„Finance Think“: 60 отсто од регистрираните невработени лица се без одредено занимање - Канал 5

„Finance Think“: 60 отсто од регистрираните невработени лица се без одредено занимање

60 отсто од регистрираните невработени лица се без одредено занимање, со ниско или без образование.

„Finance Think“: 60 отсто од регистрираните невработени лица се без одредено занимање

На македонскиот пазар на труд постои вишок на работници кај професиите со повисоки квалификации, со исклучок на работниците од информатичко-телекомуникациски дејности. Се достигнува максимум во образовните (педагошките) занимања, каде на едно слободно работно место има до 71 невработено лице. Од друга страна, за шест од осум занимања со пониски квалификации недостигаат работници, што е особено изразено за услужните и основните работници.

Ова се дел од резултатите од анализата „Предуслови за мобилност на работната сила при регионална економска интеграција: Предности и недостатоци од македонска перспектива“, што ја публикуваше „Finance Think“. Целта на оваа студија е да се процени потенцијалот за мобилност на работната сила при подлабока регионална економска интеграција, преку квантитативна анализа на јазовите во занимањата и платите, од перспектива на Македонија. Главниот наод од студијата, како што се наведува, е дека подлабокото регионално интегрирање на пазарите на труд во Западниот Балкан носи предности, но и закани.

Во анализата се посочува дека речиси 60 отсто од регистрираните невработени лица се без одредено занимање, со ниско или без образование. Оттука, како што се наведува, подлабоката регионална интеграција на пазарот на труд може да поттикне мобилност која ќе го зголеми достапниот сет вештини на пазарот, а за лицата во суфицитарните занимања со повисоки вештини ќе понуди повеќе можности за вработување и заработка.

Резултатите понатаму се фокусираат на разликите во платите меѓу Македонија и Србија, со оглед дека повисоките плати се една од главните причини за мобилност на трудот. Пресметките покажаа дека во соседна Србија премијата за плата во однос на Македонија е многу мала, речиси незначителна и оттука нема да предизвика значајна мобилност на македонските работници. Сепак, за секторите кои се од сезонска природа и имаат циклична потреба од работници, може да се појават значајни разлики во платите. Со оглед дека занимањата со пониски вештини се истовремено и дефицитарни на македонскиот пазар на труд, подлабоката регионална интеграција може да доведе до продлабочување на недостигот од вакви работници.

Од „Finance Think“ информираат дека иако регионалната економска интеграција има свои предности во поглед на мобилноста на работната сила, поважно е да се направат структурни реформи во домашната економија, со цел намалување на разликите во понудата и побарувачката на работна сила и задоволување на потребите на пазарот на труд, пред се со домашни работници. За таа цел, како што наведуваат, нашите препораки се во насока на приспособување на политиките на пазарот на труд за да се спречи зголемувањето на работниците во суфицитарните занимања и креирање образовни политики со цел насочување на работници во дефицитарните занимања.

Според „Finance Think“, генерално, регионалната економска интеграција која што се темели на четирите основни начела за слободен проток на капитал, стоки, услуги и луѓе, им помага на земјите да ги надминат ограничувањата на економскиот раст создадени од лошата инфраструктура, неефикасните политики, географската припадност и демографските промени.

-Слободното движење на работниците е една од клучните слободи на регионалната економска интеграција која ја зголемува мобилноста на работната сила регионално и/или на меѓународно ниво, во потрага по пристап до пазарот на трудот во земјата на иселување. Според последните податоци, речиси 162 милиони луѓе се преселиле во друга земја во потрага по вработување, а очекувањата се дека овој тренд ќе продолжи, главно поради јазот во платите меѓу земјите, брзото стареење на работната сила во некои земји и технолошкиот развој што им олеснува на иселениците да останат поврзани со своето семејство, се вели во соопштението од „Finance Think“.

Фото: Принтскрин од анализата на „Finance Think“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!.

Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека.

„Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година.

Што е „Le Bal des Débutantes“?

„Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања.

Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери.

Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“.

Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула.

Кои се другите дебитантки?

Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи.

На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина

Доналд Трамп објави дека го задолжил потпретседателот Венс целосно да го фокусира своето внимание на она што тој го нарекува широко распространета корупција и криминал во градовите и државите управувани од демократите. 

Трамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина

Тој ги наведе Минесота, Калифорнија и Илиноис како примери, нарекувајќи ги лошо управувани и корумпирани системи.

Трамп тврди дека секој месец се крадат милијарди долари и дека запирањето на овие криминални активности би можело брзо да го балансира националниот буџет. Во својата објава, тој додаде и дека раководството на Демократската партија има „корупција во крвта“.

Порака до Иран

Тој се осврна и на надворешната политика, поточно на Иран. Тој рече дека на Соединетите Држави не им е потребен договор со Техеран и дека тоа време одамна е поминато. Тој тврдеше дека Соединетите Држави имаат ирански пари, кои ги процени на „стотици милијарди долари“, како и контрола врз Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво обраќање на новата директорка на Нвидија, го замени Хуанг по шпионската афера

Колет Крес ќе ја преземе функцијата извршен директор на „Нвидија“ откако Јенсен Хуанг поднесе оставка. 

Прво обраќање на новата директорка на Нвидија, го замени Хуанг по шпионската афера

Таа денеска беше именувана за привремена извршен директор додека компанијата бара постојан наследник на Хуанг.

Крес им се обрати на вработените во една од највредните компании во светот, чии акции драстично паднаа откако сега веќе поранешната извршен директорка на компанијата беше фатена во афера со наводната кинеска шпионка Алис Хуанг, во интерно писмо.

Ројтерс забележува дека видел копија од документот. Подолу е неговата содржина.

„Драги Енвидијци,

Имам длабока верба во оваа компанија и нејзината иднина. Повеќе од сè, имам верба во секој од вас, нашите клиенти и партнери и во виталната улога што ја играме секој ден во глобалната економија.

Управниот одбор, Извршниот тим и јас признаваме дека ова беше неверојатно предизвикувачки период и сакам да знаете колку сме благодарни за вашата отпорност, професионализам и континуирана посветеност. Ви благодарам.

Оваа компанија постигна толку многу благодарение на работата што сите ја вложувате во неа секој ден. Вие сте нашата најголема сила. Во наредните денови, ќе слушнете повеќе од раководството за нашата заедничка иднина, а ќе одржиме состанок на компанијата на 18 ноември во 9 часот наутро по PT.

Играме витална улога во градењето на технологијата што ја движи револуцијата на вештачката интелигенција и имаме важна работа пред нас. Затоа, да продолжиме напред заедно, со истата решителност и посветеност што отсекогаш ја дефинирале оваа компанија.

Ви благодарам за сè што правите, Колет.“

Одлуката за оставка беше објавена откако се појави уште една наводна афера помеѓу Јенсен Хуанг и колешка од истата компанија. Според медиумските извештаи, во случајот била вклучена Кимберли Пауел, потпретседателка на компанијата, која била одговорна за улогата на технолошките иновации во здравството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер