Забава„G Cаrpet“ слави 4 години4 сезони, 200 емисии, 9000 минути во етерот на најгледаната Канал 5 телевизија, 9000 интересни приказни и одговори кои успеавме да ги извлечеме од највлијателните личности на Балканот со цел да ве забавуваме, опуштиме и оттргнеме од здодевното секојНад 350 познати пејачи, спортисти, актери, водители, модели, политичари од целиот регион продефилираа на златниот тепих. Од Вардар до Триглаф знаат за нас, од Морава до Дунава се слуша за нас од Охрид до Берово се зборува за нас. Во една реченица кажано, ние сме вашата омилена забавна телевизиска целина, Голден Карпет. Но како започна се? За време на пандемијата со Ковид 19 се роди идејата за ново телевизиско парче кое со своите содржини ќе донесе освежување во етерот. На точно 11 мај идејата премина во реалност, граѓаните на Македонија за првпат ја почуствуваа магијата на златниот тепих. Првата емисија на Голден Карпет траеше само 25мин, снимена во студио дупло помало од сегашното, но сепак успеа за кратко време да го привлече вниманието на широката јавност. Водителскиот пар Миро Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ со многу желба и ентузијазам ја започнаа оваа шоу бизнис приказна надевајќи се дека еден ден Голден Карпет ќе стане препознатлив бренд. Благодарение на уникатноста, трудољубивоста и позитивните вибрации на тогашниот добро познат тим, уште во втората сезона Г Карпет се закити со епитетот телевизиски бренд. Почнавме брзо и ефикасно да се развиваме, па дури станавме сериозна конкуренција на останатите емисии од овој тип, се повеќе и повеќе познатите личности и брендови изразија желба да соработуваат со нас, а доказ за тоа е незаборавното патување за Белград, центарот на шоу бизнисот. Успеавме да ги снимиме тамошните ѕвездите за само три дена, а што е најинтересно, без никаков проблем сите прифатија знаејќи кои сме и што сме. Трета сезона ја започнавме со многу труд и љубов, жедни за уште поголеми успеси, но на пола сезона поради оправдани причини Ведрана ја напушти својата водителска позиција. Оваа промена не го закочи развојот и напредокот на најгледаниот телевизиски магазин. Не би биле она што сме доколку со нашата креативност и иновативност не воведовме впечатливи новитети. Најпознатите женски имиња од светот на шоу бизнисот ја заменија фотељата на Ведрана, а интуицијата не не излажа, девојките се покажаа како да се родени за тоа место. Не себичниот придонес за македонската музика и подржувањето на младите таленти ни го даде епитетот современ музички магазин. Но тоа не е се, нормално дека ние по завршувањето на третата сезона решивме да земеме уште поголем замав. Ја искористивме таа шанса, не пропуштивме време и прилика да создадеме брат на емисијата, Голден Самр. Г самр го одбележа минатото лето со ексклузивни игри и предизвици во најголемиот аква парк во Македонија и интересни приказни од најголемите балкански ѕвезди. На сите впечатливи музички настани камерите на Г Самр од прв ред ви ги пренесувааа импресивните моменти. А еден бренд не би се билдал доколку не направи трансфер на едни од најубавите девојки од модниот свет во нашиот ТВ Магазин. Манекенката Моника Црнокрак, повеќекратна мисица, и поранешната водителка на Бекстекџ, манекенката и балерина Ева Јовановска го засилија Г Карпет со својот шарм, шмект и убавина. Освен што ја започнавме сезоната со убави девојки успеавме да одиме уште еден чекор понапред со ново студио во боите на авангарниот стил. Четвртата сезона ја започнавме многу искусно со гости кои и те како значат во своите професии. Сума сумариум изминативе години седнаа и продефилираа во студиото на Канал 5 телевизија балканските имињата како Ацо Пејовиќ, Петар Грашо, Јелена Томашевиќ, Теа Таировиќ, Гоца Тржан, Мирослав Илиќ, Маца Маринковиќ, Јелена Розга, Горан Бреговиќ, Саша Ковачевиќ, Раста, Иван Босилчиќ, Смиљан Мори, Жељко Ребраќа, Џејла Рамовиќ, Андрија Милошевиќ, Дино Мерлин, Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ, Владо Георгиев, Марија Шерифовиќ, Тони Цетински, Даниела Мартиновиќ и многу други, а да не заборавиме и на нашите македонски ѕвезди Влатко Стефановски, Слаткар, Тони Зен, Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Елена Ристеска, Перо Антиќ, Тони Михајловски, Трајче Манев, Панчо ДНК, Антониа Гиговска, Дани Димитровска, Благица Павловска, Блага Петревска, Миле Кузманоски, Наум Петрески, Два Бона и ред други. Тоа беше дел од естрадата а сега ќе видиме што значи Голден Карпет за оние кои не се занимаваат со шоу бизнис, а доминираат на полето политика. Колку Г Карпет кога им е доста од политиката ги опушта и ги задоволува со теми од светот на познатите. Не не пропуштајте, Џ Карпет со Миро и Моника уште една поинаква приказна во етерот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возењеВластите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.Тагови: мито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook