„Фертрејд“: Праведната трговија се попопуларна - Канал 5

„Фертрејд“: Праведната трговија се попопуларна

Се повеќе купувачи во Германија посегаат по производите со ознаката „фертрејд“. Праведната трговија доживува полет во Германија. Оваа бранша бележи двоцифрен пораст на прометот.

„Фертрејд“: Праведната трговија се попопуларна
Транспарентен производен ланец, здравствена заштита за работниците, заштита на мајките и почитување на одредени насоки за заштита на климата - сето ова се крие зад „фертрејд“ ознаката. Во Германија минатата година продажбата на сертифицирани производи порасна за 23 проценти, односно за речиси една четвртина во споредба со претходната година. Тоа истовремено значи дека пораснаа и приходите за 654 милиони евра, од кои речиси 95 милиони евра одат директно во земјите во кои оваа стока и се произведува.

Оваа бранша на германскиот пазар веќе 12 година вака бележи двоцифрена стапка на пораст - тоа е приказна за успех за кој другите сектори можат само да сонуваат. Германија денес во светски рамки се искачи на трето место, веднаш зад Велика Британија и Швајцарија. Како дојде до тоа?

Праведна трговија во евтини продавници

„Евтините понудувачи, односно дисконтните продавници во Германија, секако играат исклучително важна улога и тука цените на прехранбените производи се особено ниски“, вели Дитер Оверат, директор на организацијата „Фертрејд Германија“ во разговорот за ДВ. Над 90 проценти од Германците еднаш неделно купуваат во дисконтите, вели Оверат повикувајќи се на резултатите на едно истражување.

„Тоа и не се најдобри услови „фертрејд“ да понуди малку поскапи производи. Но, истовремено и луѓето се свесни дека сите ние преземаме одговорност за тоа дека во земјите од третиот свет работат деца и за тоа што се искористуваат работниците. Луѓето се некако заморени од приказни. Сакаат да учествуваат во решавање на проблемите“, смета Оверат.

И покрај малку повиската цена, производите со ознаката „фертрејд“ се сметаат за вистинска алтернатива за конвенционалното производство, меѓу останатото и затоа што во меѓувреме може да се најдат и на полиците на големите дисконтни трговски ланци. Се вклучија и „големите играчи“. По Лидл, Пени и Нето, од минатата година и Алди на бананите и на кафето има ознака „фертрејд“ во својот редовен асортиман - и тоа успешно. Со оглед на тоа што таквите производи сѐ почесто се гледаат во продавниците, сѐ повеќе купувачи одлучуваат да ја послушаат својата совест: 50 проценти кога станува збор за бананите, 26 проценти за цвеќето и 20 проценти кога станува збор за кафето.

Бананите, цвеќето и кафето на самиот врв

Ваков пораст во една година има многу повеќе од „само симболично значење“, тврди Оверат. Кафето со „фертрејд“ ознака има пазарен удел од 2,5 проценти, а секоја четврта роза и секоја втора банана кои се продаваат во Германија во меѓувреме доаѓаат од сертифицирани компании. На германскиот пазар, освен тоа, моментално секој ден се појавува некој нов производ со ознаката „фертрејд“.

Продажбата на какао во 2013. година забележа мал пад. Неговиот пазарен удел моментално изнесува 0,2 проценти. Но, тоа сега би требало да се смени со „партнерскиот модел“ кој веќе постои за шеќерот и за памукот. Фирмите ќе бидат обврзани еден дел од вкупната набавка да доаѓа од праведни трговии. За какаото се веќе пронајдени 5 големи партнери - Фереро, Марс, Лидл, Реве и Кауфланд, кои во меѓувреме набавуваат илјадници тони какао според чесни критериуми. Во првите неколку месеци продажбата порасна дури за 7 пати.

„А тоа значи дека одгледувачите на какао од западна Африка, посебно од Брегот на Слоновата Коска, сега можат конечно да продадат повеќе какао по чесни услови“, вели Оверат. „’Фертрејд’ стана ознака која живее и ги вклучува луѓето“, додава тој. Во согласност со тоа и прогнозите се оптимистични. Ова здружение смета дека во 2014 година значително ќе порасне продажбата на сите производи. Во 2015 година би требало за првпат продажбата, слично како и во Велика Британија, да ја пробие границата од една милијарда евра. /Преземено: DW/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците ѝ нудат на Украина членство во НАТО во замена за Донбас?

Американските преговарачи ја разгледуваат можноста Украина да добие полноправно членство во НАТО во замена за повлекување на своите сили од деловите на Донбас што сè уште ги контролира. 

Американците ѝ нудат на Украина членство во НАТО во замена за Донбас?

Ова е едно од двете сценарија за ставање крај на војната, кои американските претставници ги изнесоа за време на разговорите со украинските и европските функционери, пренесува „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на лица запознаени со преговорите.

Второто сценарио предвидува замрзнување на конфликтот долж сегашната линија на фронтот, при што Украина би ја задржала територијата што моментално ја контролира, а за возврат би добила безбедносни гаранции од САД – а потенцијално и од европските сојузници.

Ваквите предлози би претставувале значителна промена во политиката на САД кон Украина. Доналд Трамп претходно ја отфрли можноста Украина да се приклучи кон НАТО, тврдејќи дека таков потег би бил неприфатлив за Русија и би можел да доведе до директен конфликт меѓу Западот и Москва.

Според „Волстрит џурнал“ (WSJ), зетот и специјален пратеник на Трамп, Џаред Кушнер, во текот на изминатите месеци во неколку наврати разговарал за можноста Украина да стане членка на НАТО во замена за територијални отстапки кон Русија. Оваа идеја била покрената за време на средбите меѓу Кушнер, уште еден американски пратеник – Стив Виткоф – и европски претставници.

Последен пат тоа се случило минатата недела во Даблин, каде што тие се сретнале со украинскиот претседател Володимир Зеленски, неговиот советник Рустем Умеров и европски претставници за безбедност.

Предлогот бил спомнат и за време на преговорите во Обединетите Арапски Емирати, каде што американските претставници разговарале со украински, руски и европски претставници. Еден европски лидер изјавил за „Волстрит џурнал“ дека за слична можност се разговарало уште во август.

Првото сценарио предвидува Украина да ѝ го отстапи на Русија преостанатиот дел од Донбас што е моментално под нејзина контрола, во замена за полноправно членство во НАТО.

Второто сценарио предвидува прекин на конфликтот долж моменталната линија на фронтот. Во овој случај, Украина би задржала дел од Донбас, но наместо членство во НАТО, би добила безбедносни гаранции дефинирани преку меѓународен договор со САД – а потенцијално и со европските сојузници.

Претставник на американската администрација изјави за „Волстрит џурнал“ (WSJ) дека преговарачите разгледуваат различни опции, но нагласи дека секој конечен договор ќе мора да биде прифатен и од Украина и од Русија.

Трамп му се јавил на Кушнер за време на состанок во Берлин.

Оваа нова информација доаѓа по вчерашниот состанок во Берлин на таканаречената „коалиција на волните“, на кој европските лидери, Зеленски и американските преговарачи разговараа за идната безбедност на Украина.

Според двајца учесници на состанокот, Трамп му се јавил на Кушнер од авионот „Ер форс уан“ (Air Force One), додека се враќал од самитот со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг. Трамп им рекол на европските лидери и на Зеленски – кои биле собрани заедно со Кушнер – дека Путин е уморен од војната и е подготвен за договор. Тој исто така сугерирал дека, со постигнување мировен договор, би можеле да заштедат значителна сума пари што моментално се трошат за поддршка на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

 Променливо облачно со повремен локален дожд и температури до 22 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

0 Попова Шапка, 1 Берово, 3 Лазарополе, Крушево, 4 Крива Паланка, Струмица, 6 Штип, 7 Битола, Виница, Прилеп, 8 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, Велес, 9 Охрид, 10 Кавадарци, 10 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

11 Попова Шапка, 10 Скопје-Зајчев Рид, 8 Тетово, 6 Пожаране, 5 Лазарополе, Виница, 4 Крива Паланка, Велес, 3 Прилеп, 2 Крушево, Демир Капија, Струмица, Штип, 1 Охрид, Берово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 21. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 21. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 21. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални.

Кариера

Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите.

Здравје и совет

Јадете помалку, движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете.

Кариера

Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето слатки.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити.

Кариера

Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете.

Здравје и совет

Подобро да верувате отколку да се сомневате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали.

Кариера

Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност.

Здравје и совет

Ви се подобрува формата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор.

Кариера

Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе.

Здравје и совет

Размислувајте додека се шетате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто.

Кариера

Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања.

Кариера

Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни.

Здравје и совет

Наспијте се

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна.

Кариера

Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно.

Здравје и совет

Останете какви што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите.

Кариера

Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски.

Здравје и совет

Динамични сништа.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами.

Кариера

Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план.

Здравје и совет

Изразувајте се слободно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската.

Кариера

Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер