„Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила - Канал 5

„Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила

За време на состанок синоќа „Форд“ ги известил вработените со редовни примања дека наскоро ќе има кратење на работни места.

„Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила

Автомобилската компанија „Форд Мотор“ планира да отпушти најмалку 1.000 редовно вработени и вработени по договор во Северна Америка, а како последица на огромните трошоци што производителот на автомобили ги има во инвестициите за развој на електрични коли, јави денеска Волстрит журнал.

За време на состанок синоќа „Форд“ ги известил вработените со редовни примања дека наскоро ќе има кратење на работни места, изјави денеска портпаролот на компанијата.

Се дознава дека отпуштања се планираат меѓу инжињерските позиции каде „Форд“ има за цел да скрати трошоци на неговите бизнис единици. Намалувањата на персоналот ќе ги засегнат одделите за електрични возила и софтвер. Отпуштања ќе има и во одделите за возила на горива, како патнички така и комерцијални.

Во Северна Америка „Форд“ има околу 28.000 работници.

Компанија во изминатата година неколкупати вршеше кратење на персоналот, вклучувајќи 3.000 отпуштања во САД минатото лето и малку повеќе во Европа оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во Ормускиот Теснец

Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни.

Експлозии во Ормускиот Теснец

Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена штета врз животната средина.

UKMTO во известувањето наведе дека инцидентот се случил на околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен со задоцнување, пренесува Ројтерс.

Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормускиот Теснец.

Инцидентот се случи во период на зголемени тензии во областа на Ормускиот Теснец, по неодамнешните воени судири меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големи изненадувања во Монтреал!

Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.

Големи изненадувања во Монтреал!

Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле.

Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц.

Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4.

Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев.

Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев.

Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачи

Мицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.

СДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачи

Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС.

Народот ги прочита.

Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда.

Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ - Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други).

Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска.

Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас - човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември.

Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ.

А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас.

Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година.

Кај нас почна од вчера вечерта.

Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ.

Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.

Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев.

Ова не смее да остане неказнето.

Мицкоски ја премина секоја граница.

Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.

Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода.

Сите до еден.

Нема да дозволиме и ова да помине неказнето.

Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица.

Младите не се плашат.

Народот е буден.

А стравот веќе не им е сојузник!

Скопје, 06.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер