Култура„Фанфари за еден пријател“ - концерт на Филхармонијата со солистката Селина От„Фанфари за еден пријател“ е насловен концертот кој вечер од 20 часот ќе го одржи Филхармонијата. Како солистка на труба ќе настапи Селина От од Австрија, а диригент е Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се два концерта за труба и оркестар од Томази и Хајдн и Симфонијата бр.2 од Јоханес Брамс. Селина От како солистка настапувала во престижни концертни сали. Добитничка е на наградата „Opus Klassik“ во 2021 година, за нејзиниот дебитантски албум „Концерти за труба“, заедно со Радио-симфонискиот оркестар на Виена и диригентот Роберто Патерностро. -Како прва жена во седумдесетгодишната историја на Меѓународниот музички натпревар „ARD“, Селина От ја освоила првата награда во категоријата труба на само 20 години, во 2018 година. Тоа е и една од причините потоа да биде поканета да настапува со водечки оркестри, како WDR симфонискиот оркестар, Чешката филхармонија и Германскиот симфониски оркестар Берлин... Ккако виенскиот Концертхаус, Музиквереин во Виена, Филхармонијата во Берлин, Филхармонијата во Келн, Филхармонијата во Есен, Филхармонијата во Луксембург... Во 2022 година, Селина се стекнала со звање магистер по уметности, во класата на Роман Риндбергер, на Универзитетот за музика и уметности во Виена, соопшти Филхармонијата. Диригентот Јерухам Шаровски во моментов извршува функцијата шеф диригент на Македонската филхармонија. Во 1991 година тој станал уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски, овој оркестар прераснал во еден од најпопуларните симфониски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. -Од 1998 до 2004, маестро Шаровски раководел и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Жанеиро, со кој остварувал турнеи во Бразил и во Европа и снимил четири цедеа. Во тој период, Шаровски го формирал Младинскиот симфониски оркестар на Бразил, кој станал еден од најпознатите ансамбли во земјата. За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим, се наведува во најавата за концерот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
СветНетанјаху го навреди еден од своите најголеми сојузнициИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го привлече вниманието на јавноста откако даде серија провокативни коментари за Обединетото Кралство за време на едно интервју.Зборувајќи во порелаксиран формат, во студиски стил, Нетанјаху ја искористи можноста да даде саркастични коментари за британското општество, а истовремено се осврна и на главниот ривал на Израел, Иран. За време на разговорот, израелскиот премиер се осврна на демографската и политичката ситуација во Европа, јасно таргетирајќи го Лондон. Според него, ситуацијата е таква што: „Британија би можеле да ја наречете „Исламска Република Британија“. „Некој рече дека првата исламска република со нуклеарно оружје ќе биде Исламската Република Британија“, додаде Нетанјаху. Сепак, оваа остра забелешка за европските сојузници послужи првенствено како вовед во главната порака упатена до Иран. Продолжувајќи го својот саркастичен коментар за Велика Британија и нејзиниот нуклеарен арсенал, израелскиот премиер рече: „Загрижени сме дека ќе има уште една, знаете, во Иран“. Таквата реторика, иако изречена со навидум лежерен тон, претставува сериозна дипломатска провокација. Останува да се види како официјален Лондон ќе реагира на ваквото етикетирање на израелскиот премиер. JUST IN: 🇬🇧🇮🇱 Netanyahu is mocking Britain by calling it the Islamic Republic of Britain The UK provided him with major military support in the genocide in Gaza and the war with Iran. pic.twitter.com/UjWcpeoE9z — Megatron (@Megatron_ron) August 13, 2026 Тагови: Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗеленски: Нема да го признаеме Косово. Рама: Албанија е доволно зрела да го прифатиПосетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа жестоки реакции низ целиот Балкан. Зеленски се сретна за прв пат во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што дополнително ја влоши ситуацијата во регионот. Одговорот од Косово дојде речиси веднаш. Голем сино-жолт транспарент со натпис „Слободна Украина“, кој беше поставен во 2022 година, беше отстранет од главниот пат во Приштина. Градоначалникот Перпарим Рама рече дека се сочувствува со „луѓето кои се соочуваат со војна, насилство и прогон“, но додаде дека „почитувањето мора да биде взаемно“. My dear friend Volodymyr Zelensky stood in Belgrade and said Ukraine has not changed its position and will not recognize Kosova. Within the hour, the loudest folk nationalists in Tirana and Pristina were already reaching for the geopolitical calculator: perhaps we should punish… — Edi Rama (@ediramaal) August 13, 2026 Албанскиот премиер Еди Рама исто така зборуваше за сè на „X“ денес. „Мојот драг пријател Володимир Зеленски беше во Белград и рече дека Украина не го променила својот став и нема да го признае Косово. Не помина ниту еден час, а најгласните националисти во Тирана и Приштина веќе посегнаа по геополитичкиот калкулатор: можеби треба да ја казниме Украина, да престанеме да навиваме за слободните и да тагуваме за оние што ги бомбардираат. Најнеодговорните меѓу нив нè нападнаа затоа што не се откажавме од Украина. Некои дури и навиваа за Русија! Каква штета е да се изгуби од вид едноставната вистина дека слободата не функционира по принципот на враќање на парите. Спротивставувањето на агресивната војна и застапувањето за праведен мир не е сметка што ќе ја искинете кога жртвата на варварска агресија ќе ве разочара. Тоа не е услуга заменета за контрауслуга, туку прашање за тоа кој сте и за што се залагате во овој хаотичен свет. „Албанија е доволно зрела да прифати две вистини“ За среќа, Албанија не е ситна личност која пресметува кој што на кого му должи, туку Европа на Балканот, која го покажува патот со својата вера во слободата, демократијата и мирот и со моќта на сопствениот пример. Украина може да биде, и да не е во право кога станува збор за Косово. Но, нејзиното право на слобода останува неоспорно, а борбата за тоа право значи борба за Европа и за нас самите. Овие две вистини можат совршено да се вклопат во истата реченица. Албанија е доволно зрела да ги прифати обете и ќе го стори тоа“, рече Рама. Извор: Индекс.хрТагови: Володимир Зеленски Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧетврт век од Охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензииСо свечена седница во владата и пораки за стабилност, Македонија одбележува јубилејни 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Централната прослава продолжува вечерва на Камен мост со уметничко-музичка програма, токму таму е нашата Маја Стојановска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00