„Ford“ веќе има произведено 150.000 електрични автомобили- „Mustang“ - Канал 5

„Ford“ веќе има произведено 150.000 електрични автомобили- „Mustang“

„Ford“ ужива голема популарност кога станува збор за електричните возила во САД – 6.261 единици беа испорачани само во октомври, што е зголемување од 120 проценти во споредба со октомври 2021 година.

„Ford“ веќе има произведено 150.000 електрични автомобили- „Mustang“

Значителен дел од тој раст доаѓа благодарение на „Mustang Mach-E“, кој штотуку достигна важна производствена пресвртница. 150.000 примероци од овој електричен кросовер излегоа од фабричката летна, додека „Ford“ продолжува да ги проширува пазарите каде се нуди овој автомобил.

Масовното производство на „Mustang Mach-E“ започна во 2020 година, а од октомври 2021 година, електричниот кросовер се произведува не само во САД, туку и во фабриката на „Ford“ во Чонгкинг, Кина.

До 2023 година, овој модел ќе биде достапен за клиентите во вкупно 37 земји ширум светот, во споредба со 22 кога возилото беше лансирано пред две години.

„Кога го ставивме амблемот на пони на овој „Mustang“, знаевме дека ќе има скептици. Она што навистина не го знаевме во тоа време беше колку популарен ќе стане овој автомобил. Сакам да го гледам „Mustang Mach-E“ на патот и да разговарам со клиенти, а јас гледам се повеќе и повеќе од нив“, коментира Дарен Палмер од „Ford“.

Некои од најновите пазари на кои се појави „Mustang Mach-E“ се Нов Зеланд, Бразил и Аргентина, кои се дел од пошироката стратегија на „Ford“ да достигне годишно производство на електрични автомобили од 600.000 единици до крајот на 2023 година.

До 2026 година, производителот сака да започне со производство на повеќе од 2 милиони електрични возила секоја година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Овој уред открива камери во просторијата

Развиен е нов уред што може да го претвори обичниот телефон во алатка за откривање скриени камери.

Овој уред открива камери во просторијата

Скриените камери претставуваат сè поголем проблем во просторите каде што луѓето очекуваат приватност. Поради тоа, истражувачите работат на технологии кои би им овозможиле дури и на просечните корисници релативно лесно да проверат дали во нивната близина има непозната камера.

Едно од новите решенија се нарекува „SweepLED“. Тоа решение е создадено од тим од Корејскиот напреден институт за наука и технологија (KAIST), во соработка со Националниот универзитет во Сингапур и Универзитетот за менаџмент во Сингапур.

„SweepLED“ е дизајниран како специјален додаток за паметен телефон. Тој содржи низа од 15 мали ЛЕД-диоди распоредени во форма на прстен околу камерата на телефонот.

Додатокот се поставува врз задната камера така што ЛЕД-диодите го опкружуваат објективот без да го попречуваат. Телефонот истовремено се поврзува со специјализиран софтвер кој користи вештачка интелигенција за да го анализира она што го снима камерата.

Принципот на работа се заснова на прилично едноставна идеја. Камерата на телефонот мирува додека ЛЕД-светлото се движи околу објективот. На тој начин, системот набљудува како светлината се одбива од разни предмети во просторијата.

Сè со помош на вештачка интелигенција

Објективот на скриената камера може да остави специфична трага кога е осветлен. За разлика од обичните површини, внатрешната структура на објективот – вклучувајќи ги стаклените елементи, отворот на блендата и сензорот – може да создаде карактеристична, искривена рефлексија.

Токму овие промени се обидува да ги препознае системот со вештачка интелигенција што стои зад „SweepLED“.

Наместо да бара само една рефлексија, системот анализира како се менува шемата на рефлексија со текот на времето додека изворот на светлина се движи. Врз основа на овие податоци, тој се обидува да го разликува отсјајот што потекнува од скриен објектив од рефлексиите на обичните предмети.

Истражувачите сметаат дека развојот на вакви системи е оправдан бидејќи постоечката професионална опрема за откривање скриени камери не е практична за секојдневна употреба.

Доколку оваа технологија прерасне во сигурен производ, телефонот би можел да стане практична алатка за проверка на приватноста во хотелски соби, апартмани и други простори.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати сообраќајни контроли од мај до август

Констатирани 10.411 прекршоци, откриени 619 кривични дела и одземени 423 мотоцикли и електрични тротинети

Зајакнати сообраќајни контроли од мај до август

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи во периодот од мај до август 2026 година спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон прекршоците сторени од возачи на електрични тротинети, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Во рамки на контролите, полициските службеници констатираа вкупно 10.411 прекршоци, од кои 1.571 се однесуваат на електрични тротинети, 34 на велосипеди, а 8.806 на мопеди, мотоцикли и трицикли.

Најголем број прекршоци, вкупно 7.303, се однесуваат на некористење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и 718 прекршоци за управување по несоодветна површина, 401 за управување нерегистрирани возила и/или возила без полиса за осигурување и 322 за некористење рефлектирачки елек.

Дополнително, евидентирани се 81 прекршок за управување од лице помладо од 18 години, 45 за управување под дејство на алкохол и 1.541 прекршок од друг вид.

Покрај прекршоците, во текот на акциските контроли откриени се и 619 кривични дела. Од нив, 604 се однесуваат на управување без возачка дозвола, 14 на управување под дејство на алкохол и едно на управување во забранет правец.

Во рамки на преземените мерки, одземени се вкупно 423 превозни средства, од кои 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли, со посебен акцент на прекршоците и однесувањата што ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Целта е навремено откривање и санкционирање на прекршувањата на прописите, спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи.

Апелираме до сите возачи ги почитуваат сообраќајните правила, да користат пропишана заштитна опрема, да не управуваат под дејство на алкохол и да не управуваат возила без исполнување на законските услови. Особено повикуваме на внимателност и одговорност кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

Побезбедни патишта, посигурни животи. Безбедноста во сообраќајот не е случајност – таа е одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“

Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.

Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“

Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер