3ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
Свет „Флајдубаи“ ги прекинува летовите кон Израел; Нетанјаху издаде соопштениеИзраелската министерка за транспорт, Мири Регев, побара суспензија на сите летови на „Флајдубаи“ (Flydubai) кон Израел по драматичниот инцидент што се случи утрово на летот од Дубаи кон Тел Авив.Според извештаите на израелските медиуми, Регев исто така побара од Управата за цивилно воздухопловство да истражи дали Обединетите Арапски Емирати го прекршиле договорот за воздушен сообраќај потпишан со Израел. Според истите извори, тој договор предвидува дека на израелска територија можат да слетуваат само авиони управувани од пилоти кои се државјани на земји со кои Израел воспоставил дипломатски односи. Првичните и сè уште непотврдени информации укажуваат на тоа дека копилотот на овој лет – идентификуван од некои медиуми како државјанин на Оман – го нападнал капетанот и се обидел да го урне авионот пред да биде совладан од патниците. Вреди да се напомене дека Израел нема дипломатски односи со Оман. Бенјамин Нетанјаху изјави дека е прерано да се извлекуваат заклучоци за тоа кој стои зад нападот на летот на „Флајдубаи“ (Flydubai) кон Тел Авив. Во меѓувреме, израелскиот амбасадор во ОН го опиша инцидентот како терористички напад, но не обвини никого директно. „Флајдубаи“ најави прекин на сите летови кон Израел додека трае истрагата и ја повика јавноста да се воздржи од шпекулации. Инцидентот се случи на лет од Дубаи кон Тел Авив, во кој патуваа повеќе од 170 патници, главно Израелци. Според достапните информации, еден од пилотите го нападнал другиот со нож во пилотската кабина, обидувајќи се да ја преземе контролата врз авионот. Додека авионот нагло губел висина, неколку патници упаднале во пилотската кабина. Тие успеале да го совладаат напаѓачот, да го стабилизираат авионот и да извршат принудно слетување во Саудиска Арабија. Во интервју за „Фокс њуз“, израелскиот премиер Нетанјаху најави дека ќе го открие идентитетот на напаѓачот и дали тој имал соучесници, но предупреди дека е прерано да се зборува за можна вмешаност на Иран. Пилотот што го извршил нападот моментално е на испрашување кај саудиските власти, а Нетанјаху очекува осомничениот наскоро да биде екстрадиран во Обединетите Арапски Емирати. Израелскиот премиер изјави дека разговарал со претседателот на ОАЕ, кој се согласил да му дозволи на Израел да учествува во испрашувањето. Yaniv, who neutralized the terrorist pilot, told Netanyahu: “I pulled the yoke up and stopped the plane’s dive. It’s lucky I had some aviation experience from @MaydayAirCrash series https://t.co/pnInfbxol2 — Amichai Stein (@AmichaiStein1) September 30, 2026 Како и други светски лидери, и Нетанјаху ја пофали храброста на патниците и на екипажот. Неговиот кабинет објави видео во кое патникот Јанив Хајун, водоинсталатер по професија, му го опишува инцидентот на премиерот. Тој раскажа како патниците слушнале крик и почувствувале промена во притисокот додека авионот почнал нагло да понира; потоа насилно влегле во пилотската кабина и го затекнале напаѓачот кај контролите. „Го фатив напаѓачот, го стегнав околу вратот и прв го извлеков“, рече Хајун за време на средбата со Нетанјаху, откако патниците се вратија во Израел. Додека другите се бореле со напаѓачот, Хајун ја фатил управувачката палка и ја повлекол кон себе, исто како што видел на телевизија. Потоа, членовите на екипажот ги презеле контролите. Пилотот кој бил нападнат со нож е индиски државјанин, капетанот Смит Мачар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЕвропаВоен авион се урна во Франција, пријавени се жртвиВоен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал. Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана. Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата. Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец. Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато. Извор: Б92Тагови: авион Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ФудбалВидео: ПСЖ на подолг период без КварацкелијаКрилниот напаѓач на европскиот фудбалски шампион ПСЖ, Кварацкелија на вчерашното дерби во Лигата на шампионите против Барселона ги скина лигаментите. Репрезентативец на Грузија, Квича Кварацкелија доживеа тешка повреда, ги скина лигаментите на десното колено и за него оваа сезона е завршена. @FabrizioRomano Crazy how he tore his acl from this https://t.co/HyJ1MDXz1H — 𝙆𝙖𝙮™️ (@KayLFC05_) October 21, 2026 Синоќа за време на мечот од Лигата на Шампионите на домашен терен против Барселона, 25 годишниот Кварацкелија по судирот со противничкиот дефанзивец доживеа тешка повреда. @FabrizioRomano Crazy how he tore his acl from this https://t.co/HyJ1MDXz1H — 𝙆𝙖𝙮™️ (@KayLFC05_) October 21, 2026 Деталните прегледи ги потврдија најлошите сомнежи. Грузискиот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти. Секако, во ПСЖ сека ќе мораат да најдат решение за неговото одуство, затоа што овој клуб секако дека има амбиција да освои прво место во секоја конкуренција каде што се натпреварува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ФудбалБаерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенотГерманскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата. Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих. Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал.Капитенот на Барен според последните информации ќе го пропушти и вечерашниот дуел со Арсенал поради смрт во семејството. -Капитенот на Баерн, Џошуа Кимих, нема да настапи вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, соопшти германскиот шампион. Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот. Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook