Филипче: Барам извинување од Мицкоски и ВМРО за граѓаните на Македонија! - Канал 5

Филипче: Барам извинување од Мицкоски и ВМРО за граѓаните на Македонија!

Денес сведочиме за најголемата политичка хипокризија и лицемерие во последните години.

 Филипче: Барам извинување од Мицкоски и ВМРО за граѓаните на Македонија!

ВМРО ги доби изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и сите ние сме предавници на македонскиот идентитет. Дека Преспанскиот договор е предавство. Дека ќе го поништат договорот.

Дека ќе го вратат старото име и дека никогаш нема да кажат „Северна Македонија“. Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори „С. Македонија“. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа.

И што се случи сега? Претседателката Гордана Силјановска-Давкова јавно изјави дека Преспанскиот договор го потврдува и зачувува македонскиот национален идентитет.

Христијан Мицкоски јавно изјави дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.

Министерот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е феноменална работа, дека дава безбедност и поволна клима за инвестиции. Да ги потсетиме што точно успеавме со

Преспанскиот договор. Се гарантира македонскиот јазик како официјален јазик на Република С.Македонија и во целиот свет.

Се заштитува македонскиот национален идентитет, културата и историјата како посебни и различни од другите. На секоја лична карта, пасош и официјален документ стои „македонско“. Секој граѓанин слободно зборува македонски јазик, кој е признат од секоја земја-членка на Европската Унија.

Македонските симболи, песни, фолклор и традиција продолжуваат да се слават секаде, без никаква забрана. Во Северна Грција, за прв пат луѓето слободно се собираат, пеат македонски песни и играат македонски ора. И сето ова, пред Преспанскиот договор, беше практично незамисливо.

Преспанскиот договор нема ништо што го загрозува нашиот национален идентитет. Напротив, го зајакнува. И ние во СДСМ сме горди на тоа, а денес треба да бидат горди и сите наши граѓани кои досега беа лажени. Од нашата независност во 1991 година, 27 години бевме Бивша Југословенска Република Македонија.

Тоа беше официјалното име во Обединетите нации. Благодарение на Преспанскиот договор, по 27 години блокада, денес сме полноправна и рамноправна членка на НАТО. Имаме отворен пат и шанса да станеме земја-членка на Европската Унија.

Внесувањето на малцинствата во Уставот, што е основен услов на Европската Унија – повторувам, на Европската Унија, не на Бугарија, како што ВМРО сака да го прикаже – не е предавство. Ние не преговараме со Бугарија, ние преговараме со Европската Унија.

И да се вратам на проблемот со Бугарија и уште еднаш да објаснам зошто внесувањето на малцинствата, конкретно бугарското, никако не е ризик за нашиот идентитет, бидејќи на граѓаните веќе им е јасно. Бугарската теза од пред многу децении дека сме ист народ во две држави, со ова паѓа во вода.

Од тој момент, кога Бугарите ќе бидат внесени како малцинство во Уставот, се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ и бугарското малцинство. Се руши целата пропаганда дека нема посебен македонски народ.

И со тоа, со уставните измени, го зајакнуваме – не го слабееме, ниту го ризикуваме – нашиот национален идентитет. И тоа е успех на нашата дипломатија, на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со поддршка на Европа.

Драги граѓани, ова се позициите за кои СДСМ беше обвинет дека е предавничка партија. Тие не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку, еве, го признаваат.

Тие не само што не го вратија старото име, туку секојдневно, на официјалните состаноци, како што ни кажуваат странските партнери со кои се среќаваат, во затворен дел го користат уставното име „Северна Македонија“. И каде е сега предавството?

Каде се сите ветувања на организираната криминална група на ВМРО од пред изборите? Знаеја дека НАТО е најдоброто нешто што ни се случило, но сепак, години наназад не престанаа да нè нарекуваат предавници и да сеат поделби.

И ова не е политика. Ова е чиста измама на сопствениот народ. Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и токсични поделби во општеството. Време е да престанат со театарот и да ја продолжат политиката на европска иднина. Доколку не сакаат, а не сакаат поради нивните бизниси, нека си заминат.

Јавно го повикувам Христијан Мицкоски, носителот на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да им се извини на сите граѓани на Македонија.

Барам извинување за изгубените години, за сите навреди што ги претрпеа оние што го поддржуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за оние што веруваа во Европската Унија, за многумина кои поради евроскептицизмот и оваа лажна кампања ја напуштија земјата и се иселија.

Барам од Христијан Мицкоски да излезе и да се извини во свое име и во името на неговата партија. Кога умееше да клечи и да моли за да дојде на власт, може и сега да излезе и да се извини за лагите и пропагандата што ја спроведуваше години наназад.

Порака до сите кои гласаа за ВМРО затоа што поверуваа во оваа лажна кампања и манипулација на Христијан: драги сограѓани, ве лажеа со години наназад. Со многу силна пропаганда што ви се сервираше секојдневно преку целата медиумска и партиска машинерија.

Орбановите медиуми, фармата на тролови увезена од сестринската СНС партија од Србија и платформите со ботови. Немојте да се грижите. Ништо не е продадено, ништо не е загрозено.

Но сега, истите тие, истата група што го правеше ова со години, се обидува да го спречи нашиот европски пат.

Зошто? За да ги сочуваат своите позиции, за да продолжат да го ограбуваат народот и да продолжат со криминалот и корупцијата. Тие не ја сакаат Европа, затоа што Европа носи независни институции, носи независно судство, носи европско обвинителство.

И тогаш секој ќе одговара за криминалот и корупцијата. Ете затоа таа група сака да ја загрози иднината на вас и вашите деца. И тоа нема да им го дозволиме. Затоа што доаѓа време на вистината, правдата и одговорноста.

Да живее европска Македонија!

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

YouTube video

Филипче: Сиљановска призна, ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор, призна дека ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор.

„Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори Северна Македонија. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа. И што сега се случи? Претседателката Гордана Сиљановска Давкова јавно изјави дека Преспанскиот договор го потврдува и зачува македонскиот национален идентитет“, рече Филипче.

Тој додаде дека ВМРО со години преку манипулации и пропагандата преку своите медиуми, ги лажеше граѓаните и побара премиерот Мицкоски да се извини за пропагандата што ја спроведуваше години наназад.

„Со многу силна пропаганда, се сервираше, секојдневно, преку целата медиумска и партиска машинерија.Орбановите медиуми, фармата на тролови увезена од сестринската СНС партија од Србија и преку платформата со ботови. Ништо не е продадено, ништо не е загрозено. Барам од Христијан Мицкоски да излезе и да се извини во свое име и во името на неговата партија. Кога умееше да клечи и да моли за да дојде до власт, може и сега да излезе и да се извини за лагите и за пропагандата што ја спроведуваше години наназад“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче порача дека Преспанскиот договор не го загрозува македонскиот идентитет, туку напротив, го зајакнува.

„Во Преспанскиот договор нема ништо што го загрозува нашиот национален идентитет, напротив, го зајакнува. И ние во СДСМ сме горди на тоа, а денес треба да бидат горди сите наши граѓани кои досега беа лажени“, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Тврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан.

Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал.

Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред.

Што содржеше објавата

На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат.

Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена.

Обвинителството нареди истрага

Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс.

Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“.

„Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој.

Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц.

Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно.

Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Срам за нашата земја“

Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија.

„Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.

Американски претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијата

Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс.

„За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен.

Што ќе се случи со окупираните територии?

Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања.

Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас.

Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања.

Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата.

Безбедносни гаранции за Украина

Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки.

Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена.

Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер