„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол - Канал 5

„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол

„Генерацијата З“ е поздравена како „трезно-љубопитно“ поколение, со стапки на ризични однесувања (алкохол, секс, дрога) - на историски ниско ниво. 

„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол

Во таа насока, некои нешта особено влијаат на младите мажи да го намалат алкохолот.

Имено, според ново истражување, помалку „З“ момчиња (родени меѓу 1996. и 2012 година) пријавиле прекумерно пиење во последните месеци на 2021., '22. и '23 година, отколку нивните врснички. Наодите го кренаа алармот за прекумерното пиење кај жените. Но, поподробно разгледување покажува дека тоа затворање на половиот јаз е поттикнато исто толку, ако не и повеќе - од падот на стапката на препивање кај мажите, особено кај младите возрасни мажи. Тој јаз меѓу стапките на пиење кај мажите и жените се намалува последниве неколку десетлетија, но сега првпат жените ги надминаа мажите. Истражувањето е објавено во април 2025., во списанието „ЈАМА“.

Значи, зошто момчињата денес пијат помалку?

Интернистот од Универзитетот во Питсбург, САД, д-р Брајант Шуј ги гледа опаѓачките стапки на прекумерно пиење кај младите мажи како „успех во јавното здравје“, пред сѐ. Но, и според него, сѐ тоа не е така едноставно.

- Дали младите се среќни, социјално поврзани, па затоа пијат помалку; или средовечните и младите мажи се поосамени, помалку социјални и понеподготвени да повикаат пријател на пијачка!? Можеби вистината тука е „некаде на редина“: И помалку алкохол и повеќе осаменост, па треба да размислуваме за решавање на двете појави, појасни лекарот.

Според досегашните научни објаснувања, ги забележале и подредиле причините. Тука се спомнуваат: Внимавањето на младите луѓе околу своето здравје, просперитетната индустрија за задоволување на таа побарувачка, „епидемијата“ на осаменост што ја спомна и Шуи, зголемување на стапката на млади луѓе кои избираат канабис наместо алкохол, како и често претпочитаната дружба преку паметен телефон наместо во кафуле. Неодамнешно истражување спроведено во Холандија, посочува уште една, многу поедноставна причина: Немањето пари (а трошоците сѐ повеќе растат).

Следната графика ги прикажува стапките во периодот 2017. - '19. споредени со 2021. - '23 година.

И интернет-предизвиците како „трезниот јануари“ или „трезно-љубопитни“ инспирирале многу млади луѓе да не пијат, според Брендан Сахо - спортски новинар и водител на емисијата „Ментал гејм“ (The Mental Game).

- И, штом ќе видат дека нивниот личен живот е подобар, и нивното физичко здравје е подобро и дека „никому не му е грижа дали пиеш или не“, тогаш претставувањето на трезен живот станува многу полесно. Тоа сега не е некој предизвик, како што ќе беше пред 10 или 15 години, кога не си „кул“ ако не пиеш!, вели Сахо.

На тоа, велат познавачите, влијаат и новите медиуми и начини на општење, каде што влијателни водители итн. со својот пример се застапуваат против пиењето. Џо Роган, Тео Вон и Ендрју Хуберман, на пр. - сите се откажале од пиењето и отворено говорат за тоа. А, и сите имаат огромен број следачи и обожаватели.

Според написот, ова јавно отворено говорење за трезноста и нејзините благотворности, ѝ дава сигурно чувство на заедница и ги охрабрува луѓето, вклучително и младите мажи - да пијат помалку - или пак, воопшто да не пијат алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин. 

Министерот Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Форумот е официјален придружен настан на Светскиот самит за здравство (World Health Summit), во организација на Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и германската здравствена алијанса (GHA).

На панелот учествуваа и министерот за здравство и социјални работи на Грузија, Михаил Сарџвеладзе, и министерката за здравство на Ерменија, Анахит Аванесјан.

Во своето обраќање, министерот Клековски пред германските и меѓународни претставници на институции, индустрија и академската заедница ги претстави состојбата, предизвиците и резултатите на македонското здравство, како и некои од насоките за понатаму.

Беше ставен фокус на регионално вмрежување и заедничка набавка на иновативни лекови; дигитализација вредна 50 милиони евра преку нова стратегија за периодот 2027–2031, изработена со поддршка од ЕУ, како и поголемо користење на програмата ,,EU4Health".

„Германските компании веќе се меѓу клучните инвеститори во Македонија. Сега сакаме таа соработка да стигне и до здравството – преку нови технологии, дигитализација и едукација на кадрите. Нашите лекари во Германија можат да бидат вистински мост меѓу двете земји“, изјави министерот Клековски.

На маргините на Форумот, министерот Клековски одржа билатерални средби со министерот Сарџвеладзе и со министерката Аванесјан. Тие разменија искуства од реформите на здравствените системи и разговараа за можностите за соработка меѓу земјите од регионот.

Министерот се сретна и со ,,Siemens Healthineers: – за модернизацијата на медицинската опрема и дијагностиката; KPMG – за реформите и дигитализацијата во здравството; Charité – Универзитетската болница Берлин, со која македонското здравство веќе соработува во лекувањето на децата со цистична фиброза со цел натамошна соработка и едукација на кадри; како и со проф. Патрик Јеурисен, советник во Министерството за здравство на Холандија – за холандските искуства со одржливото финансирање на здравствениот систем и со ,,Falk Consulting" – за поддршка на реструктуирање на болниците.

Воедно, тој одржа средба со македонските лекари во Германија.

Во Амбасадата во Берлин, министерот Клековски се сретна со голем број лекари, стоматолози и студенти по медицина од македонската дијаспора. На средбата зборуваа и амбасадорот, проф. д-р Илбер Села и д-р Блашко Димковски, претседател на Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија. Министерот ги претстави реформите во здравствениот систем, а д-р Димковски ја изрази подготвеноста на Асоцијацијата да биде мост за пренесување на германското медицинско знаење и технологии во болниците во Македонија, преку едукации и заеднички научни проекти.

„Само во Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија членуваат речиси 500 лица. Тоа е огромен потенцијал за македонското здравство. Сакаме нашите лекари во Германија да бидат мост за знаење, едукација и соработка“, изјави министерот Клековски.

Инаку, посетата на Берлин започна вчера со средба со претставници на GHA, на Источниот комитет на германската економија и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK). На средбата се разговараше за потребите на македонското здравство, за техничка помош и едукација и за можностите за партнерства.

Министерот Клековски се сретна и со раководството на Бизнис клубот Германија – Македонија (DNMBC), со претседателот Гафар Вејсели и со потпретседателите, Драган Илиевски и Зибер Сељами. Тема на средбата беше пренесувањето на искуства од Германија во Македонија.

Заедно со амбасадорот Села, министерот ја посети и македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“, каде што се гради нов храм.

Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Германија, проф. д-р Илбер Села, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Горан Баре, фронтмен на хрватската група „Мајке“

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок музичари и фронтмен на култната група Мајке, почина на 61-годишна возраст.

Почина Горан Баре, фронтмен на хрватската група „Мајке“

Баре беше една од најважните и најпаметните личности на хрватската рок сцена. Како пејач и автор на групата Мајке, тој остави длабок белег со песни како „Тешке боје“, „Мене не занима“, „Вријеме је да се крене“ и „Буди поносан“, објави Индекс.

Неговата кариера беше обележана со бројни концертни настапи, препознатлив глас и бескомпромисен пристап кон музиката, но и тешки животни борби, за кои отворено зборуваше.

Кон крајот на септември, на Баре му се слоши за време на настап во Макарска, поради што концертот беше прекинат за време на првата песна. Бендот потоа објави двомесечна пауза за Баре да може да се одмори и да се опорави.

Неодамна даде големо интервју за Индекс

На почетокот на септември, во големо интервју за Индекс, Баре зборуваше за животот, музиката и неговиот однос со членовите на Мајке.

„Всушност, се извинувам, но не ми е жал за ништо. Мислам, не би сакал никој да ги доживее работите што ги доживеав јас, но и тоа е животот. Тоа е тага и плачење, и смеа и глад, и ситост и дебелина. Сето тоа е живот и не треба да се срамите од ништо“, рече тој тогаш.

Тој исто така зборуваше за тоа колку му значи бендот: „Да не беа тие, немаше да ме има ни мене. Не гледам никаква среќа без нив. Тие се моите најдобри пријатели и единствените луѓе што ме разбираат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аналитичарите за вчерашните средби во Софија

Средбата меѓу Муцунски и Петрова Чамова покажа дека во Софија ниту може, ниту треба да се бара решение бидејќи тие нема да ја променат својата позиција, дециден е поранешниот амбасадор Ристо Никовски. 

Аналитичарите за вчерашните средби во Софија

Без поголем ентузијазам по вчерашниот дијалог во Софија е и аналитичарот Арсовски, кој вели дека тој поминал во симбол на дипломатска пристојност и куртоазија но без суштински пробив.

-Повторно се пониживме во Софија, свесни дека таму апсолутно нема ништо да се добие. Бугарите ги повторија своите аргументи дека се е во Брисел и дека нема што да бараме кај нив. Првиот дел завршува со фактот дека ние не можевме да избегнеме, бидејќи таа беше иницирана од претседателката на ЕК. Урсула фон дер Лајен. Вториот дел е позитивен бидејќи тоа покажува дека Брисел е свесен дека треба да се бара излез од тој ќорсокак во кој е доведена Македонија. И сега после овој неуспех во Софија, ние треба да се сконцентрираме на Брисел, бидејќи факт е дека се е во нивни раце.- - Ристо Никовски, поранешен амбасадор на Македонија во Обединетото Кралство.

-Во моментот нема промена на ставот дека се работи за Европски консензус во кој Македонија бадијала де факто преговара со Софија. //Тврдата позиција и на Европската комисија и на Бугарија по конкретното прашање за уставните измени врзано со втората меѓувладина конференција ќе остане фиксно. // Во основа ние преговараме во една преговарачка рамка која ние формално сме ја прифатиле и е во нашиот правен промет. Мислам дека евентуално би можеле да разговараме за некаков полесен пат откако ќе ги направиме уставните измени,- -Петар Арсовски, аналитичар .

Во однос на тоа што после оваа средба која се случи по даден „совет„ од претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен, ставовите на Никовски и Арсовски се значително различни. Според Никовски, сега на земјава и преостанува да ги пренасочи своите сили во Брисел со цел промена на преговарачката рамка преку откажување на вториот протокол кој Никовски го оценува како неуставен и нелегален. Додека пак Арсовски цени дека преговарачката рамка ќе остане непроменета, но возможен е како што вели договор на домашен терен според кој, ако ги направиме уставните измени и добиеме нови билатерални условувања надвор од Копенхашките критериуми, ќе ги прекинеме преговорите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер