и кажаа дека се себедефинираат како талог, а талогот секогаш паѓа на дно.

Ги направија сите национални предавства, а јасно зборуваат и сега дека веднаш би направиле нова отстапка и ново национално предавство, ако цената е права. Затоа зависат од секого и се лојални на секого, само не на сопствениот народ.

И јасно е одамна дека СДС е партија која делува спротивно на националните интереси и е лојална на надворешни влијанија, и затоа се самодефинираат и пронаоѓаат како талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012).

Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).

Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки ќе се одржи во „Света Софија“ од 21 часот.

Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина. Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот.

Оваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди.

Пшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел.

Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска.

Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“. Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Беспилотно летало погоди прометна плажа на Црното Море во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Вкупниот број на повредени достигна 40, а 17 лица се однесени во болница, Русија ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не даде коментар. Не е јасно што целел дронот. Некои украински канали на Телеграм тврдат дека се урнал на плажата како резултат на електронско војување кое го попречило сигналот на дронот. Несреќата се случила на плажа во близина на селото Архипо-Осиповка на Црното Море. Со својата топла клима, долги плажи и развиена туристичка инфраструктура, таа е популарна дестинација за одмор за русите, особено откако санкциите ги ограничија меѓународните патувања за многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер