Француска студија: Конзервансите во храната се поврзани со ракот и дијабетесот - Канал 5

Француска студија: Конзервансите во храната се поврзани со ракот и дијабетесот

Вообичаените конзерванси што се користат за зачувување на храната и продолжување на рокот на траење може да бидат поврзани со зголемен ризик од неколку видови рак и дијабетес тип 2, сугерираат две нови студии од Франција.  

 Француска студија: Конзервансите во храната се поврзани со ракот и дијабетесот

„Ова се многу важни откритија за конзервансите кои не само што широко се користат на францускиот и европскиот пазар, туку и во Соединетите Американски Држави“, изјавила главната авторка Матилда Тувие, водач на групата за истражување на студијата NutriNet-Santé, која послужи како основа за двете истражувања. Студијата NutriNet-Santé, која започна во 2009 година, ги спореди онлајн извештаите за исхраната и начинот на живот на повеќе од 170.000 учесници со нивните медицински картони.

„Ова се првите две студии во светот што ја истражуваат поврзаноста помеѓу изложеноста на овие прехранбени адитиви и ракот и дијабетесот тип 2, па затоа мора да бидеме многу внимателни со пораката. Очигледно, резултатите треба да се потврдат“, додава Тувие, директорка за истражување во Францускиот национален институт за здравје и медицински истражувања во Париз.

„Загриженоста поради конзервансите е уште една од многуте причини која ја нагласува важноста на свежата, цела, минимално преработена храна, претежно од растително потекло, за личното и јавното здравје“, коментираше д-р Дејвид Кац, специјалист по превентивна медицина кој не бил вклучен во студијата.

Поврзаноста на конзервансите и ракот

Студијата за ракот, објавена во списанието The BMJ, го анализираше влијанието на 58 конзерванси врз околу 105.000 луѓе кои не заболеле од рак во 2009 година и биле следени до 14 години. Истражувачите откриле дека шест конзерванси, кои американската Администрација за храна и лекови (FDA) ги смета за генерално безбедни, се поврзани со зголемен ризик од рак:

Натриум нитрит (сланина, шунка): го зголемува за 32% ризикот од рак на простата

Калиум нитрат: го зголемува за 22% ризикот од рак на дојка

Калиум сорбат (вино, леб, сирење): +26% ризик од рак на дојка

Калиум метабисулфит (вино): +20% ризик од рак на дојка

Ацетати: +25% ризик од рак на дојка

Оцетна киселина: +15% ризик од рак воопшто

Студијата, исто така, открила дека два антиоксидантни конзерванси, натриум ериторбат и други ериторбати, се поврзани со 21% поголема зачестеност на рак на дојка. „Хипотезата е дека кога ќе изолирате една супстанција од нејзината оригинална матрица, како овошје или зеленчук, ефектите врз нашето здравје може да бидат различни“, објасни Тувие.

Иако опсервациските студии имаат свои ограничувања, истражувачите зедоа предвид голем број други фактори, како што се физичката активност, пушењето и консумирањето алкохол. „Откритието дека одредени класи на конзерванси се поврзани со зголемен ризик од одредени видови на рак беше цврсто дури и по сите овие прилагодувања, што укажува дека ова е прашање што заслужува внимание“, забележува Кац.

Ризик од дијабетес тип 2

Друга студија, објавена во списанието Nature Communications, го испитувала ризикот од дијабетес тип 2 кај речиси 109.000 учесници. Резултатите покажале дека 12 од 17-те анализирани конзерванси се поврзани со речиси 50 проценти поголем ризик од развој на болеста кај луѓе кои ги консумирале најмногу.

Пет од истите конзерванси што се поврзани со ракот - калиум сорбат, калиум метабисулфит, натриум нитрит, оцетна киселина и натриум ацетат - исто така го зголемија ризикот од дијабетес тип 2. Шестиот конзерванс поврзан со ризикот беше калциум пропионат, кој се користи за спречување на раст на мувла.

Во оваа студија, некои антиоксидантни адитиви, вклучувајќи ги алфа-токоферол (форма на витамин Е), натриум аскорбат (форма на витамин Ц), екстракти од рузмарин, натриум ериторбат, фосфорна киселина и лимонска киселина, исто така го зголемиле ризикот од рак.

Анаис Хазенболер, првата авторка на обете студии, нагласува дека се потребни повеќе истражувања за да се потврдат овие наоди. Сепак, таа додава: „Овие нови податоци ги надополнуваат другите во прилог на повторена проценка на прописите што ја регулираат општата употреба на прехранбени адитиви од страна на прехранбената индустрија со цел да се подобри на заштитата на потрошувачите.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер