„Фејсбук дејтинг“ добива две нови ВИ-алатки - Канал 5

„Фејсбук дејтинг“ добива две нови ВИ-алатки

Апликацијата „Фејсбук дејтинг“ (Facebook Dating) добива две нови алатки со вештачка интелигенција коишто ќе треба да им помогнат на корисниците во потрагата на нови познанства, пријателство и љубов.

„Фејсбук дејтинг“ добива две нови ВИ-алатки

Платформата, имено воведува четбот наречен „асистент за запознавање“ (dating assistant), што „ќе ги поврзува луѓето врз основа на нивните интереси“, се наведува. Во блог-објавата за најавата на функциите, компанијата „Мета“ посочи и пример каде што четботот може „да дава идеи за познанства или да им помогне на корисниците да го подобрат својот профил“, на пр., според наводите. „Асистентот за запознавање“, за почеток, ќе биде достапен во САД и Канада.

Новитетите имаат за цел „борба против заморувачкото 'лизгање',“ (поточно избирање на опциите 'да' и 'не'), па така, ако користите „Фејсбук дејтинг“ или „Фејсбук“, таквото „лизгање“ со прстите или глувчето по екранот, се вели, ќе се намали.

YouTube video

Натаму, друг ВИ-додаток е „Мит кјут“ (Meat Cute), којшто користи „персонализиран алгоритам за спојување“, што ќе понуди „случајни совпаѓања“ меѓу двајца кои можеби ќе си се допаднат. Блог-објавата не појаснува како алгоритмот на „Мета“ ќе ги оценува потенцијалните партнери. Овој додаток може да се исклучи во секое време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Денес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата.

СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот.

За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси.

Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последиците

Невладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. 

Савески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последиците

Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника.

Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор.

Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење.

60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер