„Фортнајт“ добива алатка за пријавување навреди и тормозење - Канал 5

„Фортнајт“ добива алатка за пријавување навреди и тормозење

 Компанијата за видеоигри „Епик“ воведе нова алатка за документирање злоупотреби, тормозење или говор на омраза во популарната игра „Фортнајт“.

„Фортнајт“ добива алатка за пријавување навреди и тормозење

Имено, играчите ќе имаат пристап до „гласовно известување“, т.е. континуирано снимање разговори во сегменти од пет минути, така што играчите можат да ги прикачат како доказ до модераторите ако пријавуваат лошо однесување.

За сите играчи на возраст под 18 години, оваа функција автоматски ќе се вклучи.

Што се однесува до играчите постари од 18 години - тие ќе имаат поголема контрола врз новата функција. Во главните поставки на играта, можете да ја изберете опцијата „Секогаш вклучена“, што ќе важи за секој канал, или „Исклучено кога е можно“ - го оневозможува снимањето во каналите за забава.

„Епик“ вели дека аудиоснимките ќе се снимаат локално на уредот на корисникот. Доколку снимката биде потребна како доказ, корисникот треба да биде брз, бидејќи секоја нова снимка автоматски ја брише претходната. Ова значи дека може да се пријави само мамењето што се случило последните пет минути. Употребената, т.е. означена снимка ќе биде зачувана 14 дена.

Ако обвинетиот играч се пожали на оптужбата против него, снимката може да се зачува за дополнителни 14 дена. Сепак, „Епик“ ќе ја задржи снимката толку колку што е потребно и колку што, сепак, дозволуваат законите. Сличен потег претходно направија и „Активижн“, „Мајкрософт“ и „Сони“ - во борбата против непристојното однесување и злоупотреба на интернет. Оваа година, пак, „Икс-бокс“ воведе систем за испраќање аудиоснимки од 60 секунди со извештаи за злоупотреба во гласовните разговори./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во Струга: Мајка си ги оставила двете деца да спијат во автомобилот, додека била на работа

ОВР  Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. 

Ужас во Струга: Мајка си ги оставила двете деца да спијат во автомобилот, додека била на работа

Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.

Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возеле камиони во спротивна насока на патот Гостивар- Тетово, двајцата се уапсени

Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави.

Возеле камиони во спротивна насока на патот Гостивар- Тетово, двајцата се уапсени

На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење.

Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење.

Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Франција: Авион што превезувал падобранци се урна во предградие на Нанси– се стравува дека има десетина загинати

Авион се урна денеска во предградието на францускиот град Нанси, а се стравува дека има многу жртви, јавуваат локалните медиуми.

Трагедија во Франција: Авион што превезувал падобранци се урна во предградие на Нанси– се стравува дека има десетина загинати

Авионот паднал на тревна површина покрај улица, во близина на куќи, а бројни противпожарни екипи биле испратени на местото на настанот.

Според некои извештаи, се стравува дека може да има десетина жртви.

Авионот, како што се вели, превезувал група падобранци кои планирале да изведат скокови на еден настан.

Полициските службеници го затвориле тој дел од градот, а префектот на регионот Мерт-ет-Мозел е на местото на настанот, кој подоцна ќе одржи прес-конференција.

- Несреќата се случила околу 11 часот наутро. Минував со мојот автомобил додека одев на шопинг, кога го видов авионот како се спушта и паѓа на земја - изјавил очевидец, пренесе РТЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер