Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
Здравје„Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја годинаВо светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици.Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за антимикробната отпорност. Таа политичка декларација на ОН беше поддржана од земјите членки, како и од членките на Европската унија, и со тоа се обврзаа на конкретни процедури за решавање на антимикробната отпорност. Светската недела на свеста за АМР се одбележува од 18 до 24 ноември под слоганот „Биди и ти дел од промената!“, а граѓаните се поканети одговорно да ги користат антибиотиците. -Околу 35.000 луѓе умираат во Европската економска област. Доколку овој предизвик не се реши веднаш на вистински начин, тој број би можел да достигне загрижувачки 390.000 смртни случаи годишно во европскиот регион до 2050 година, се вели во соопштението. Наведено е дека АМР ја чини ЕУ повеќе од 11 милијарди евра годишно, а се проценува дека здравствените системи на глобално ниво ќе ги чини уште една милијарда долари годишно до 2050 година. Во Европа, како што се наведува, секоја петта бактериска инфекција е отпорна на антибиотици, додека во некои земји-членки оваа бројка е 40 проценти. Европската комисија, исто така, ја препозна сериозноста на антимикробната резистенција за здравјето на населението и во борбата против овој отпор ја вклучи својата најголема реформа на законодавството на ЕУ за лекови во последните 20 години. -Комисијата е за намалување на употребата на антибиотици и им препорачува на земјите-членки утврдување соодветни национални цели - намалување на потрошувачката на антибиотици во ЕУ за 20 отсто до 2030 година, се наведува во соопштението. Антибиотиците и антимикробните лекови, како што е објаснето, престануваат да делуваат поради прекумерна и неправилна употреба, бидејќи бактериите развиваат отпорност кон нив. Се додава дека овие лекови не треба да се користат во борбата против вирусните инфекции, бидејќи не се ефикасни, туку само против бактериски инфекции. Констатирано е дека имунизацијата е клучен начин за спречување на инфекции, проследена со одговорно однесување, хигиена, едукација и одговорно препишување и употреба на антимикробни лекови, како и управување со антимикробната резистенција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПалентаВо четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. палента 100 гр. кашкавал 50 гр. сирење 1 мала кисела павлака 20 гр. путер сол, бибер, сув зачин и свежо нане Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаГермански политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите. Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба. Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција. Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица. Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини. Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter