( ФОТО ) СКАНДАЛ: Tимот на ДИК направи хаос на овие избори, Алијанса и ДУИ победила во Струмичко???

Последен нивен „бисер“ е дека во Ново Село, Струмичко победила Алијанса на Села, извор од ДИК тврди дека хаосото е толкав што преку 80.000 гласови се погрешно распоредени.

Утринава на кратко, на тој фамозен „никогаш-виден ултра брз и модерен гигасајт“ на ДИК, се појавија проекции кои нашиот извор од ДИК тврди не се точни!

Дополнително, оној „илон-маск-лајк_мегатрон софтвер“, со кој ДИК се фалеше цел месец, дека граѓаните во "real-time" ќе ги добивале резултатите, очигледно е „научна фантастика за членовите на ДИК и вистински дебакл.

Македонија не памети во последните 15 години, ДИК во 02 час.по полноќ да нема ни приближни резутати, ниту пак проекција на пратенички места, со што целиот изборен процес го става во една „сива зона“

Погледнете какви небулозни резултати во Ново Село, Струмичко праќале и добивале претставниците на ДИК, кои мораат најпрво ургентно да си ја завршат работата, да објават коректни и точни резултати, а потоа треба да нарават само уште една работа:
Да им се извинат на граѓаните и да си подесат НЕОТПОВИКЛИВИ ОСТАВКИ, при што ќе мора да сносат одговорност за овој блам и хаос во кој ја ставија цела Македонија.
Погледнете ги ирационалните резултати од Ново Село, Струмичко, во три различни гласачки места


Белгиски велосипедист падна од мост во Италија (ВИДЕО)

Белгискиот велосипедист Ренцо Евенпоел падна од мост висок неколку метри во Италија, во областа Ломбардија.

Евенпоел важи за една од најголемите надежи во велосипедизмот

За време на трката „Ил Ломбардија“ се преврте и падна од неколку метри високиот мост.Возачот Декјунинк беше дел од водечката група кои се спуштаа надвор од Колма ди Сормано - најголемото искачување на трката.

20-годишникот бил на четвртото место во групата кога го погодил ѕидот на мостот пред да се преврти и да падне од мостот.

Веднаш дошла итната медицинска помош и младиот велосипедист е однесен вбо болница. Засега не се познати детали за повредите

Белгиецот е еден од најперспективните велосипедисти , кој годинава победи на Трката околу Полска и Бургос.

Откриена брзината на Старлинк интернетот

Интересот за Starlink интернетот постојано расте, а неколку стотици илјади корисници веќе се регистрираа за новата услуга.

Форумот Reddit за Starlink Internet неодамна ги откри брзините што ќе ги понуди новата услуга, така што заинтересираните би можеле да видат дека терминот „супер брз интернет“ се заснова на реалност.

Првите две серии на сателити беа лансирани во мај и ноември 2019 година, а „SpaceX“ планира да постави вкупно 12,000 единици во орбитата на Земјата во наредните пет години, што ќе послужи како т.н. „соsвездие“ на сателитите кои ќе понудат невидени перформанси на интернетот.

Досега се лансирани скоро 600 сателити, а компанијата неодамна објави податоци за забрзано производство и дека со вселенското летало Starship ќе може да се испратат 440 сателити одеднаш, пренесува PC Press.Сега може да се види дека брзините ветуваат, иако експертите предупредуваат дека податоците во раните фази на развој секогаш ветуваат повеќе од тоа што всушност ќе се случи.

Со помош на апликацијата Ookla Speedtest, откриено е дека брзините се движат од 60 Mbps за преземање на податоци од интернет на компјутер (Downstream) и 17,7 Mbps за качување на податоци на интернет (Upstream)..

Мрежата во моментов го опфаќа само северниот дел на Соединетите држави и јужниот дел на Канада, а брзините се тестирани и во Вашингтон.

Бос танцувал на дожд , па добил балетска стипендија во Њујорк (ВИДЕО)

Момче на 11-годишна возраст од Нигерија чиешто видео како танцува на дожд, стана вирално на социјалните медиуми, доби стипендија за студирање балет на престижната американска академија.

Ентони Мемсома Маду танцуваше на дождот во Лагос, а неговото училиште за танцување го сподели видеото на Интернет и тоа веднаш стана хит. Неговите грациозни движења ја воодушевија добитничката на Оскар, Виола Дејвис, но и американскиот балетски театар во Њујорк.

Театарот му понуди на Ентони стипендија и му организира пристап до Интернет, така што 11-годишникот може да има виртуелна обука уште ова лето.

„Освоив голема награда со одење во САД ... Ќе бидам во авионот и тоа е она што ме чека и балетот го направи за мене“, изјави момчето кое не можеше да го сокрие својот ентузијазам за „Вашингтон пост“.

Неговото видео, гледано од милиони, обезбеди и бројни донации за училиштето во Нигерија, каде момчето во моментов вежба.

Основачот Даниел Ајала Овосени изјави дека средствата ќе бидат искористени за промовирање на балетот во Нигерија. „Видов потреба да се донесе оваа уметничка форма која покажува дисциплина, посветеност и строгост“, рече тој.

Ентони за BBC News пред неколку дена изјави дека се чувствувал како да сонува додека танцува. „Онаму каде што живеам нема балетски танчери како мене“, рече 11-годишникот. „Кога луѓето гледаат балет, мислат дека е само за девојчиња, но не знаат дека не е така“.

притисни ентер